Православен Молитвеник

Pravoslaven Molitvenik

Table of Contents

Со молитвата треба да почнеме веднаш:

Еве, сега е време најдобро, еве сега е денот на спасението!

ЗА МОЛИТВАТА

Молитвата е нешто најсвето во нашево пос­тоење. Таа, пред сè, е природен закон. Како што водата испарува поради топлината и ка­ко водена пареа се крева нагоре, формира облаци и паѓа дожд, така и молитвата што му ја упатуваме на Бога никогаш не останува без плод. Кој се моли го добива тоа што го бара, се разбира, ако тоа му служи на вистинското добро на молителот. Затоа Светото писмо на повеќе места нè повикува и нè охрабрува за мо­литвата:

Повикај ме во денот на неволјата и Јас ќе те избавам и ти ќе ме прославиш (Пс. 49,15).

Штом го побарате Господа вашиот Бог, ќе го најдете, ако го побарате со сето срце и со сета душа; барајте и ќе ви се даде, барајте и ќе нај­дете, тропајте и ќе ви се отвори, зашто секој којшто сака добива,којштобаранаоѓаи на кој­што тропа му се отвора(Мт. 7,78).

Најпрвин барајте го царството Божјо и Не­говата правда и сè друго ќе ви се додаде (Мт. 6,33).

Ако посакате нешто во мое име, Јас ќе ви ис­полнам (Јн. 14,14).

Сè што ќе посакате во молитва, верувајте и ќе добиете, и ќе ви се оствари (Мк. 11,24). И т.н….

Молитвата не е само барање, туку таа е раз­говор со Бога, нашиот Создател, за сите наши маки, проблеми и дилеми, но и радости. Таа е, и благодарност, и славославење на Бога за сите добрини и милости кон нас. Светата Црква со сите свои свети тајни и дејствија, преку цела­та година, е една прекрасна и постојана мо­литва кон Бога.

На молитва треба да ѝ се пристапува, пред сè, со вера. Честопати ќе ни изгледадека Бог не ги слуша нашите молитви и не ни одговара, но најчесто во таквите случаи нешто не е во ред во нашиот пристап, молиме нешто што не е во склад со вистинската духовност и што не е за нас најдобро. Треба да го стекнеме ментали­тетот на зрелата духовна молитвеност, чиј основен став е: Нека биде волјата Твоја. На молитватa треба да ѝ пристапуваме и со сми­рение и чистота. Тоа би значело да не пристапуваме пред Бога како да сме оправдани или дека имаме право да стоиме пред Него, туку со голема понизност поради нашите сла­бости и грешности, да се чувствуваме недос­тојни и виновници. Не смееме да пристапу­ваме и непокајани поради нашите гревови, со омраза кон некого, со блудни дела и помисли итн.

Молитвата не му е мила на Бога, ако не е спо­собна да вклучи секое негово создание од приро­дата, а особено секој човек, без разлика на него­вата припадност. Треба да е способна да ги вклучи дури и непријателите.

Молитвата е убава насекаде. Посебно е убаво молењето во осаменост и во природата. Може човек да се моли од книга или со свои зборови. Најдобро е да се молиме во осаменост и додека се молиме да бидеме посветени само на мо­литвата и на Бога, според Господовите збо­рови: Влези во својата соба и затвори ја зад себе вратата и помоли се во тајност, и Твојот Отец што борави во тајност, ќе те награди јавно. Но може да се молиш и додека работиш. Чесното работење на своите задачи и стоење пред Богиво секој дел на денот може, исто така, да биде молитва. Се молиме и со восхи­тувањето на убавините што Бог ги распрскал насекаде во природата, со добрите и чисти де­ла, со молчење, дури и само со слушање, т.е. со очекување на Божјиот духовен шепот што ни говори во нашите срца и души.

Господ нè поучи да се молиме постојано, а апостолот истото го повторува.

Со молитвата треба да почнеме веднаш:Еве се­га е време најдобро, еве сега е денот на спасени­ето!

Резултатите на молитвата се извонредни. Можно е, ако се молиме, дури тоа е неодмин­ливо, да нè допре Божјата милост, даја почув­ствуваме Божјата присутност и љубов. На тој начин ги спознаваме духовните и небес­ките вредности, духовното богатство за кое ни зборува нашиот Господ, кое не може да се спореди со матерјалните вредности. Ако ожи­вееме од Духот, постануваме живи стебла, за коишто зборуваше пророкот. Сме го спознале Бога и Онега Кого Тој го испратил, Исуса Хрис­та, а тоа значи, сме го нашле и сме го стекнале вечниот живот.

УТРИНСКИ МОЛИТВИ

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА ТРОИЦА

Слава Тебе, Боже наш, слава Тебе.

Цару Небесен, Утешителу, Духу на висти­на­та, Кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на добрини и делителу на жи­вотот, дојди и всели се во нас, и очисти нè од секаква нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши!

Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилуј нè! (Трипати)

Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин!

Пресвета Троица, помилуј нè. Господи, очисти ги нашите гревови. Владико, прос­ти ги нашите беззаконија. Свети, посети ги и исцели ги нашите слабости, заради Тво­ето име. Господи, помилуј! (Трипати)

Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на зем­јата; лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници; и невоведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот, зашто Твое е царството, и сила­та, и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Помилуј нè, Господи, помилуј нè, зашто ние грешните немаме никакво друго оправдување. Ти ја пренесуваме оваа утрин­ска молитва како на Владар. Ние во Тебе се надеваме; не биди гневен на нас, туку со своето милосрдие погледни и избави нè од нашите непријатели, зашто Ти си Бог наш, а ние сме Твои луѓе, сите сме дело на Твоите раце и го повикуваме Твоето име, сега, секо­гаш и во вечни векови. Амин.

Благословена Богородице отвори ни ги вратите на милосрдието, за да нè пропад­неме ние коишто се надеваме на Тебе, но со Тебе да се избавиме преку тебе од беди, зашто Ти си спасение на родот христијан­ски.

Благословено да си Пресвето и неразде­ливо Тројство! Те славиме зашто постапуваш со нас по своето милосрдие. Господи, Ти си наш Господ! Колку е убаво Твоето име по целата земја! Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, и секогаш, и во вечни векови! Амин.

Те сакам, Творецу мој, зашто ме сочува оваа ноќ; Тебе Ти ја посветувам својата работа, душата и телото Ти ги предавам. Ти благодарам за сите добрини, особено што оваа ноќ ме чуваше со милост. Нека денешниов ден биде сè во Твоја чест и слава, сè што ќе мислам и зборувам, сè што ќе рабо­там и страдам!

Откако станавме од сон, Ти се поклону­ваме, Благи; ангелската песна Ти ја пееме, Силен: Свет, свет, свет си, Боже, по мо­литвите на Богородица, смилуј се на нас.

Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух; од постела и од сон ме дигна, Господи. Про­свети го мојот ум и срцето, и отвори ми ја устата, па да Те воспевам, Света Троице: Свет, свет, свет си, Боже, по молит­вите на Богородица, помилуј нè.

И сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Ненадејно ќе дојде Судијата и делата на секо­го ќе се откријат, но со страв на полноќ ви­каме: Свет, свет, свет си, Боже, по мо­литвите на Богородица, помилуј нè!.

Откако станав од сон, Ти благодарам, Света Троице, зашто поради Твојата голема добрина не се разгневи на мене мрзливиот и грешниот, ниту ме погуби заради моите без­законија, но се покажа, како и обично, човекољубив, и кога лежев без надеж, ме крена за да станам рано и да ја прославам Твојата сила. И сега просвети ми ги моите духовни очи, отвори ми ја устата, за да се поучувам со Твоите зборови, да ги раз­бирам Твоите заповеди, да ја извршувам Твојата волја, да Ти пеам со искрена пофал­ба и да го прославам Твоето пресвето име – на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, се­когаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВИ КОН ГОСПОДА

(од свети Макариј Велики)

1

Боже, очисти ме мене грешниот, зашто никогаш не сум направил добро пред Тебе, избави ме од лукавиот; да биде во мене Тво­јата волја, та неосудено да ја отворам мојата нечиста уста и да го восфалам Твоето свето име, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

2

Од сон станав, Спасителу, и Ти принесу­вам полноќна песна; поклонувајќи се пред Тебе, извикувам: Не давај мида заспијам во гревовна смрт. Ти, Кој доброволно беше распнат на крстот, крени ме мене што лежам во мрзеливост, побрзај да ме спасиш во бдение и молитва, за да стојам пред Тебе и да Ти се молам. А по ноќниот сон, дај да изгрее во мене безгрешен ден, Христе Боже, и спаси ме!

3

Човекољубив Владико, станав од сон и брзам да дојдам при Тебе и по Твојата милост се трудам да ги извршувам Твоите дела. Ти се молам, помагај ми во секое време и во секоја работа; избави ме од секакво свет­ско зло и од ѓаволски иску­шенија. Спаси ме и воведи ме во Твоето вечно царство, зашто Ти си мојот Создател, Промислител и Дарител на секакво добро. Во Тебе е сета моја надеж, Тебе Те прос­лавувам сега, се­когаш и во вечни векови. Амин.

4

Господи, со Твојата голема добрина и милост Ти ми помогна мене, на Твојот слуга, да ја поминам оваа ноќ без опасност од секакво непријателско зло. Ти, Владико и Создателу, удостој ме со Твојата вис­тинска светлина, та со просветено срце да ја извршувам Твојата света волја, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА

(од свети Василиј Велики)

Господи, Седржителу, Боже на силите и на секое тело, Ти живееш во висините и мило­срдно погледнуваш на нас смртните. Ти ги испитуваш срцата и јасно ги знаеш човечките тајни. Ти си беспочетна и вечна светлина, во која нема промена или сенка од измена. Бесмртен Царе, прими ги нашите молитви, што, надевајќи се на Твоето милосрдие, Ти ги принесуваме од нашите нечисти усти. Прости ни ги прегрешенијата што сме ги на­правиле со дела, зборови имисли, свесно или несвесно. Очисти нè од секаква нечисто­тија на телото и духот. Ние, кои го чекаме доаѓањето на светлиот и славен ден на Твојот Единороден Син, Господ и Бог наш Исус Христос, кога ќе дојде во слава, како Судија на сите, за да даде секому според не­говите дела; дај ни со бодро срце и трезвена мисла да ја поминеме ноќта на сегашниот живот. Да не бидеме безгрижни и мрзливи, туку да бидеме бодри и работливи, за да нè најдеш подготвени, за да влеземе во радоста на божественото живеалиште на Твојата слава, кајшто не престанува гласот на оние што празнуваат и неискажлива е радоста на оние што ја гледаат бескрајната убавина на Твоето лице, зашто Ти си вистинската светлина што го просветува и осветува целиот свет, Тебе Те прославува секое создание во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА

Те благословуваме, вишен Боже и милостив Господе, Ти што секогаш правиш со нас големи и неискажливи безброј славни и необични дела. Ти ни даваш сон за успокојување на нашата немоќ и за одмор на нашето преморено тело. Ти благодариме што не си нè погубил поради нашите беззаконија, но се покажа, како и секогаш, човекољубив. Нè крена нас, кои безнадежно лежевме, за да ја прославуваме Твојата сила. Затоа се мо­лиме на Твојата бескрајна добрина да ни ги отвориш духовните очи и да го разбудиш нашиот ум од длабокиот сон на мрзливоста. Отвори ја нашата уста и исполни ја со по­фалби за Тебе, та да можеме смело да Ти пееме и да Те прославуваме Тебе, Кој си во сè и од сите прославуван Бог и беспочетен Отец, со Твојот Единороден Син и сесветиот, благиот и животворниот Твој Дух, сега, се­когаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Ја воспевам Твојата милост, Богородице, Ти се молам да го просветиш мојот ум. Научи ме да одам право по патот на Христовите заповеди. Окрепи ме за да бидам силен во песната што го прогонува сонот на очајанието. Со Твоите молитви, Богоневесто, одврзи ме од синџирите на гневот. Чувај ме дење и ноќе, прогонувајќи ги непријателите што ме напаѓаат. Ти, Која си Го родила Дарителот на животот, оживи ме мене, умртвениот од страстите. Ти, Која си ја ро­дила светлината што не заоѓа, просвети ја мојата ослепена душа. О, пречудна Палато на Господа, направи ме да бидам дом на божествениот Дух! Ти, Која си Го родила Лекарот, излекувај ги многугодишните страсти на мојата душа. Јас сум понесен од брановите на животната бура. Ти се молам, Мајко Божја, да ме насочиш кон патот на по­кајанието. Избави ме од вечниот оган и од лошиот пеколен црвец. Не дозволувај да станам радост на бесовите, зашто сум вино­вен за многу гревови. О, Пречиста Мајко, об­нови ме мене пропаднатиот, поради моите безбројни гревови! Помогни ми и моли Го Господарот на сите да отстрани од мене секаква мака. Удостој ме да ја добијам небеската радост со сите светии, Пресвета Дево, послушај го гласот на Твојот недо­стоен слуга. Давај ми, Пречиста Дево, поток од солзи и измиј ја нечистотијата од мојата душа. Непрекидно Ти принесувам срдечни воздишки – биди милостива, Владичице! Прими ја мојата молитва и принеси ја на милосрдниот Бог. Ти, повисока од ангелите, помогни ми да се издигнам над светските работи. Светоносна небеска Сенице, осени ме со духовна благодат. Кревам раце, Пречиста, и ги отворам моите осквернавени усти, за да Те прославам. Избави ме од душепогубни беди и моли Го сесрдно Христа, Кому припаѓа чест и поклонување, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА

Многумилостив Боже мој, Господи Исусе Христе, Ти слезе од небото и се овоплоти за да нè спасиш сите. Ти се молам, Спасителу, спаси ме со благодатта, зашто ако ме спасуваш поради делата, тоа не е благодат и дар, тукуповеќе еод долг. О, премилостив Христе, Ти си рекол: Кој верува во Мене ќе биде жив и нема да види смрт во векови. Ако верата воТебе ги спасува очајаните, ете, јас верувам – спаси ме, зашто Ти си мој Бог и Создател. Прими ја мојата вера место дела, зашто, Боже мој,не ќе најдеш дела во мене што ќе ме оправдаат. Но, верата моја да биде достатна за сè: таа да ме заштити,таа да ме оправда, таа да ме направи учесник на Твојата вечна слава. Слово Божјо, да не ме грабне нечестивиот и да се пофали дека ме украл од Твојата рака и од Твојата ограда. Сакал јас или не сакал, Христе, Спасителу мој, спаси ме, побрзај, загинувам. Ти си Бог мој уште од утробата на мојата мајка. Удостој ме, Господи, да Те засакам сега како што не­когаш го засакав самиот грев и пак да отпочнам да Ти служам сесрдно, без мрзли­вост, Тебе, на мојот Господ и Бог Исус Хрис­тос, во сите дни на мојот живот, секогаш и во сите векови. Амин.

Од ноќ подранува мојот дух кон Тебе, Боже, зашто Твоите повелби се светлина. Научи нè, Боже, на Твојата правда и на Твоите заповеди. Просвети ги нашите духовни очи, за да не заспиеме во гревовна смрт. Изгони секаков мрак од нашите срца. Озари нè со сонцето на Твојата правда и со печатот на Твојот Свет Дух, запази ги чисти нашите души. Упати ги нашите стапки по патот на мирот. Да дочекаме ново утро и нов ден во радости да Те прославиме со утринските молитви, зашто Твое е царството, силата и славата на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН АНГЕЛОТ ЧУВАР

Ангелу свет, ти ја просветуваш мојата несреќна душа, ти се молам, не отстапувај од мене поради мојата невоздржливост. Не доз­волувај му на лукавиот демон да владее над мене. Закрепи ја мојата слаба рака и упатувај ја кон спасение. О, свети ангелу Божји, чувару и покровителу на мојата несреќна душа и на моето грешно тело, прости ми сè со што сум те нажалил во сите денови на мо­јот живот. Ако сум згрешил во изминатата ноќ, закрилувај ме во денешниов ден и запа­зувај ме од секакво ѓаволско искушение, та со никаков грев да не Го разгневам Бога. Моли се за мене на Господа да ме утврди во страв пред Него и да ме направи достоен слуга на Својата благост. Амин.

МОЛИТВА КОН СВЕТИТЕЛОТ ШТО ГО СЛАВИШ ИЛИ ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИШ

Свети Божји угодниче (името на светителот), моли го Бога за мене; јас сесрдно брзам кон Тебе, зашто ти си помошник и молител на мојата душа.

ПОФАЛНА ПЕСНА НА СВЕТА БОГОРОДИЦА

Богородице Дево, радувај се, благодатна Марие, Господ е со Тебе! Благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот на Твојата утроба, зашто Ти си Го родила Спа­сителот на нашите души.

ТРОПАР НА ЧЕСНИОТ КРСТ

Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и бла­гослови го Твоето наследство; победи на сите православни христијани наши, над противниците дарувај им, пазејќи го со Твојот Крст, Твоето жителство.

МОЛИТВИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ

МОЛИТВА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СЕКОЈА РАБОТА

Господи Исусе Христе, Сине Единороден на беспочетниот Твој Отец, Ти си рекол со Твојата пречиста уста: Без Мене не можете да правите ништо. Господи мој, со вера го примам ова што си го рекол. Ти се молам, помогни ми започнатото дело успешно да го завршам, во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин.

МОЛИТВА ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СЕКОЈА РАБОТА

Христе мој, Ти си исполнување на сите мои желби, исполни ја со радост и веселба мојата душа и спаси ме, зашто си многу­милостив.

МОЛИТВА ПРЕД РУЧЕК

Господи Исусе Христе, Боже наш, бла­гослови ни го јадењето и пиењето нам, на Твоите чеда и умножи го во овој дом по мо­литвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите Твои светии. Амин.

МОЛИТВА ПО РУЧЕКОТ

Ти благодариме, Христе, Боже наш, што нè насити со Твоите земни блага. Не лишувај нè од Твоето небеско царство, но како што си дошол меѓу Твоите ученици, давајќи им го Твојот мир, така дојди и кај нас и спаси нè.

МОЛИТВА ПРЕД ВЕЧЕРА

Ќе јадат сиромасите и ќе се наситат, и ќе го прослават Господа оние што го бараат, нивните срца ќе живеат во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ПО ВЕЧЕРАТА

Господи, Ти нè развесели со Твоите созданија; се радуваме на делата од Твоите раце. Господи, се покажа светлината на Твоето лице и на нас; Ти го развесели моето срце повеќе отколку што ќе се развеселеше од пченица, вино и елеј. Во мир ќе заспијам и ќе се успокојам, зашто Ти си со мене, Го­споди, моја единствена надеж.

МОЛИТВА ПРЕД УЧЕЊЕ

Преблаг Господи, испрати ја благодатта на Твојот Свет Дух што ги просветува и окре­пуванашите душевни сили: да внимаваме што ни се предава, та да бидеме радост на нашите родители, да бидеме од полза на нашата Татковина и на Светата Црква. Амин.

МОЛИТВА ПО УЧЕЊЕ

Ти благодариме, Создателу, што нè удос тои со Твојата милост да можеме внимателно да ја слушаме науката што ни се предава. Спаси ги и помилуј ги нашите старешини, родители и учители, кои нè водат кон позна­вање на вистината, а нам дарувај ни сила да можеме да го продолжиме полезнотоучење.

МОЛИТВА ЗА СЕКОЈА ПРОЗБА

Господи, Боже наш, Ти се молиме, послушај го гласот на нашава молитва. По­милуј нè нас, Твоите чеда, со својата благо­дат и милост и исполни ни ги сите прозби, прости ни ги сите намерни и ненамерни согрешенија. Нашите молитви и милостини нека Ти бидат благопријатни пред престолот на Твоето владичество. Закрилувај нè од сите видливи и невидливи непријатели, од секоја напаст, неволја и тага. Избави нè од болести и дарувај ни здравје со долгоденствие.

Човекољубив Владико, погледни со Твоето милостиво око на нас, Твоите чеда, послушајгинашитемолби што Ти ги прине суваме со вера, бидејќи сам Си рекол: Сè што ќе побарате со молитва, верувајтедека ќе го добиете и ќе ви биде, и уште: Барајте и ќе ви се даде. Поради ова и ние, иако недостојни, надевајќи се на Твојата милост, молиме: Помогни ни со Твојата благост и исполни ни ги нашите добри желби, запази ни ги сите дни во мир и тишина, во здравје и долгоденствие.

МОЛИТВА ЗА СЕКОЕ ВРЕМЕ И СЕКОЈ ЧАС

Христе Боже, Којшто во секое време и се­кој час си почитуван и прославуван на небото и на земјава, Којшто си долготрпелив и многумилостив и добросрдечен, Којшто ги љубиш праведните, а грешните ги милуваш, Којшто сите ги викаш на спасение поради ветувањето на идните блага, сам, Господи, прими ги нашиве сегашни молитви, исправи ни го животот според Твоите заповеди, ос­вети ги нашите души, очисти ги нашите тела, исправи ги нашите помисли и очисти ги нашите мисли и избави нè од секоја тага, злоба и болести; огради нè со Твоите свети ангели, па, запазени и поучувани од нивната заштита, да поживееме во единство на верата и да ја запознаеме Твојата недостапна слава, зашто си благословен во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА

Просвети ме добри Исусе, со сјајот на вна­трешното светло и истерај ја од собата на моето срце секоја темнина. Скроти ги многуте престапи и отклони ги силните на­пасти. Бори се одлично за мене и истерај ги дивите ѕверови, т.е. замамните пожуди; за да бидам мирен во Твојата добродетел и да одекне изобилна благодарност кон Тебе во светиот двор, т.е. во чистата совест. Заповедај им на ветриштата и бурите, речи му на морето: Смири се! И на северниот ветар: Не дувај! и ќе настане голема тишина. Ис­прати го Твоето светло и вистина (Пс. 42,3) да светат на земјата, зашто јас сум земја пуста и празна додека Ти не ме просветлиш. Излиј ја одгоре Твојата милост, накваси го моето срце со роса, пушти ја водата на побожноста да го накваси лицето на земјата и да даде обилен и најдобар плод. Подигни го духот, притиснат од тежината на гревот, и насочи ги сите мои желби кон небеските работи. Та откако ќе вкуси од милината на небеската среќа, да замрзи да мисли на зем­ното. Зграби ме и оттргни ме од секоја мин­лива утеха и било кое создание, зашто ништо создадено не е во состојба потполно да го задоволи мојот копнеж и да ме утеши. Приврзиме за себе со неразврзливата врска на љубовта, зашто Ти единствено си доволен на оној којшто љуби, а без Тебе сè е безвредно.

2

Господи, Боже, дај ми Ти што сакаш, колку сакаш и кога сакаш. Прави со мене како што Ти се допаѓа, но така да можеме да Те препознаеме во Твоето дело. Постави ме кајшто сакаш и постапувај со мене според Својата драга волја. Во Твојата рака сум. Прави со мене што сакаш. Твој сумслуга, на сè сум спремен. Не сакам да живеам за себе, туку за Тебе и тоа потполно и достојно на Тебе.

СЕКОЈДНЕВНА МОЛИТВА

(од старецот Партение)

Господи, Исусе Христе, Сине Божји, не допуштај суетата, самољубието, сетивноста, неработата, гневот да господарат со мене и да ме оттргнуваат од Твојата љубов. О, мој Господи, Создателу мој, не оставај ме без удел во блажената вечност! Направи да го следамТвојот свет пример и да бидам поко­рен на властите поставени над мене. Дарувај ми ја онаа чистота на духот, онаа едностав­ност на срцето коишто нè прават достојни на Твојата љубов! Кон Тебе, о мој Боже, ја вознесувам мојата душа и срце, не допуштај да пропадне Твоето создание, туку избави ме од единственото и најго­лемото зло – гревот! Направи, Господи, со такво трпение да ги поднесувам душевните немири и жалости, со каква што радост ги примам задоволствата на срцето. Ако сакаш, Господи, Ти можеш да ме очистиш и ос­ветиш. Се предавам на Твојата доброта и Те молам да истераш од мене сè противно и да ме приклучиш на мноштвото Твои избраници. Господи, земи ја од мене празнотијата на духот, што го убива времето, суетата на мислите, која се меша во Твоето присуство и го расплинува вниманието при мојата молитва. Ако се оддалечам од Тебе со своите помисли, помогни ми мојата растре­сеност да не биде самоволна и одвраќајќи го умот, да не го одвраќам и срцето. Ти ги ис­поведувам Тебе, на својот Бог, сите гревови на моето беззаконие, сега и порано кон Тебе направени. Прости ми ги поради Твоето свето име и спаси ја мојата душа што си ја откупил со Твојата драгоцена Крв. Се врачувам себе си на Твоето милосрдие, се предавам на Твојата волја, постапувај со мене спрема Својата добрина, а не спрема мојата злоба и беззаконие. Научи ме, Го­споди, да управувам со своите дела така што тие да помагаат во прославувањето на Твоето свето име. Смилувај се, Господи, на сите христијани, услиши ги желбите на сите коишто викаат кон Тебе, избави ги од секое зло, спаси ги своите слуги (ими­њата), испрати им радост, утеха во невол­јите и Својата света милост! Господи, Ти се молам особено за оние коишто на било кој начин ме увредиле, ожлостиле или ми скривиле, или ми направиле било какво лошо: не казнувај ги поради мене грешниот, туку излиј ја врз нив Својата благост! Го­споди, Ти се молам за сите оние коишто, јас грешниот, сум ги ожалостил, увредил или соблазнал, со збор, дело, помисла свесно или несвесно. Господи Боже, отпушти ни ги нашите гревови и нашите взаемни нажалостувања! Истерај, Господи, од нашите срца, секое негодување, гнев, злопамтење, кавга и сè она што може да пречи на љубовта и да го намали братољубието. Помилуј ги, Господи, тие коишто ме замолиле да се мо­лам за нив, јас грешниот и недостојниот. По­милуј го, Господи, секого којшто ја бара Твојата помош! Господи, направи го овој ден ден на Твоето милосрдие, дај му на секого спрема неговата молба, биди Пастир на за­блудените, Водач и Светлост на неверните, Учител на нерасудните, Татко на сиро­машните, Помошник на угнетените, Лекар на болните, Утешител на тие коишто умираат, и сите нас приведи нè до саканиот крај, при Тебе, пристаништето наше и блаженото упокоение. Амин.

ВЕЧЕРНИ МОЛИТВИ

ВОВЕДНА МОЛИТВА

Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помолитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши и на сите светии, помилуј нè. Амин.

Слава Ти, Боже наш, слава Ти!

(Прочитај ја молитвата кон Пре­света Троица – Трисвето на стр. 10)

Помилуј нè, Господи, помилуј нè. Не наоѓаме никакво оправдување ние грешните, но како на Владика Ти ја принесуваме оваа молитва: Помилуј нè.

Слава Ти, Боже наш, слава Ти!

Господи, помилуј нè, на Тебе се надеваме. Не гневи се многу на нас и не спомнувај ги нашите беззаконија, туку и сега милостиво погледни и избави нè од нашите непри­јатели, зашто Ти си нашиот Бог, а ние сме Твои луѓе. Сите сме дело на Твоите раце и кон Тебе се обрнуваме, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

Благословена Богородице отвори ни ги вратите на милосрдието, за да нè пропаднеме ние коишто се надеваме на Тебе, но со Тебе да се избавиме преку тебе од беди, зашто Ти си спасение на родот христијански.

Господи помилуј! (Дванаесетпати)

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА

(од свети Макариј Велики)

Вечни Боже и Царе на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја, Господи, мојата несреќна душа од секаква телесна и духовна нечистотија. Дај ми, Господи, во оваа ноќ да имам спокоен сон, та кога ќе станам од мојата грешна постела, да му уго­дувам на Твоето пресвето име во сите дни на мојот живот и да ги победувам телесните и духовните непријатели што ме напаѓаат. Го­споди, избави ме од лоши помисли што ме осквернавуваат и од грешни желби, зашто Твое е царството, силата, и славата на Оте­цот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИВА КОН ГОСПОДА ИСУСА

(од свети Антиох)

Седржителу, Слово на Отецот, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не оддалечувај се од мене,Тво­јот слуга, но секогаш живеј во мене. Исусе, До­бар Пастиру на Твоето стадо, неоставај ме на ѓаволските искушенија, бидејќи во мене има семе на гревот. Господи Боже, Тебе Ти се поклонувам, Царе свети, Исусе Христе, чувај ме во сонот преку силата на Твојот Свет Дух, преку Кого си ги осветил Твоите ученици. Господи, дај ми го и мене, на Твојот слуга, Твоето спасение. Просвети го мојот ум со светлината на Твоето Евангелие, душата – со љубовта кон Твојот Крст, срцето – со чистотата на Твоето слово, телото мое – со Твоите големи страдања, мислата моја запази ја со Твоето смирение и крени ме нав­реме да Те славословам, зашто си Прославен со Беспочетниот Твој Отец и Пресветиот Твој Дух во вечни векови. Амин.

МОЛИТВИ КОН ПРЕСВЕТИОТ ДУХ

1

Господи, небесен Царе, Дух на вистината, смилувај се на мене и помилуј ме мене грешниот Твој слуга, прости ми, мене недостој­ниот, сè што сум Ти згрешил денес како човек, дури и полошо од човек – како животно. Прости ми ги моите волни и неволни, свесни и несвесни гревови што сум ги правел од младини и – од лоша навика, од бесчувственост и малодушност. Ако сум се колнел во името Твое, ако со мисла сум го похулил Твоето име, ако сум укорил или наклеветил и наскрбил некого, разгневил или за нешто сум се разлутил, ако сум изла­гал и ако сум спиел премногу, ако при мене дошол сиромав и сум го презрел, ако сум го нажалил братот, ако сум предизвикал кавга или ако некого сум осудил, ако сум се по­гордеал или разгневил, ако, за време на мо­литвата, мојот ум се свртел на лукави свет­ски мисли или сум мислел нешто развратно, ако сум се прејал, или сум се опил, или безу­мно сум се смеел, или сум помислил нешто лукаво, ако сум зборувал неприлични зборови, или сум се потсмевал на гревот на мојот брат, иако моите согрешенија се безбројни, ако не сум ја сакал молитвата или сум направил нешто лошо, за кое не можам да се сетам – а ете, сето тоа и дури нешто повеќе сум направил, Ти се молам, помилуј ме, Создателу и Владико мој, разреши ме, ослободи ме и прости ми како Благ и Човекољубив, та со мир да легнам, да заспи­јам и да се успокојам јас блудниот, грешниот и нераскајаниот да Ти се поклонам, да го воспевам и прославам Твоето пречисто име заедно со името на Отецот и Единородниот Син Негов, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

2

Душе Свет, живеј во мене. Не сакам ништо друго, освен да бидам со Тебе и спрема Тебе да живеам. Сакам да се дарувам, да се от­ворам и да бидам како на дланка пред Тебе. Делувај во мене така, да ми бидеш мој живот, биди околу мене, да ми бидеш мој свет. Оп­фатиме за да си бидам на себе си неважен и само Ти да останеш.

3

Дојди, Свети Душе! Создавај го и понатака светот. И нашето срце е свет на кого му треба Твојата создателска моќ; одново создавај го тоа што еднаш си го направил. Составувај го тоа што се распаѓа, буди го тоа што е не­плодно, подмладувај го старото. Дај ни очи да го гледаме светлото, создаденото и не­создаденото. Дај ни сила да донесеме род и да се радуваме со телото и со душата.

Омекнувај ги камените особини. Се здрву­ваме од страв, оживи нè. На очајните дај им сила, на нејаките јачина, на должниците опростување, вера на оние кои ја бараат. На немите дај им зборови; зборови на љубовта на оние коишто љубат, збор на благодарноста на благодарните, збор вистинит на тие што ја бараат вистината. Зборна доверба на недоверните, збор на пофалба на тие што не знаат како да Те прославуваат, Боже мој.

Оживувај ги мртвите; немоќните да се по­дигнат, паднатите да се исправат, куците да проодат, загубените да го најдат патот којшто Ти го покажуваш. Дај им да ја видат целта, тие коишто не ја наоѓаат смислата. Дојди Свети Душе.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА

Што да Ти принесам и како да Ти благода­рам, штедар Дарителу, Цару бесмртен и човекољубив Господè Јас сум мрзлив да ја извршам Твојата волја; ништо добро не сум направил, а Ти ме доведе до крајот на денешниов ден, промислувајќи за обраќањето и спасението на мојата душа. Биди милостив кон мене грешниот и, макар што сум лишен од секакво добро, издигни ја мојата падната душа, осквернавена од безбројни согрешенија. Изгони од мене секаква лукава мисла за земен живот, прости ми ги, единствен безгрешен Боже, согрешенијата што ги направив денес, свесно или несвесно, со зборови, дела, помисли и со сите мои чувства. Закрилувај ме и варди ме од секаков непријателски напад со Твојата божествена сила и со неискажливото човекољубие. Очисти ме, Боже, очисти ме од многу­бројните гревови. Благоволи, Господи, да ме избавиш од мрежата на лукавиот, спаси ја мојата страдна душа кога ќе дојдеш во слава, осени ме со светлината на Твоето лице. Сега дај ми да заспијам неосудено и без мечтателен занес, зачувај ја незаблудена мислата на Твојот слуга, изгони го од мене секое сатанско дејство, просвети ги разум­ните очи на моето срце, за да не заспијам во смртен сон. Испрати ми го ангелот на мирот, пазителот и учителот на мојата душа и на моето тело да ме избави од непријателите, да станам од постела и да Ти принесам благо­дарствени молитви. Откако ќе станам од сон, дај ми да се поучувам од Твоето слово и преку Твоите ангели прогонувај ја од мене малодушноста, која доаѓа од бесовите, та да го благословувам и прославувам Твоето свето име, да ја славам Пречистата Богоро­дица Марија, Која е застапница за нас грешниците. Послушај ја Неа, Таа се моли за нас, знам дека е човекољубива како и Ти и не престанува да се моли за нас. Со нејзина помош, со знакот на чесниот Крст и поради молитвите на сите Твои светии, сочувај ја мојата бедна душа, Исусе Христе, Боже наш, зашто си свет и прославуван во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА

Господи, Боже наш, како Благ и Човекољубив, прости ми сè што згрешив денес со зборови, дела и помисли. Дај ми мирен испокоен сон, испрати ми го Твојот ангел чувар да ме закрилува и чува од секакво зло, зашто Ти си чувар на душите и телата наши, Тебе Те славиме – Отецот, Си­нот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА

(од свети Јован Златоуст)

Господи, не лишувај ме од Твоите небески блага. Господи, избави ме од вечните маки. Господи, ако сум згрешил со ум, со мисла или со дела, прости ми. Господи, избави ме од секакво незнаење и заборавност, малодушност и скаменета бесчувственост. Господи, избави ме од секакво искушение. Господи, просвети го моето срце помрачено од лоши желби. Господи, јас како човек, згрешив, а Ти, како милосрден Бог, гледајќи ја слабоста на мојата душа, помилуј ме. Го­споди, испрати ми ја на помош Својата бла­годат, за да го прославам Твоето свето име. Господи Исусе Христе, запиши ме мене, Твојот слуга, во Книгата на животот и дарувај ми добар крај. Господи, Боже мој, иако не сум направил никакво добро пред Тебе, по Твојата милост, дај ми да направам добар почеток. Господи, ороси го моето срце со росата на Твојата благодат. Господи на небото и на земјата, спомни си во Твоето царство за мене грешниот, бесрамниот и нечистиот Твој слуга.

Господи, прими го моето покајание. Го­споди, не изоставај ме. Господи, неоставај меда паднам. Господи, дај ми да мислам до­бро. Господи, дај ми солзи, скрушеност и да си спомнувам за смртта. Господи, дај ми да мислам за исповедување на моите гревови. Господи, дај ми смирение, целомудреност и послушност. Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост. Господи, насади го во мене коренот на добродетелите; стравот Твој – во моето срце. Господи, удостој ме да Те сакам со сета моја душа и помисла и во сè да ја извршувам Твојата света волја. Господи, закрилувај ме од лоши луѓе, од бесови и страсти и од секаква друга неприлична работа. Господи, Ти правишсè што сакаш, нека биде Твојата волја и во мене грешниот, зашто си благословен во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА

Господи Исусе Христе, Сине Божји, заради молитвата на Твојата Пречиста Мајка и по молитвите на Твоите бестелесни ан­гели, на Твојот пророк, претеча и крстител, на пророците, апостолите, светителите, мачениците, преподобните и богоносни отци и сите светии, избави ме од сегашното мое бесовско притеснение. О, Господе мој иСоздателу, Ти не ја сакаш смртта на грешникот, туку сакаш да се врати и да биде жив; дај ми и на мене грешниот, недостојниот и несреќниот да се обратам. Истргни ме од устата на сатаната, кој сака да ме голтне и жив да ме вовлече во пеколот. О, Господе мој, Утехо моја! Ти, поради мене несреќниот, се облече во гнилежно тело, избави ме од оваа тешка положба и утеши ја мојата душа. На­сади во моето срце волја, за да ги исполнувам Твоите заповеди, да ги оставам лошите дела и да ги добијам Твоите блаженства. На Тебе, Господи, се надевам, спаси ме.

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Блага Мајко на преблагиот Цар, Пречиста и Благословена Богородице Маријо, излиј ја врз мојата страдална душа милоста на Твојот Син и наш Бог. Со Твоите молитви води ме кон добри дела, за останатото време од мојот живот да го поминам без грев и преку Тебе, Богородице Дево, единственачиста и благословена, да го најдам рајот.

МОЛИТВА КОН АНГЕЛОТ ЧУВАР

Ангеле Христов, ти си мој свет чувар и покровител на мојата душа и моето срце, прости ми сè што сум згрешил денеска и из­бави ме од секакво лукавство на непријателот што ме гони, та со никаков грев да не Го раз­гневам мојот Бог. Моли се за мене грешниот слуга и направи ме достоен за благоста и милоста на Пресветата Троица, на Мајката – кон мојот Господ Исус Христос и на сите светии. Амин.

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Откако се избавивме од беди, ние, Твоите слуги, Ти пееме победни песни на Тебе, Богородице. Ти имаш непобедлива сила, из­бави нè од секакви опасности, та велегласно да Ти пееме: Радувај се, Невесто не­невесна!

Преславна вечна Дево, Мајко на Христа Бога, принеси ја нашата молитва на Твојот Син и Бог наш, за да ги спаси преку Тебенашите души.

Сета надеж ја полагаме на Тебе, Мајко Божја, земи нè под Твоја закрила.

Богородице Дево, не отфрлај ме мене грешниот, ја барам Твојата помош и Твојата закрила. На Тебе се надева мојата душа, по­милуј ме.

Мојата надеж е Отецот, мое засолниште – Синот, а покрив ми е Светиот Дух. Света Троице, слава Ти.

Огради ме, Господи, со силата на чесниот и животворен Крст варди ме од секакво зло.

МОЛИТВА ПРЕД ЗАСПИВАЊЕ

Во Твоите раце, Господи, Исусе Христе, го предавам својот Дух. Благослови ме, помилуј ме и дарувај ми вечен живот. Амин.

МОЛИТВИ ЗА РАЗНИ ПОТРЕБИ

МОЛИТВА ПРИ ВЛЕГУВАЊЕ ВО ХРАМ

Се зарадував кога ми рекоа: Да појдеме во домот на Господа. Господи, по Твојата го­лема милост ќе влезам во домот Твој и ќе се поклонам пред Тебе со страв во Твојот свет храм. Господи, води ме кон Твојата правда, направи го мојот пат пред Тебе прав заради моите непријатели, та без пречки да Те прославувам Тебе, единствено Божество – Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, се­когаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ПО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ХРАМ

Ти се поклонувам Тебе, мојот Господ Бог, Кој си присутен со Твојата благодат во Тво­јот свет храм, особено во пречистите и живо­творни тајни. Пред Тебе, вистинскиот Хрис­тос, Спасителот мој, ги приклонувам коле­ната на моето срце. Се поклонувам на Твојата Пречиста Мајка, Владичица и Дева Марија Богородица, помошница, единствена надеж на моето спасение. Го почитувам светиот ан­гел, служителот Твој, кој секогаш го чува Твојот божествен олтар, со љубов ги целивам сите Твои светии прет­ставени на иконите. Ти се молам, Владико мој благ, послушај го молитвениот глас за сите умрени што го посетувале овој свет храм и се молеле во него, спомни ги во Твоето небесно царство, прости им ги пре­грешенијата, зашто си благ и милостив во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ДЕН

Ти благодарам, Господи Исусе Христе, Боже мој, што ме удостои да се вратам здрав и неповреден од работа, та со бодро и благо­дарно срце да Ти пеам и да Те славам. Ти, божествениот Работник, не сметаше дека трудот унижува, туку со Твоите пречисти раце трудот го освети. Дај да се одморам од работата, со која ја исполнив Твојата волја. Пресвети Владико, Ти си рекол: Мојот Отец досега работи, и Јас работам. Со ова си ни оставил заповед усрдно и послушно да се трудиме во Твое име. Ти благодарам уште, премилостив Боже, затоа што ми даде сили, трпение и желба за работа, што не позво­ли да се вгнезди во мене мрзливоста, незадоволството и негодувањето, ами милостиво ме награди со радостод работата и ме исполни со признателност кон Тебе за Твојата постојана помош. И сега, кога Ти принесувам благо­дарствена песна, Ти се молам и во останатото време од мојот живот да ми бидеш крепок помошник во секое добро и на Тебе угодно дело, та и во вечноста да ја добијам награ­дата, приготвена за сите што се труделе во Твое име. Амин.

Милосрден Господи и Владико на мојот живот, Ти си рекол: Дојдете при Мене сите изморени и оптоварени Јас ќе ве успокојам. Ете, доаѓам при Твојата благост и моето срце го прислонувам под Твоето меко крило, дарувај им мир на мојата душа и на моето тело, изморени од тешката дневна работа. Да се одмори моето срце, мојата душа да се успокои во Тебе, мојот Господ и Спа­сител, за да ја видам и јас, недостојниот Твој слуга, вечната светлина на Твојата вистина и да го прославувам секогаш Твоето пресвето име, името на мојот Благ Господ и Закрил­ник. Амин.

Молитва пред одење на училиште

Милостив Боже, Ти си вечната премудрост и изворот на духовната светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на ТвојотСветДух,зада се просвети мојот ум и моето срце и да биде отстранета од мене секаква духовна мрзливост. Со Твојата бла­годатна помош полесно ќе го усвојувам пол­езното знаење, ќе го разбирам учењето што ни се предава, ќе бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности. Нека мојата душа биде секогаш отворена за добрата наука и за вистинското знаење. Со нив да го збогатам мојот ум, да го облагородам моето срце, да Те познавам Тебе – вистинската Мудрост и Добрина, и да им послужам на блиските и на народот мој. Амин.

МОЛИТВА ЗА ПОДОБАР ХРИСТИЈАНСКИ ЖИВОТ

Господи, Господи, сило на моето спасение! Сврти си го лицето од моите гревови, избриши ги моите беззаконија и помогни ми да се засили мојата вера во Тебе, Спасителот наш. Мојата љубов кон Тебе да ги надвиши сите природни сили и секаква земна привр­зност. Верувам, Господи, помогни му на моето неверие, пројавено во мисли, зборови и дела. Разврзи го мојот ум од врските на овој свет, за да мисли според законите на Твојот божествен разум. Ослободи го моето срце од товарот што лежи на негоиго притиска кон земното. Дајѝ крила на волјата моја, за да ја бара и извршува Твојата света волја. Води ги моите стапки конверата и љубовта, зашто несигурно одам и многу пречки има по патиштата на мојотживот. Ти си патот на спасението. НекаТвојата вечна светлина ја осветлува мојата душа, та да може во сите случаи на сомне­вање, колебливост, нерешителност, земенстрав или човечка суетност да Те наоѓа Тебе – Патот на вистинскиот живот. Чувај ме од секакво телесно мудрување, што е непри­јателство против Тебе, против Твојатавис­тина и волја. Не дозволувај да ме завладее мислата на земното. Ти знаеш што енужно за мојот земен живот. Не лишувај ме од тоа, туку помогни ми да го придобијам преку благословениот од Тебе труд. Закрилувај ме од лукавото мудрување на телото, кое го смета земното богатство за најголема вред­ност. Дај ми очи да го гледам живот, а не во лажна светлина и секогаш да паметам дека пред сè друго треба да го барамТвоето цар­ство и Твојата правда и дека сè друго ќе ми биде дадено. Господи, Твојата милост е до небесата, Твојата вистина – дооблаците, Твојата правда е како планините, а Твоите планови – голема бездна. Помогни ми да успе­вам во духовниот живот, душата моја секогаш да Те прославу ва Тебе, Господи на моето спасение. Амин.

МОЛИТВА ЗА ХРИСТИЈАНСКО СМИРЕНИЕ

Господи, Ти ги гледаш слабостите на моето срце, Ти знаеш колку често се предавам на ѓаволски искушенија и се ис­полнувам со гордост и надуеност. Мислам за себе повеќе отколку што е потребно, се гор­деам пред моите блиски и чекам да ме почитуваат повеќе отколку што заслужувам, а тоа го правам од самољубие. Со мисли, зборови и дела не ја барам Твојата слава, туку своето прославување пред луѓето, за­тоа, Господи на моето смирение, мојата душа е пуста и моето срце не наоѓа утеха. Ме гризе гордоста на себељубието, не ми дава спокој, ме унижува пред мене самиот, ми ги ра­сипува односите со блиските, ме води кон кавги, неразбирање и ми го расипува живо­тот. Како можам да зстанам пред Тебе или да направам нешто достојно за Твоето величие кога сум оптоварен со мисли и чувства спротивни на Тебе, Господи Велики, Ти ни даде пример на смирение и нè поучи да бидеме смирени по срце. Ти се понижи, прими образ на човек, за да го спасиш човекот. Твојот земен живот беше подвиг на смирение. Ти им ги изми нозете на Твоите ученици; Ти им послужи на сите и го даде својот животза спасение на човекот. Со смирение ги претрпе страданијата и крстот. Ни даде пример и поука за смирение: Поучете се одМене, зашто сум кроток и смирен и ќе најдете спокој на вашите души. Не сум достоен да Ти се обрнувам, Господи, не сум достоен да го носам Твоето свето име, ниту да ги подигам моите очи кон Тебе и да го споменувам Твојот свет знак. Мојата гордост и моето самољубие го оддалечуваат мојот дух од Тебе. Владико Човекољупче, смилувај се над мојата нераскајана душа, ослободи ме од смрдливата гордост, од огнот на надменоста, од црвецот на ’рѓата, од самољубието. Да најде мир мојата душа во согласност со Твој­от совршен и божествен дух. Дај ми сила да го победам овој спротивен дух што ме напаѓа и ме измачува, кој ме гони да се гордеам, за да заслужам осуда со него. Поведи ме кон смирение, смирението ќе ме утврди во љубовта кон Тебе, а љубовта ќе ја оправда мојата вера и верата ќе ме спаси. Во Твоето вечно царство направи ме учесник преку смирение. Издигни ме од слабости на сегашната духовна состојба, та сè што имам и сè што ќе имам – добра, чест,знаење, име, положба и сè друго во овој свет – да има вредност пред Тебе, Оценувачот на вистин­ското добро, и да ми послужи за изградување на Твоето царство во човечките души. Ако ми ја дадеш оваа голема милост, Учителу благ, чувај ме од погубно влијание за духовно предимство пред дру­гите, надари ме со смирението на митникот. Боже, биди милостив кон мене грешниот. Амин.

МОЛИТВА НА НОВА ГОДИНА

Владико, Господи, Боже наш, Ти си извор на животот и бесмртноста, Создател на сите видливи и невидливи созданија. Ти си ги ставил времињата и годините под Твоја власт, Ти владееш над сè. Милостиво прими ја оваа наша благодарност и молба од нас, Твоите недостојни чеда и добросрдечно по­милуј нè. Ти благодариме за сите добрини што си ги пројавил кон нас во изминатиот период од нашиот живот и Те молиме, пре­милостив Господи, преку Твојата благост и со благодатта на Твоето човекољубие бла­гослови ја годината што настапува. Отстрани од нас секаков Твој гнев поради нашите гревови. Не спомнувај ги, а прости им ги на сите Твои луѓе нивните безбројни пре­грешенија и сите волни и неволни гревови што сме ги направиле во изминатата година. Не казнувај нè поради нашите лоши дела, туку спомни си за нас со благост и милосрдие. Изгони ги од нас сите штетни за душата страсти и лоши навики и всади го во нас, во нашите срца, Твојот божествен страв, за да ги исполнуваме сите Твои заповеди. Во нашите срца обнови го Твојот вистински дух. Утврди нè во православната вера и помогни ни да успеваме во вршењето на добри дела. Прекрати ги сите ереси, секти и отста­пништва; утврди ги насекаде вистинската вера и благочестивиот живот. Поврати ги сите што отстапиле од вистинската вера и помогни им да ја познаат Твојата вистина, присоедини ги кон Твојата Света Пра­вославна Црква. Во оваа година чувај ја нашата Татковина, нашиот град и сиот Твој свет, од глад, од помор, од земјотрес, од потоп, од град, од меч, од напади на туѓинци, од војна, од смртоносни рани, болести, несреќи и тага. Изгони ги од нашата земја сите непријателства, безредија и меѓусебни борби. Дарувај ни мир, сила и нелицемерна љубов, уреден живот, здравје и успех во се­кое добро. Испрати ни дождови на време – рани и доцни, плодоносна роса, умерени и благовремени ветрови, животворна сончева топлина и земни плодови во изобилство. Милостив Боже, сочувај ја верата, закрепни ја нашата татковина, смири го светот, утеши ги нажалените, излекувај ги болните, крени ги паднатите, врати ги на патот на вистината и спасението сите заблудени. Помагај им на оние што се трудат, вразуми ги неразум­ните и закрилувај ги сираците и вдовиците. Удостој нè секогаш да Ти благодариме и да Те воспеваме, Тебе, беспочетниот Отец, со Твојот Единороден Син со Пресветиот,Бла­гиот и Животворен Твој Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА НА РОДЕНДЕН

Ти благодарам, вечен Боже, Создателу на секоја твар и на времето, што ме удостои со Твојата милост да доживеам до овој ден, со кој започнува Новата година на мојот живот. Срцето ми е исполнето со синовска благо­дарност кон Тебе за сè што си направил за мене недостојниот. Во Твоите раце е времето, Ти го даруваш на секое разумно создание по Твојата голема милост и по Твојата спа­соносна промисла. Но јас, Господи и Владико на мојот живот, многу често заборавам дека дарот на времето доаѓа од Тебе, за да ја извршувам Твојата волја во сите денови на мојот живот, да ја исполнам целта што си ми ја поставил како на човек, да дадам плодови на покајание и со страв да се удостојам за спасение. И овој дар, како и многу други Твои добри дарови, неразумно сум ги упропастил, предавајќи се на суетни грижи и задоволства што водат во пропаст, предавајќи се на мрзливост за извршување на доброто, за сè она што води кон спасение. Благодетелу мој, Твоето човекољубие ебез­гранично. Не лишувај ме од Твојата прего­лема добрина, продолжи ги деновите на мо­јот живот, сочувај ме здрав, моите трудови благослови ги со успех, дарувај ми сè што е нужно за задоволување на моите потреби, а пред сè, очисти ја мојата совест и поткрепу­вај го моето срце со вера во Тебе, та да одам по патот на спасението и кога ќе биде Тво­јата волја, да преминам од овој привремен живот во вечниот како наследник на Твоето царство. Господи, Ти си рекол: Ако некој не се роди одозгора, не може да го види Царството Божјо. На денешниов мој ро­денден по тело, Спасителу мој, Ти се молам да ги благословиш сите дни што ми останале и да ме удостоиш да бидам придружен кон родените одозгора со Твојот Свет и Божествен Дух. Амин.

МОЛИТВА НА ИМЕНДЕН

Господи, Боже мој, уште од детството почива врз мене Твојата добрина, зашто Ти ме удостои милостиво со Твоето свето крштавање, со кое ме очисти од првородниот грев и ме облече во облека на невиност, ме направи свое чедо и чесен член на Твојата Света Православна Црква. Ти ми го покажа патот на спасението, ме удостои со прего­лема чест да го носам пресветото име на Го­спода и Спасителот наш, Исус Христос. Ти благодарам од сè срце за ова, зашто сознавам дека со ништо не сум го заслужил тоа големо благоволение. Паѓам пред големината на Твојата бескрајна добрина со милозливо срце. Ти се молам – не дозволувај ми да се оддалечам од Тебе, да го помрачам Твојот образ во својата душа, да се вратам кон гревот што сум го отфрлил, та да му служам со мисли, зборови и дела на лошиот дух, кој сака да ме улови во својата стапица. Засили ја мојата вера, очисти ја мојата душа, за да бидам живеалиште на Твојот Пресвет Дух. Јас, недостојниот и слабиот, свесно ги повторувам ветувањата што при светото крштавање свесно ги дал место мене мојот кум. Се откажувам од богоспротивниот свет и ветувам дека ќе Ти служам во сите дни на мојот живот, ќе Те сакам повеќе од сè, повеќе од самиот себе. ќе ја чувам Твојата вистина и на Твојата Црква ќе ѝ бидам верен и предан до крајот на мојот земен живот. Тврдо сум решен да одам по овој пат, но Ти, небесен Оче мој, ја знаеш мојата слабост, ја гледаш мојата немоќ. Ти семолам, закрепи ја мо­јата волја и дај ми сила, за да го исполнам моето ветување што го правам смирено денес пред Тебе, та да можам да го прославам Твоето име – на Оте­цот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН СВЕТИТЕЛОТ ЧИЕ ИМЕ ГО НОСИМЕ

Свети (името), мој закрилник и заштиттник пред Бога во сите дни на мојот живот. Го носам Твоето име, но животот мој не е сообразен со Твојот свет живот, зашто многупати сум ја осквернавил мојата душа. Ти се молам, закрилувај ме, помагај ми, води ме со Твојата сила. Секогаш застапувај се за мене пред благиот Бог и моли Го да ми ја даде Својата благодат и да биде милостив кон мене, да ми помага да бидам сочуван од лоши мисли, желби и дела, мојот живот да биде светол и радосен како што прилега на секое Христово чедо. Не дозволувај да се до­ближи до мене никакво зло, поткрепувај ме кога сум слаб, биди ми покровител кога лоши сили ме напаѓаат, помагај ми во до­брото, засилувај ми ја верата и покажувај ми го патот на спасението. Само така срцето ќе биде поткрепувано и достојно ќе го носам Твоето име и името на мојот Спасител, Господ Исус Христос, а преку тоа ќе го прославам меѓу моите браќа и Отецот, Кој е на небесата.

МОЛИТВА ЗА БЛАГОСЛОВ НА ДОМОТ

Семилостив Боже, благослови го нашиот дом и Твојата силна рака да биде над сите што живеат во него. Испрати ни ангел чувар! Чувај нè од несреќи, земјотреси, оган, поплави, од болести, од непријателски на­пади и од секое зло. Не дозволувај во нашиот дом да влезе лукав и нечист дух, што сè осквернавува и ги расипува добрите взаемни односи, кој внесува непокорност и без­грижност кон Твојот свет закон, внесува раздори и кавги и ги одзема мирот и љубовта. Помогни ни да напредуваме во добродетелен живот и тврда вера, нашите души да се при­ближат со чист и светол живот до Тебе, та да дојдеш Ти, Господи, кај нас и да живееш во нашиот дом, да царуваш во него, во нашите души и срца – да владееш со нашите мисли, чувства и желби. Ослободи нè од непотребни грижи и освети ги нашите радости. Поткре­пувај нè кога сме слаби и тажни. Ако си со нас во тешките часови на тага и мака, на колебливост и исплашеност, тогаш нашите страданија и солзи се полесни, поподнос­ливи. Исцели ги нашите болки идушевни рани, зашто само Ти ги гледаш и само Ти можеш да ни помогнеш. Преблаг Го­споди, не оставај нè никогаш сами, за да не дојде кај нас непријателот на нашето спасение и да нè погуби.

МОЛИТВА ЗА МИР НА ДОМОТ

Боже на љубовта, Боже на мирот и дол­готрпението, помогни ни да живееме во овој дом секогаш во мир, во слога и љубов. Заси­лувај го нашето трпение, зашто Ти,Го­споди, си долготрпелив кон нас грешниците. Скротувај нè со благост кога сме гневни, не дозволувај му на злото да влезе длабоко во нас, да ги помрачи нашите души и да нè раздели. Ти сè опростуваш, помогни ни и нам да бидеме готови да простиме и да се смириме. Отстрани ги со Твојата силна дес­ница причините на неразбирањето и кавгите и всади го во нашите срца духот на кротоста и љубовта, за да бидеме чеда на семејство од Тебе благословено и да напредуваме во секакво добро за Твоја прослава, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин.

МОЛИТВА ЗА МИР ВО БРАКОТ

Господи Боже, Ти го освети нашиот брак за чистота. Ти нè благослови да живееме во мир, едномисленост, во чистота и во взаемна љубов, преку врските на мирот да бидеме едно тело. Но, Пречист Владико, поради ѓаволски искушенија и заради нашите човечки слабости, нашиот брачен живот се растројува. Благословот на мирот и едномис­леноста, што го исполнува со радост нашиот брачен живот, ги нема веќе со нас. Загрижувачки сенки на нечистота паѓаат врз нашите взаемни односи, исчезнува љубовта што нè врзуваше. Непријателот на човечката среќа и неговото спасение жестоко ја напаѓа нашата домашна црква. Затоа, Господи Боже, со милозливо срце коленичам пред Твоето величие и се молам на Твојата благост – врати ни го мирот, врати ни ги едномисле­носта и разбирањето. Сврти го расејаното и помрачено срце на мојот сопруг (сопруга) кон Твојата волја, кон бракот од Тебе бла­гословен, отстрани ја новата (нејзината) мисла, отстрани ги желбите на неговото (нејзиното) срце од нечистотии и од опас­ниот пат и приврзи го кон неговите чеда, за да царува радоста во нашиот дом и да се слави Твојата сила и добрина. Ти си секогаш брз закрилник кога сме во мака. Амин.

МОЛИТВА ЗА НАШЕТО МЕСТО

( за нашата парохија)

Господи, Те молиме за местото во коешто живееме, за сите наши сожители, секој од нас да најде човечен соживот и место на ми­рот. Те молиме за сите кои живеат покрај нас, за соседите и познатите, за нашите при­јатели и за оние кои не ни се по срцето, како и за оние кои ни се надлежни.

Те молиме за сигурен помин во нашето место, за никој да не го изложува својот живот и животот на другите во опасност. Го­споди, чувеј ги нашите деца од несреќа!

Те молиме да се одмориме во тишина, за оние кои немаат мир, за средината да биде здрава и човекољубива.

Те молиме за оние коишто работаат во местото, за работниците во фабриките, за уметниците, за научниците, за учителите и професорите, за социјалните работници и за сите кои се трудат по болниците. Ти се мо­лиме, исто така, и за нашите свештеници, за сите оние кои ја претставуваат Црквата за сложно да ги впрегнат своите сили за до­брото на нашето место.

Те молиме за оние коишто бараат живеалиште и за оние коишто го изгубија живеалиштето, за туѓинците да ги при­фатиме со сета гостољубивост и за сите на кои им е судено да останат со нас. ќе се молиме и за оние коишто се богати, за да знаат секогаш да ги отворат своите куќи и своите срца, за сите коишто имаат потреба и кои се несреќни.

Ти се молиме за сите меѓу нас што се болни, несреќни, изложени на разни искушенија, што ги мачи страв, досада и очај, за одземените од нашата средина, за оние по затворите, за душевно погодените, за тие што умираат и за умрените.

Ти се молиме за самите нас, за местото да ни биде радосно. Помогни ни, Боже, да не се глодиме еден со друг со дела што создаваат омраза, што прават раздори, туку секогаш да бидеме сложни како едно тело, дабидеме Божји град на земјата. Амин!

МОЛИТВА ЗА ПРИЈАТЕЛИТЕ

Боже мој, прими ги сите мои пријатели во Твојата верна и љубезна заштита. Чувај ги верни, чесни и чисти, зацврсти ги во својата љубов. Дај им сила, совесност и истрајност во доброто, прими нè сите нас во Твоето небеско живеалиште и во своето срце. Амин!

МОЛИТВА ЗА ОНИЕ КОИШТО НИ СЕ СПРОТИВСТАВУВААТ

Благ Боже, Ти заповеда да ги сакаме сите луѓе, дури и оние кои ни се спротивставуваат. Твојата нова заповед на љубовта да ја исполнуваме така што на лошото да враќаме со добро и да го носиме бремето еден со друг. Преку Христос нашиот Господ. Амин!

МОЛИТВА ЗА ОНИЕ ШТО НЕ МРАЗАТ

Господи Исусе Христе, Ти им прости на Твоите непријатели, зашто не знаеја што прават. Ти се молам од сè срце, биди милостив и кон оние што ме мразат, што ме навредуваат, хулат и клеветат. Ти ја испитуваш длабочината на човечкото срце и знаеш дека сум немоќен и грешен. Поткрепи ме да го очистам моето срце, да ги умножам делата на љубовта кон моите блиски и да не ги огорчувам со ништо. По Твојата голема милост прости им на моите непријатели; вразуми ги, просвети ги со Твојата вистина, за да не се ожесточуваат против мене и да не бидат казнети заради мене. Добро ми е кога сум во Твојата рака. Ти се молам, недозволувај да ме победи злото, не дозволувај да загине ниту еден од моите непријатели, но сите да се обрнеме кон Тебе, кон Твојот мир и да бидеме Твои верни чеда, зашто Ти си Единствен Благословен во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА СМИРУВАЊЕ НА СКАРАНИ

Човекољубив Господи, Царе на мирот, Христе Боже наш, Ти ја урна преградата на непријателството и им го даде Твојот мир на луѓето, за да живеат по Твојата волја и да му се радуваат на вистинскиот живот. Ти ни заповеда да се сакаме еден со друг и да има мир меѓу сите луѓе, особено меѓу оние што го познале вистинскиот Бог, Отецот на љубовта. Ти рече: Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји. Се покорувам на Твојата света волја, Ти се молам, Владико, дарувај им мир на Твоите чеда (имињата) што се скарани. Просвети го нивниот разум со Твојата светлина и стопли им ги срцата со Твојата љубов, за да не дозволат злото да ги овладее и да ги оддалечи од Тебе. Стивни ја во нив расправијата и изгони ги сите соблазни за разномисленост. Вкорени го во нив стравот од Тебе, за да не се погордеат нивните срца и да не бараат одмазда. Дај им го она штослужи за мир и взаемно поучување, зашто многу е убаво и многу пријатно кога браќата живеат заедно и во мир. Не оставај ги и натаму скарани; ослободи ги од робувањето на човечкиот непријател, приведи ги во Твојот мир и спаси ги. Поткрепи ме и мене да бидам постојанен во нивното смирување, за да ја исполнувам Твојата волја за зголемување на мирот и љубовта меѓу Твоите луѓе, да ја запознаам радоста на миротворците, што Ти ги нарече синови Божји. Ти си нашиот мир. Тебе Те прославуваме заедно со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВИ НА РОДИТЕЛИТЕ ЗА ДЕЦАТА

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА

Господи Боже, Создателу на човекот и небесен Оче, Ти си го установил и благословил бракот кога си рекол: Раѓајте се и множете се и наполнете ја земјата. Ти си го благословил и нашиот брак и си ни дал чеда, за да ја засилиш радоста на нашиот дом. Нема крај на Твојата милост кон нас и ние, смирените Твои чеда, Ти благодариме од сè срце. Нашите деца се дар од Тебе, Господи, зашто Ти си наш небесен Отец. Од сè срце Те молиме да ги примиш нашите деца под Твојата моќна закрила и да им го вардиш духот и телото како Твое наследство. Дарувај им добро здравје, чувај ги од болести и од секаква несреќа. Поткрепувај ги да растат далеку од секакви страдања и да му се радуваат на животот. Дарувај им го особено Твојот свет благослов, за да бидат сочувани од искушенијата и стапиците на лошиот и лажен свет. Вдахни им го Твојот Свет Дух, та секогаш да ја извршуваат Твојата света волја и да се поучуваат во Твојот закон. Сочувај ги од грев, од лоши другари, од соблазителни книги и од сите гревовни искушенија. Дај им сили да растат во мудрост, да напредуваат во добродетелен живот, да не ослабува нивниот синовски страв пред Тебе и да ги слушаат нашите добри родителски совети и упатства; со внимание да ги слушаат сите поуки за извршување на Твојата света волја, да бидат предани и послушни чеда на Твојата Света Црква. Дај ни и нам, Господи, да бидеме, и со дела, и со зборови учители на вистината и доброто, да бидеме нивни учители на вистинската вера уште од најраните денови на нивното детство. Тебе Ти ги предаваме и на Твојата добрина и милосрдие, на Твојата крепка заштита и помош. Прими ги и нив, прими нè и нас да бидеме секогаш Твои и со благодарни срца непрестано да Те прославуваме, да ја прославуваме Твојата неизмерна добрина и Твојата спасителна промисла. Амин.

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Пресвета Богородице, под чија закрила ќе ги ставиме нашите деца, по Бога? Ти си силна Закрилница на христијаните и брза Помошница во секоја тешкотија, небеска Царице, под Твоја закрила прими ги нашите чеда и биди им Мајка, Мајко Божја. Чувај ги од секакво душевно и телесно зло. Моли го Твојот Син да го проживеат целиот свој живот во благодат и милост, да успеваат во секое добро и корисно дело и никогаш да не очајуваат кога врват по патот на вистинскиот и чесниот живот. И така, софалбени песни на благодарност секогаш ќе Те прославуваме, Небесна Закрилнице, и ќе ја воспеваме Пресветата и Сесилна Троица, Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин.

МОЛИТВА НА РОДИТЕЛИТЕ ЗА НИВНОТО БОЛНО ДЕТЕ КОН ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА

Милостив Спасителу, со Твојата божествена сила Ти ја воскресна ќерката на Јаира, го воскресна синот на вдовицата од градот Наин и го воскресна четиридневниот Лазар. Неискажлива е Твојата сила, зашто Ти си живот и со Твојата голема милост им даруваш живот на сите. Кон Тебе пристапиле со вера многу болни и немоќни и Ти на сите им го врати здравјето, и го обнови нивниот живот, за да ја прославуваат Твојата сила и Твојата бескрајна добрина. Господи, во Твое име и денес има безброј оздравувања, зашто Ти испраќаш сила одозгора, ги зацврстуваш ослабените врски на нашата природа, го враќаш телесното здравје и ги креваш болните од постелата на болеста и страданијата. Твојата милост се излива изобилно врз сите што веруваат во Тебе и се надеваат на Твојата божествена сила. Ете, и јас сега се придружувам кон ова множество, кое во сите векови со вера и надеж пристапувало кон Тебе и Ти се молам, Милостив Лекару, послушај го мојот молитвен глас, гласот на моето натажено срце, испрати му сила на моето болно дете да ја издржи болеста, дарувај му здравје и ослободи го од тешкото страдање. Сожали се на нас што страдаме, претвори ја нашата мака во радост. Верувам, Господи, во Твојата сила и се надевам потполно во Твоето човекољубие. Засили ја мојата вера и смилувај се на мене, дај му здравје на моето болно дете. На Тебе, Преблаг Исусе, Ти го предавам, помогни му, та секогаш да ѝ служи на Твојата света волја и да го прославува Твоето пресвето и спасоносноимезаеднососитенасшто Тисепоклонуваме Тебе, на Беспочетниот Твој Отец и на Пресветиот, Благиот и Животворен Твој Дух. Амин.

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Милостива Мајко, Пресвета Богородице, смилувај се на нас грешните и застапи се пред Твојот Син и наш Бог за нашето болно дете. Ти се молиме и паѓаме пред Тебе, Мајко Божја, зашто Ти знаеш што е мајчина мака. Смилувај се на нашата слабост и на маките на нашево дете. Коленичиме пред Тебе, Мајко на милоста, биди милостива кон нас! Моли му се на Твојот Син, на нашиот Бог Христос, да му даде здравје на нашето болно дете. Ако можеше да зборува и да се движи, тоа само ќе паднеше пред нозете на Спасителот, Кој ги благословувал децата и велел: Оставете ги децата да доаѓат кај Мене. О, Мајко на мајките, Мајко на сите христијани, Твоето срце е прободено со мечот на тагата, ослободи нè од нашата тага. Дај му спокој на нашиот ум и моли се за мир, здравје и спасение на целиот наш дом, та со благодарност да Те прославувам Тебе, Пречиста Богородице, и Твојот Преблаг Син во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА НА МАЈКАТА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ЗА ПОВРАЌАЊЕ НА НЕЈЗИНИОТ СИН ОД ЛОШИТЕ ПАТИШТА

Пречиста и Предобра Мајко Божја, смилувај се кон мене несреќната, зашто многу е натажено моето мајчинско срце. Тешко страдам, бидејќи мојот син живее лош и срамен живот. Непријателот на човечкото спасение го уловил во своите мрежи, ги разгорел неговите страсти, го помрачил неговиот разум и посеал лоши семиња во неговото срце. Тој е непослушен, груб и предаден на насладите од овој свет. Мајко Божја, само Ти можеш да ми помогнеш, само Ти можеш да ми го вратиш чедото. Макар што неговиот ум, неговото срце и волја се под власта на лукавиот, тој го носи ликот на Бога во својата душа. Пречиста Богородице, изми ја нечистотијата од душата на мојот син, просвети ги неговите духовни очи, за да го остави патот на своите заблуди и да се врати во домот на Благиот небесен Отец. Само така ќе се врати радоста.

МОЛИТВА НА ДЕТЕ ЗА СЕБЕ

Господи Исусе Христе, Ти си рекол: Оставетегидецатада доаѓаат при Мене и не бране те им. Затоа и јас, слабо и немоќно дете, доаѓам кај Тебе, Ти се поклонувам смирено и Ти се молам од сè срце да ме земеш под Твоја закрила. Господи, Ти си благ и милостив. Кога си бил на земјата, си им помагал на луѓето, си ги лекувал од нивните болести и слабости, си ги просветувал нивните души, за да ја познаат вистината и да прават секакво добро. И откако си се вознел на небото, не си ги оставил луѓето без Твојата помош, но секогаш си им испраќал благодат за лекување на нивните телесни и душевни немоќи кога се обрнувале кон Тебе со чисто срце и искрена молитва. И оваа моја молитва е искрена и чиста. Многу Ти се молам, Боже мој, не оставај ме да грешам, зашто гревовите се болест и тие пречат да станам добар и умен човек. Испрати ми ангел чувар за да ме варди од секакво зло и да ме води кон добро. Учи ме постојано да ги сакам сите луѓе, особено моите родители, браќата, сестрите и роднините. Помагај ми да бидам послушно и разумно дете, да не се противам на добрите совети на моите родители, учители и духовните наставници. Не давај ми, Боже, да ја заборавам молитвата и да не си спомнувам за Тебе, зашто за мене нема поголемо добро од тоа секогаш да си спомнувам за Твоето свето име и дека си Ти секогаш со мене и ме поткрепуваш. Ти, Господи Исусе Христе, си страдал и си бил распнат на крст заради нас луѓето, за да нè спасиш од гревот и злото, па како можам да го заборавам ова и сите добрини што ги правиш за нас? Затоа и јас, како ерусалимските деца што Те пречекале со песни и славословија, го воспевам Твоето име и Ти се молам непрестајно – дојди кај мене и кај сите луѓе да биде Твојата волја како на небото и на земјата. Амин.

МОЛИТВА ЗА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ

Колку сум радосен, Господи, кога се обрнувам кон Тебе и Те молам за моите родители! Тие постојано се грижат за мене. Се трудат и со голема љубов настојуваат да ме сочуваат од несреќа, болест и од секое зло. Тие секогаш имаат желба да ми биде добро и сакаат да бидам здрав, да станам добар и умен човек. Награди ги, Господи, со Твојот благослов за сите добрини и за нивната љубов кон мене. Дај им здравје и успех, чувај ги од несреќа, помагај им преку целиот живот да бидат среќни. Не лишувај ги од Твојата помош и секогаш биди над нив. Помагај ми и мене да ги сакам, да им бидам послушен, да ги извршувам нивните добри совети, со ништо да не ги огорчувам и да им бидамутехаирадост.Ова ќе биде за нив најсаканата награда за сите нивни грижи, неспокојства и труд околу мене. Ти се молам од сè срце, дај им ја оваа награда. Послушај ја, Господи, мојата искрена молитва и исполни го нашиот дом со радост, зашто од Тебе чекаме секое добро и Тебе Те прославуваме како наш небесен Отец. Амин.

МОЛИТВИ ЗА СВОИТЕ БОЛНИ РОДИТЕЛИ

1

Оче наш небесен, предобри Боже, послушај ја мојата молитва што Ти ја принесувам со солзи. Дај му на мојот болен татко (мајка) здравје и сила. Ти знаеш колку многу страдам, колку ми е натажено срцето, зашто многу го сакам мојот болен татко (мајка). Не оставај ме, Боже, без татковска (мајчинска) закрила и без топла родителска љубов. Помилувај ме, преблаг небесен Оче, со Твојата нежна рака и влеј радост во мосто срце. Секогаш ќе Ти бидам благодарен, ќе Ти се молам и ќе ја исполнувам Твојата света волја. Амин.

2

Владико, Седржителу, Ти си лекар на нашите души и тела, зашто во Тебе е животот и Ти го даруваш според Твојата неискажлива благодат. Погледни од восочината на Твоето пресветло живеалиште, послушај ја мојата смирена молитва и смилувај се на мојот мил татко (мајка), кој многу страда и се измачува од болест. Ти ги гледаш неговите страдања, а ја гледаш и мојата синовска тага. Смилувај му (ѝ) се нему (нејзе) и излекувај го (ја) со Твојата крепка десница и дарувај му (ѝ) здравје. Утеши нè и нас кои со љубов и голема тага бдееме над неговата (нејзината) болничка постела. Биди милостив, зарадувај нè со Твојата добрина, излекувај го (ја), а ние ќе Те прославуваме во сите денови на нашиот живот. Амин.

МОЛИТВИ ПРИ ПАТУВАЊЕ

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА

Господи, Исусе Христе, Боже наш, Кој си дошол на земјата за да ни го покажеш патот на вистината и да нè воведеш во царството на Твојот небесен живот, благослови ме и биди со мене за сето време на моето патување. Твојата крепка и спасоносна рака да ми биде на помош за да можам радосен, со вера и надеж на Твојата љубов да стасам таму кајшто сум намислил. Ти се молам, преблаг Господи, да ми го испратиш Твојот ангелчувар.Тој да патува заедно со мене и да ме чува. Отстрани ги од мене сите пречки, несреќи и искушенија. Испрати ми добри другари, мирни среќавања, за да можам за сето време на моето патување и во целиот свој живот да Те прославувам Тебе, мојот Спасител и Бог. Амин.

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, патоводителке, закрилнице и надеж на моето спасение, благослови ме да појдам на овој пат, Тебе Ти ги предавам, и мојатадуша, и моето тело. Им се доверувам на Твојата грижа и на Твојата сесилна помош. Од сè срце Те молам, милостива Мајко, води ме на овој пат, чувај ме од секаква несреќа и тага, од видливи и невидливи непријатели. Моли Го, Богородице, милостивиот Бог, Кој во старо време му го испратил ангелот Рафаил на својот слуга Товија да го чува по патот од секакво зло, и мене сега да ми испрати ангел учител и патоводител, за да ме чува при патувањето и да ме врати дома здрав и спокоен за слава на Неговото свето име. Јас ќе Го прославам во сите дни на својот живот, а Тебе ќе Те воспевам, Владичице, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА

Владико, Господи Исусе Христе, Боже наш, Ти заедно со Твоите свети ученици си пловел и си ја стивнал бурата. Господи, патувај со нас. Стивни го бурниот ветер и биди ни помошник и заштитник. Ти си благ Бог и ги сакаш луѓето. Затоа Те прославуваме сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВИ ЗА РОДНА ГОДИНА

МОЛИТВА ПРЕД СЕЕЊЕ

Господи, Боже наш, од Тебе просиме и Тебе Ти се молиме да ги благословиш овие семиња. Ти си му рекол на Твојот слуга Мојсеј, а преку него си ни ветил и нам, Твојот народ: Господ ќе ги отвори Своите сокровишта, небото благовремено ќе ѝ го даде на земјата својот дожд; Бог ќе ги благослови делата на човечките раце. Така и сега, Владико, милосрдно подари ни ја Твојата благодат и излеј го Твојот благо слов на овие семиња, да не ги исколваат птиците небески и да не го изедат влекачите земни, да не ги поплават води, ветрови да не ги искорнат, да не ги уништи град, ниту да ги спури топол ветер, туку да израснат здрави и плодоносни. Твоја е властаи славата, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА БЛАГОСЛОВУВАЊЕ НА ПОСЕВИТЕ

Милостив Боже мој, Ти владееш над сè, ние живееме со Тебе, преку Тебе постоиме. Твојата десница нè крепи, нè храни и нè чува. Ете и јас, смирениот земјоделец, го сеам в земја она што го добивам од Тебе, за да изникне и расте по Твоја милост. Господаре на небото и на земјата, Ти, по Твојата премудрост, си наредил семето да се сее в земја и пак да воскреснува и да раѓа плод. Без Твоја волја ништо не бидува, па и целиот мој труд ќе отиде попусто, ако Ти не го благословиш. Ти владееш со небото, со земјата и со воздухот, Ти му даваш светлина на сонцето, за да ја стоплува и оплодува земјата. Ти ги даваш воздухот, топлината, дождот и росата. Понекогаш, за да нè казниш за нашите гревови, Ти даваш суша и поплава. Дај ми го секојдневниот потребен леб, благослови ги сите мои посеви, за да дадат плодови, потребни за одржување на нашиот живот. Ти не сакаш од мене жртви, какви Ти принесувале Твоите верни слуги: Аврам, Исак и Јаков. Ти се задоволуваш со жртватана чистото срце, а јас се трудам да Ти ја принесувам таа жртва. Прими ја, Господи, прими ја како благоуханен темјан на мојот труд. Благослови го ова семе да расте и да даде богат плод. Отстрани од оваа нива,а и од сите соседни ниви, секакво лошо време, поројни дождови, град и суша. Нека Твоето благотворно сонце ја грее и ја стоплува земјата, за да роди добар и изобилен плод. Амин.

МОЛИТВА ЗА ДОЖД

Преблаг Боже, Создателу наш, Ти си направил сонцето да грее над добри и лоши и им даваш дожд на праведните и грешните. Милосрдно погледни кон нас грешните што сме ги прекршиле Твоите свети заповеди; не измачувај ги Твоите луѓе со глад, туку заповедај им на облаците да излеат добар дожд и плодоносна роса врз Твојата земја. Ороси ја со Твојот благослов и испрати ни ги нам Твоите богати милости, според Твојата добрина умножи ги семињата и плодовите на земјата. Господи, не оставај да се исуши земјата, туку напој ги браздите и утеши нè. Умножи го житото, умножи гисите земни плодови, та, наситени со потребниот леб, да Те прославуваме Тебе и да Те воспеваме како Благ Отец и Промислител. Амин.

Владико, Господи, Боже наш, Ти ја послуша молбата на пророкот Илија Тесвитјанин заради неговата ревност кон Тебе. Тогашнареди да престане дождот, а потоа, пак по неговата молитва, се изли изобилен и плодоносен дожд на земјата. Владико и Господи на сите, од сè срце Ти се молиме,испрати благопријатен дожд од небото и прости ни ги нашите гревови. Зарадувај го и развесели го лицето на земјата заради Твоите бедни луѓе. Ти си наш Бог, Бог Кој милува и спасува, а ние Те прославуваме – Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОГА ПАѓА МНОГУ ДОЖД

Владико, Господи, Боже наш, Ти ја прими молбата на Твојот ревнител, пророк Илија и благоволи да го задржиш дождот за извесно време. И сега, човекољубив Создателу и милостив Господи, прими ја нашата искрена молитва, молитвата на нас смирените и недостојните Твои чеда и не гневи се на нас. Спомени си ја Твојата вечна милост, спомени си на Твојот завет што си му го дал на Ное, и не погубувај ја земјата и Твоите бедни луѓе со големи поплави, магли и лошо време. Ти ги собираш водите од сите краишта на земјата, во облаци ја издигаш морската вода и со Твојата света сила можеш да ја задржиш. Господи, Ти се молиме, нека престане прекумерниот дожд, задржи ги облаците, нареди им да престанат со постојаните дождови и да се разведри небото. Заповедај му на сонцето да изгрее, да ја стопли земјата со своите животворни лачи и со умерена топлина да ги умножи земните плодови. Утеши нè и зарадувај нè, Господи, зашто Ти имаш сила да нè помилуваш и да нè спасиш. Боже наш, Тебе Те прославуваме – Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВИ КОГА СМЕ ВО ДУШЕВНИ ТАГИ И НЕВОЛЈИ

МОЛИТВА ВО ЖАЛОСТИ

Милосрден Боже, Којшто никого не го искушуваш повеќе од неговите сили и Којшто си ги впишал сите мои дни во Твојата книга, дај ми вистинско христијанско трпение, та преку него да се радувам, да се уподобувам на примерот на мојот Искупител, којшто преку страданијата влезе во славата. Научи ме да познавам што ми е потребно во светот, во кого началникот на темнината е бог, за да не вообразам во него спокојство и плотско веселие, туку да се научам во Христа и усрдно да се приготвувам за времето на злото што ќе се случи. Ти, мој Спасителу, веќе Си ме искупил од сегашниов лош век, Ти ќе ме извадиш на крајот од него своевремено, но, ако треба, според Твојата волја, сеуште да бидам во него, укрепи ме со Твоето сесилно Слово, без кое требаше да загинам во својата несреќа. Дај ми да размислувам дека вакви страданија, на кои сум подложен, трпат и многу мои браќа во светот, коишто Ти не си ги отфрлил, туку си ги удостоил да бидат Твои избрани сведоци. што е мојот живот во споредба со маките на светите маченици коишто не го штеделе својот живот само да одат по патот? Јас сеуште не сум се спротивставувал до крв во подвигот против гревот, затоа направи да не роптам со нетрпение против Тебе, туку да роптам против своите гревови, за коишто се потребни таквите постојани смиренија и наказанија за да бидат умртвени. Направи да гледам на Исуса, Началникот на верата, за да не паднам со духот. Освети го преку Него, Господи, моето страдание за да искусам преку светата помош утеха, сила и трпение во моето страдание, и дека и јас сум напишан на Твоите раце и дека не можеш да заборавиш на мене, како на Свое чедо. Амин.

МОЛИТВА ЗА ОТФРЛАЊЕ НА ПОГУБНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ЛУКАВИОТ

Господи Исусе Христе, Боже Спасителу мој! Дај ми мене недостојниот Твој слуга, скрушение и освестување на срцето, за да Ти се молам умилно со чиста молитва, да го истријам списокот на моите гревови. Изгасни го, Господи, огнот на моите страсти и избави ме од неизгасливиот оган! Знам, дека секојдневно и во секој час Те огорчувам и разгневувам, но Твоето долготрпение ќе го надвладее моето лукавство. Господи, Боже на добротата и милосрдието, спаси ме од лукавите мисли, со коишто ме запрашува и навева непријателот, за да ја угнетува мојата душа. Закани му се, Христе, со Твојата сила, којашто им заповеда на морските бранови! Нека се обесили и протера далеку од мене, Твојот слуга. Зашто тој секој ден приложува кон мене нови замисли на своето лукавство, за да завладее со мојот слаб ум, да ме оддалечи од Тебе и од Твоите спасителни заповеди. Многумилостив Владико, Господи, истерај го од мене тој лукав дух со сите лоши мисли и намери, за да Те воспевам и прославувам со Твојот беспочетен Отец и со благиот и живототворен Твој Дух, сега, секогаш и во вечни векови! Амин.

МОЛИТВА ЗА НАШИТЕ ПОКОЈНИ

Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги лишуваш од милоста ни живите ниту мртвите, Христе Спасителу, слушни го молитвениот плач на моето срце и помилуј ја според своето безгранично милосрдие, душата на преселениот од овај свет во невидливиот Твој слуга (или: слугинка) (името), за кого (за која) да се молам ме поттикнува љубовта и благодарноста за она што ми направиле во во нивниот живот.

Помилуј го (ја), зашто заспа во смртниот сон со спасителна вера во Тебе и надеж во вечниот живот, помилуј го поради раните и страданијата што Си ги претрпел за сиот човечки род, поради крвта пролеана и поради Твоето понижување… Ти си вечна љубов и благост, Ти си Спасител на човечкиот род и си ветил дека ќе исполниш сè што ќе побараме со вера. Со оваа надеж и јас, грешник недостоен за Твое помилување, се осудувам да Те молам, се осмелувам од длабочината на својата душа да викам кон Тебе. Сожали се, Господи, и помилуј го починатиот во смртен сон Твој слуга (слугинка). Можеби и поради моја вина сеуште не стигнал до вечното пристаниште на блажените. Можеби поради моите гревови го отфрлаш од Твоето лице и учеството во нив овде на земјава. Поради Твојата благост и крстните страданија, не земај му ги во предвид тие гревови. Помилуј го, ако по немоќта на грешната природа се отклонил од Твоите патишта и блудел по стрмината на порокот, вовлечен од соблазните на светот. Искупи ги со Твојата крв неговите заблуди и слабости, не споменувај ги гревовите, заборави му ги беззаконијата, награди му ги добродетелите, не оставај ја без возврат ни најмалата усилба да Ти благоугоди. Врачунај му ги, место дела, неговите добри намери през животот, згасни му ја жедта за соединување со Тебе, засити му ја гладта за Твојата правда од плодовите на Твојот дом. Збогати му ја неговата беда од сокровиштата на твоите заслуги. Покриј му ја голотијата со облеката на Твоето оправдание. Овенчај ја неговата желба да се насладува со гледањето на Твоето лице и воведи го во Твоето вечно царство.

Оче на Господа наш Исуса Христа, Оче на штедростите и на секое милосрдие! Прими ја за задоволување на Твоето правосудие на починатиот од времениов живот со надежта на Твоето милосрдие, жртвата на Твојот единороден Син, човечкиот Спасител. Послушај ги молитвите и прозбите на светата Црква стекната со неговата крв. Прими ја за негово очистување бескрвната умилостителна жртва, принесувана од Црквата врз олтарите подигнати во слава на Твоето име.

Единосуштен на Отецот и Синот, Сесвети Душе, изгори ја со Твојата љубов греовната мртвост на починатиот, отстрани од него секој квасец на земните склоности и навики, разреши го од греовните врвки, очисти го од секоја нечистотија на беззаконието, оживотвори ја наговата смртност со надежта на вечното милосрдие, освежи го со росата на Твојата милост жешкиот пламен на застарените навики, растерај го стравот и ужасите што го збунуваат, смири ги лутите грижи на совеста, утеши го соТвојата благост, и избави го од власта на адот, за да не го проголта преисподната бездна, да не го потопи и не го проголта геената во неизгасливиот оган.

Најмилосрден троичен Боже, упокој ја душата на починатиот во смртниот сон со вера и надеж на Твоето безгранично милосрдие. Направи го учесник на вечното блаженство, упокој го во небеското семејство, кајшто нема тага, солзи, воздишки, за да го опфати радост и вечна веселост. Отвори му ја рајската врата, присоедини го во соборот на Твоите избрани, вдвори го во Твоите светии, да ја види Твојата вечна светлина, да се насладува од гледањето на Твоето лице. Исполни ја врз него Својата милост, јави му го Твојот благослов, та помилван да ја измолува твојата благост и за мое помилување, за и јас да бидам придружен со него во Твоето царство каде што нема тага, ни болест, ни солзи, за и јас да го прославам Твоето безгранично милосрдие, Оче, Сине и Свети Душе. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНИТЕ ЧЕДА

Господи Исусе Христе, Боже наш, Владико на животот и смртта, Утешителу на неволните, со скрушено и смирено срце прибегнувам при Тебе и Ти се молам: Спомни Го, Господи, во Твоето царство Твојот починат слуга (слугинка), моето чедо (името) и направи го неговиот спомен вечен. Ти, Владико на животот и смртта, Си ми го дал тоа чедо, и спрема Твојата блага и премудра волја било угодно и да ми го земеш. Да биде благословено Твоето име, Господи! Ти се молам, Судијо на небото и на земјата, спрема Твојата бескрајна љубов кон нас грешните, прости му ги на почина тиот твој слуга, моето чедо, сите гревови направени со умисла или безумисла, со дело, свесно или несвесно. Прости ни ги, Господи, и нашите родителски согрешенија, тие да не се пренесуваат на чедата. Знам дека многу згрешивме пред Тебе. Многупати не го запазивме, ниту го направивме тоа што си ни го заповедал. Ако нашето починато чедо, по наша или по сопствена вина, му служеше повеќе на светот и плотта, а не на Тебе, Господа и Бога, Ти се молам, преблаг Оче, прости му ги и ослаби ги таквите прегрешенија или друго лошо што направил во овој живот. Христе Исусе, Ти си ја воскреснал ќерката на Јаира спрема верата на татко ѝ, Ти си ја исцелил ќерката на хананејката спрема верата и прозбата на мајка ѝ, послушај ја и мојава молба: Не презирај ја молбава за моето чедо. Прости му ги, Господи, сите негови согрешенија и очисти му ја душата, избави ја од вечните маки и насели ја со сите Твои светии, коишто од века Ти угодиле, таму кајшто нема ни болест, ни тага, ни воздишки, туку е бескрајниот живот. Зашто нема човек којшто не поживеал, а не згрешил, само Ти единствениот си без грев, та кога ќе го судиш светот, моето чедо да го чуе Твојот сладок глас: Елате вие, благословени од мојот Отец, и наследете го царството за вас припремено од почетокот на светот. Зашто Ти си Отец на шчедрости и милости, Ти си нашиот живот и нашето воскресение и Тебе Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш, и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНИ РОДИТЕЛИ

Господи Исусе, Боже наш, Ти си пазител на сираците, прибежиште на неволните и утешител на оние коишто плачат. Јас, сирак, прибегнувам при Тебе, стенкам и плачам и Ти се молам: Послушај ја мојата молба и не одвраќај го лицето од воздишките на моето срце и од солзите на моите очи. Ти се молам, милостив Господи, намали ја тагата поради разделбата со мојот родител (родителка) (името). Неговата душа почината со вистинска вера во Тебе и со цврста надеж на Твоето човекољубие и милост, прими ја во Твоето небеско царство. Се приклонувам пред Твојата света волја и Те молам да не ја отстраниш од него Твојата милост и добросрдечност. Знам, Господи, дека Ти, Судијата на целиот свет, гревовите и неделата од родителите ги накажуваш врз децата, но и дека ги помилувуваш родителите поради молитвите и добродетелите на нивните чеда. Со скрушеност и умилност Ти се молам, милостив Судијо, не казнувај го со вечнаказна Твојот слуга (или: слугинка), мој татко (или: мајка) и прости му ги сите гревови намерни или ненамерни што ги сторил со збор, дело, свесно или несвесно во овој живот, со Твоето милосрдие, поради молитвите на Пречистата Богоордица и на сите светии, помилуј го и избави го од вечните маки. Ти, милосрден Оче на родителите и чедата, дај ми во сите дни на мојот живот сè до мојата последна воздишка да не престанам да го споменувам во молитвите мојот починат татко (мајка, или: родители), и да Те молам, праведен Судијо, да ги населиш во место светло, место свежо и спокојно, со сите светии, кајшто немаболест, ниту тага, ни воздишка.

Прими ја денес, Господи, оваа топла моли тва за покојниот (покојната) поради неговиот труд и грижи за моето воспитување во верата и христијанското благочестие, зашто тој ме научи побожно да Ти се молам, само на Тебе да се надевам во неволјите, тагите и болестите и да ги пазам Твоите заповеди. За сите добри работи што тој ги испросил од Тебе, возврати му со Својата милост, со Своите небески блага и радостите во Твоето вечно царство. Зашто Ти си Бог на милостите, штедростите и човекољубието, Ти Си упокоение и радост на Твоите верни раби, и Тебе Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНА СОПРУГА

Господи Седржителу, Исусе Христе, со срдечно скрушение и умилност, Ти се молам: Упокој ја, Господи, душата на починатата Твоја слугинка (името) во Твоето небеско царство. Владико Седржителу, Ти си го благословил сопружниот сојуз помеѓу мажот и жената, кога си рекол: Не е добор човекот да биде сам на земјата, да му направам помошник подобен на него. Ти си го осветил тој сојуз спрема примерот на Христа со Црквата. Верувам, Господи, и исповедувам, дека Ти си благословил и јас да се сретнам со една од Твоите слугинки во еден таков сојуз. Но ѝ било благоугодно на Твојата блага и премудра волја да ми ја одземеш слугинката што си ми ја дал за помошничка и сопатница во мојто живот. Се приклонувам пред Твојата волја и Ти се молам од сè срце: прими ја оваа молба за Твојата слугинка (името) и прости ѝ сè што согрешила, со збор, со дело, со помисла, свесно или несвесно. Ако го засакала повеќе земното од небеското или, ако ги занемарила чедата, или го огорчила некого со збор или со дело, ако роптала во своето срце против ближниот, или осудила некого, или било какво друго лошо направила, сите грешки прости ѝ ги, како благ и човекољубив, зашто нема човек којшто поживеал и не согрешил. Не влегувај во суд со својата слугинка, како со свое создание, не осудувај ја поради гревовите на вечни маки, туку сожали ја и помилуј ја според Твојата голема милост. Ти се молам и просам од Теб, Господа на силите, да не престанувам през сите денови на мојот живот да Ти се молам за починатата слугинка и до крајот на животот да ѝ измолувам од Тебе, Судијата на сиот свет, опростување на нејзините согрешенија. Ти, Боже, овенчај ја со Својата слава во Твоето небеско царство со сите светии коишто таму се радуваат и заедно со нив вечно да го воспева Твоето најсвето име со Отецот и со Светиот Дух. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНИОТ СОПРУГ

Господи Седржителу, Исусе Христе, Ти си утеха на оние коишто плачат, заштита на сираците и вдовиците. Ти Си рекол: Повикај ме во денот на неволјата и Јас ќе те избавам. Во деновите на неволјата прибегнувам при Тебе и Ти се молам: Не одвраќај го Своето лице од мене и слушни ја молитвата што Ти ја принесувам со солзи. Ти, Господи и Владико, на сè си благоволил да ме сретнеш со еден од Твоите слуги за да бидеме едно тело и еден дух. Ти си ми го дал тој Твој слуга како сожител и заштиитник. Но, на Твојата блага и премудра волја ѝ беше благоугодно да го одземеш од мене Својот слуга и да ме оставиш сама. Се приклонувам пред Твојата волја и при Тебе прибегнувам во деновите на мојата тага. Отстрани ја тагата од разделбата со Твојот слуга, а мој другар. Кога него си го одзел од мене, не одземај ја од мене и Својата милост. Како што некогаш си ги примил двете лепти од вдовицата, така прими ја и оваа моја молба. Спомени ја, Господи, душата на Твојот починат слуга (името), прости му ги сите согрешенија што ги направил намерно или ненамерно, со збор или со дело, свесно или несвесно, не погубувај го со беззаконијата, туку спрема Својата голема милост и големите штедрости ослаби ги и прости му ги сите согрешенија и насели го со сите светии, кајшто нема ниту болест, ниту тага, ниту воздишки, туку е бескрајниот живот. Ти се молам и просам, Господи, дај ми во сите дни на мојот живот да не престанувам да се молам за починатиот Твој слуга и до последната воздишка да измолувам од Тебе, Судијата на целиот свет, прошка на сите согрешенија и населување во небеските станови што си ги приготвил за оние коишто Те љубат. Зашто нема човек, којшто не поживеал и не згрешил. Само Ти си единствениот без грев. Амин.

МОЛИТВА ЗА НЕНАДЕЈНО УМРЕН

Господи Исусе Христе, Владико на животот и смртта, Ти си рекол во Твоето Свето Евангелие: Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде Синот Човечки, зашто во часот кога не помислувате, Синот Човечки ќе дојде. Но ние, земните и грешните, предадени на световните грижии сласти, забораваме на часот на смртта и бидуваме ненадејно повикувани од Тебе, Судијо на небото и на земјата. Така ненадејно беше повикан при Тебе и Твојот починат слуга и наш брат (или: Твојата слугинка и наша сестра) (името). Патиштата на Твојата чудна промисла се недостижни и неиспитливи за нас, Господи Спасителу. Јас смирено ја приклонувам својата глава пред тие Твои патишта, Господи Владико, и Ти се молам усрдно со вера: Погледни од височината на Твоето свето живеалиште и осени ме со Твојата благодат, да се исправи мојата молитва пред Тебе како благоуханен темјан. Најмилостив Господи, послушај ја молитвата на Твојот слуга (слугинка), којшто спрема неисповедливите Твои судови, ненадејно беше грабнат од нас преку смртта, сожали му ја и помилуј ја неговата уплашена душа, повикана пред Твојот страшен суд, во часот кога тоа не го очекувала. Не ја изобличувај во лутината и не ја казнувај во гневот, туку сожали ја и помилуј поради Своите крсни заслуги и поради молитвите на Својата Пречиста Мајка и на сите Твои светии. Прости му ги сите согрешенија што ги направила намерно или ненамерно, со збор, со дело, свесно или несвесно. Иако беше грабнатанеспремна,сепак,верата во Тебе и исповедувањето дека Ти си Христос – Спасителот, а и надежта во Тебе, нив земи му ги наместо делата. Милосрден Господи, Ти не ја сакаш смртта на грешникот и милостиво примаш од него и за него сè што се прави за неговото обраќање и спасение, и Сам му го подредуваш патот за да биде жив. Ти се молам, Господи, да си спомниш на сите дела на милосрдието и на сите молби што се прават овде на земјава за Твојот починат слуга (слугинка). Благоволи да ја примиш и мојава молитва за него (неа), и да му ги простиш сите согрешенија, да му го успокоиш збунетото срце, да го поштедиш од вечните маки и да го населиш во место светло. Зашто Твоја е власта да нè помилуваш и спасуваш, Христе, Спасителу наш, и само на Тебе единствено Ти прилега неискажлива благост и вечна слава со Отецот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВИ ВО ГОЛЕМИ СТРАДАНИЈА И МАКИ

1

Праведен Боже, долготрпелив и многумилостив! Признавам дека Ти Си ми ги наметнал и Си ми ги испратил овие страданија од љубов, а не поради омраза, зашто оние кои ги љубиш ги накажуваш и го биеш секој син што го примаш. Ти рануваш и гипреврзуваш раните; Ти истоштуваш и Твојата рака исцелува; Ти умртвуваш и оживуваш, смируваш и воздигнуваш, фрлаш во пеколот и вадиш од таму! Ти чудесно ги водиш Своите светии! Ако сакаш да оживиш, пред тоа умртвуваш; ако сакаш да прославиш, претходно смируваш; ако сакаш да зарадуваш, претходно огорчуваш; Ти ги накажуваш Своите, но на смрт не ги предаваш! Ти, Оче, си Го поставил пред мене како огледало на трпението Твојот возљубен Син и си ми заповедал да одам по неговите стапки. Јас, бедниот слуга, не сум подобар од мојот Господ. Тој преку страданијата влезе во Својата слава: дај ми да го следам и по тесниот пат да влезам во Божјото царство! Дај ми помисла, дека сите коишто ќе сакаат да живеат благочестиво во Христа Исуса, ќе бидат прогонувани. Направи со трпение да го поднесувам Твоето наказание, зашто преку него Ти постапуваш како таткото со своите деца. Оче! Колку малку е способен мојот разум да се покорува на Твоето раководство, та да сум трпелив во жалостите и да се радувам на надежта, спомнувајќи си дека го носам Христовото бреме, коешто би требало да го носам доброволно и со радост, а не со принуда! Секое наказание во сегашно време ми изгледа како жалост, а не радост, но притоа потоа произведува мирен плод на правдата за оние коишто преку него се поучиле. Затоа дај ми трпение, себлаг Оче! Не дозволувај им на искушенијата да го оттргнат Твоето слово од моето срце, да ми ја ослабат верата, да ја задушат молитвата, да возбудат нетрпение и тревога во моето срце! Направи да не роптам против Тебе. Не ставај врз мене, милосрден Боже, жестоки страданија; спомни Си дека сум прав и пепел, дека мојата сила не е од камен и дека мојата плот не е железо. Господи Исусе Христе, верен Првосвештенику! Ти си бил искушуван во сè во што и ние сме искушувани и затоа, се разбира, Ти имаш сочувство кон мојата слабост. Стори сега и јас да најдам благодат и милосрдие за благовремена помош! Поткрепи ги моите ослабнати раце и утврди ги колената што се наведнуваат, за да не се поколебам! Само Ти си сила за уморените, јакост за слабите, сенка во горештините и засолниште во бурите. А, бидејќи таква е Твојата волја, за кратковреме овде јас да пострадам и да минам во жал, дарувај ми трпение и укрепи ме да победам секое зло, што, по Твое допуштение, би ми го направиле светот и сатаната! Направијассобезмолвиеи надеж да се укрепувам за добивање помош и да ја соединувам верата со добродетелта, со доброделта трпението, со трпението благочестието, и мојата испитана вера да се јави поскапоцена од минливото, дури ако е и со оган испитано, злато. О, Боже, Свети Душе, сладок елеју на радоста! Израдувај ми го срцето и направи со вера да гледам на идната слава, во споредба со која ништожни се сегашниве привремени страданија. Ти си Дух на славата, Којшто почива врз сите прогонувани и презрени. Ти ќе ја преобратиш мојата жалост во радост, страданијата во чест, понижението во слава. Јас верувам во тоа и помогни ми да го постигнам за вечноста. Амин.

2

Кон Господа

Вечен и Милосрден Боже и многумилостив Оче наш, маките и тешките неволји што ме снашле страшно ја измачуваат мојата душа. Но Тебе така Ти било угодно, затоа јас сè доброволно поднесувам. Сите мои телесни страдања и душевни маки ги трпам и поднесувам како отплата за моите гревови, а за мое спасение. Те молам, милостив Боже, дај ми трпение и сила, та да поднесувам сè онака, како што тебе Ти е угодно и да се спасам. Амин.

Кон Пресвета Богородица

Пресвета Дево, Мајко на Севишниот Господ, Семилостива Заштитнице и Покровителке на сите што со вера Ти пристапуваат, погледни на мене од височината на Твојата небеска слава, послушај ја мојата смирена молитва и принеси Му ја на Твојот сакан Син. О, Преблагословена Богородице, Ти си скоропослушница на сите и радост на наскрбените; послушај ме мене нажалениот. Ти ги смируваш тагите, смири ги и моите жалови и излекувај ги моите душевни и телесни болести. На Тебе, после Бога, ја полагам секоја моја надеж, биди ми Закрилница и силна Застапница пред Твојот Син, Господ наш Исус Христос. Засили ја мојата вера во Него. Утврди ме во Неговата љубов и научи ме да Те сакам и да Те прославувам, Пречиста Мајко Божја, Богородице Маријо. Се засолнувам под Твојот свет покров, Пречиста Богородице, закрилувај ме. Амин.

3

Ти благодарам Тебе, Оче на милосрдието и Боже на секоја утеха, што никогаш не ги оставаш оние кои страдаат без посетување и утеха. Ти ги накажуваш, но на смрт не ги предаваш – Ти си нивни Спасител! Ти ги водиш во пустина, но и им зборуваш според нивното срце. Таа утеха, о Господи, запечати ја во моето срце и јави ја вистинска над мене кога неволјата е близу, а помошник нема. Биди ми моја светлина кога седам во темница; направи сознанието на моите гревови и тоа што тие го залужуваат да создава во меневистинско смирение и трпение. Укрепи ја во мене верата кога ќе наиде неволјата, како на Јакова, и јас да не Те пуштам додека не ме благословиш! Направи во страданијата да не бегам од Тебе, о Пастиру мој, туку бодроста да се наголеми и да станам поусрден во молитвата и пофалбата на Тебе. Отвори ми го умот за да го разбирам Писмото, за да се поучувам од него на Твоите патишта и во срдечно безмолвие потполно и сосема да Ти се прададам Тебе, преку Твојот Син и нашиот Господ Исус Христос. Амин.

МОЛИТВА ВО ЖИВОТНИ НЕПРИЛИКИ И НЕСРЕЌИ

Вечен, милосрден Боже и Оче! Знам дека без Твоја промисла ништо не може да се случи со мене. Чашата е во Твоите раце и Ти им даваш на сите луѓе да пијат од неа: само една љубов Ти ни јавуваш,дури и тогаш кога нè накажуваш. Ако Ти се веселеше на тоа да нè умртвуваш или да нè предаваш на осудување, Ти би имал најблиски начини за тоа; но кога Ти преку крстот, којшто го носиме по Христа, ги распнуваш нашите непријатели: светот и нашата повредена плот, тоа е за наша полза и победата ни станува толку многу полесна. што значи сето наше страдание пред горчината на вечната смрт, пред вечната адска мака, пред потполното отфрлање од Твоето лице, што сме го заслужиле со гревовите, коешто нашиот Искупител, Твојот возљубен Син, во Кого е сето Твое благоволение, го вкуси и почувствува за нас? Нашата жалост е само привремена, зашто има крај, и е лесна, зашто кога ја поднесуваме и трпиме, веруваме во Твоето присуство и во Твојата помош. О, Боже мој, дај ми да не гледам на видливото, туку на Твојата невидлива благодат, ветување, утеха и вечно спасение, што си го ветил на трпеливите до крај, та и јас преку тоа, со трпенеието да си ја спечалам душата, да не паѓам со духот во никакво страдание, туку утврден, закрепнат, непоколебив и приготвен од Тебе да можам дагипретрпам страданијата како добар војник Христов, да се подвизувам со добар подвиг, верата да ја запазам и на крај да го добијам венецот на славата, којшто им се дарува на победниците, преку нашиот Господ Исус Христос. Амин.

МОЛИТВА ВО ГРИЖИ ЗА ЧЕДАТА

Боже, Оче, Создателу и Чувару на сите твари! Облагодети ги моите чеда со Твојот Свет Дух, Тој да разгори во нив вистински страв Божји, којшто е почеток на премудроста и благоразумието, зашто којшто постапува според нив, неговата пофалба ќе биде вечна. Направи ги блажени со вистинското познание Твое, варди ги од секаква лажна наука, направи ги да порастат во вистински спасителната вера и во секое благочестие, во што да опстојат постојано до крајот. Дај им верно, послушно, смирено срце, мудрост и разум, та да растат во годините и во благодатта пред Бога и пред луѓето. Засади им во срцата љубов кон Твоето божествено слово да бидат благопријатни во молитва и богослужение, со почит кон служителите на Словото и секогаш искрени во постапките, срамежливи во телесните движења, целомудрени во карактерите, вистинити во душите, верни во делата, прилежни во занимањата, чесни во исполнувањето на долгот и должностите, разумни и праведни во сè, кротки и благопријатни кон сите луѓе. Доварди ги од сите соблазненија на злобниот свет и да не ги разврати лошото друштво. Не допуштај да паднат во нечистотија и нецеломудрие, сами да не си го оштетуваат животот и никого да не нажалостуваат. Биди им заштита во секоја опасност, да не доживеат ненадејна погибел. Направи ги во нив да не го видиме своето обесчестуавање и посрамување, туку својата чест и радост; преку нив да се умножува Твоето царство и да се зголемува бројот на верните; да се најдат тие на небото околу Твојата трпеза, како небески маслинести гранчиња и со сите избрани да Ти оддаваат чест,пофалба и прославување, преку нашиот Господ Исус Христос. Амин.

МОЛИТВИ ЗА ЗАТВОРЕНИЦИ

1

Господи, Боже мој! По Својата милост Ти си ме создал од ништо и си ме украсил со Својот лик, а јас не помислив и не се потрудив да Ти заблагодарам како што треба, ни за тоа што си ми го дал животот, ниту за тоа што си ме поставил над сите созданија како нивни господар. Ти си ме удостоил да гопримам светото крштение кога бев дете, а јас уште од детството не ја запазив благодатта на крштението, зашто уште од младоста започнав да лажам, да зборувам срамни зборови, да пеам нечесни песни, да го утајувам туѓото, да се противам на родителските заповеди, да ги презирам советите на постарите, а помалите од мене без причина да ги тепам. Кога пораснав, се праедадов на различни страсти, на пијанство, на блуд, на незаконска печалба, на гнев и гордост. Премногу ги осквернавив, и телото, и душата со гревови. Во каква сè нечистотија не паднав јас непокајаниот! Какво сè беззаконие не си замислив на јаве или на сон. За какви не сè лоши дела не помислив во својата душа! Колку многу непотребни фантазии не влегоа во мојата душа! Колку самољубец бев јас и не помислив дека треба да имам христијанска љубов спрема ближниот! Го направив жестоко, безмилосно, нечувствително срцето свое до таа мерка што не се смилував, ниту се ожалостив ни на молби те, ни на солзите, ни на офкањата на тие што страдаа од мојата злоба или грабеж. Потоа, не ги признавав и не ги откривав моите јавни вини пред судиите. Многупати лажев на судењата без да се збунам. Немав никаков срам од народот, ниту страв пред Бога. Заборавав да се молам наутро и навечер, ниту еднаш не се прекрстив и се покажав како безбожник. Во разговорите соближните избегнував да го спомнувам името на мојот Создател и Спасител. А името на непријателот на моето спасение, ѓаволот, горко на мене неразумниот, почесто го спомнував… Иако добив многу добрини од Твојата рака, милостив Господи, иако гледав болести и други посештенија на моите ближни, сепак не се вразумував, за да се покајам пред Тебе!

И така, на тој начин, јас до крај отстапив од Тебе, Господе мој! Отстапив од Тебе, како блудниот син, во далечна страна: се оддалечив, не според местото, зашто Ти си насекаде и ништо не може да се сокрие од Тебе, туку се оддалечив со духот и животот. Го покрив со мрак Твојот лик и подобие во мене, заличив повеќе на паднатите духови на кои и им се предадов. Можам ли да замислам некој сличен да е како мене грешник? Јас, непокајаниот, згрешив повеќе и од самите христоубијци!

И така, откако се оддалечив од Тебе, Боже, стигнав и до овој затвор, станав по име и со животот престапник…

Но, Господи, Господи! Јас Те оставив, но Ти не оставај ме! Не одвраќај го Своето лице од мене, зашто сум во жал. Не допуштај да загинам во законопрестапните дела, иако не сум достоен да бидам помилуван од Тебе.

Помилуј ме, Боже, според Својата голема милост! На било кои начини знаеш, спаси ме мене многугрешниот. Ти си, Боже, Бог на тие што се кајат и Тебе Те прославувам, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и во вечни векови. Амин.

2

Долготрпелив и многумилостив Господи! Јас, затворениот припаѓам при Тебе и топло Ти се молам, како што силниот Самсон ја запозна и ја разбра својата бесилност кога беше окован во железни прангии се обрна кон Тебе, сесилниот Бог, како што нечестивиот Манасија во ропство и во затворот што Те побара Тебе, вистинскиот Бог, како што заробените Јудеи најдобро во туѓата земја Те разбраа Тебе, Бог на нивните татковци, како што блудниот син си спомна за татка си кога отиде во далечна земја и почна да гладува, така и јас од сега Те познавам и поусрдно Те молам. Сега јас сум оттуѓен од односите со луѓето, но Ти си Тој којшто ги бара оттуѓените, отстранетите, оддалечените и изгубените. Немам при мене, ниту татко, ниту мајка, ниту брат, ниту некој пријател за да ми помогнат; никој одовде не го слуша мојот вик, но Ти сиблизок до сите кои се нажалени и кои Те повикуваат на помош! О, милосрден Боже, ако и згрешив повеќе и од бројот на морскиот песок пред Тебе, ако и не сум достоен да гледам на небеската височина поради многуте мои гревови, Ти, кој не си злопамтив, прими ме мене којшто се кајам! Тебе единствено Ти згрешив и пред Тебе единствениот се кајам! Најмилостив Господи! Спаси ме дури сосема не сум загинал. Амин.

3

(Кон св. Богородица)

О, пресвета Дево, Мајко на мојот Господ и Спасител! Сите луѓе прибегнуваат при Тебе и никој не си оди од кај Тебе празен, ако се моли за добро. Ти се молат архиереи и свештеници, зашто си мајка на великиот Архиереј кој ги приклонил небесата. Ти се молат монаси и монахињи, зашто самата си пречиста Дева. Те молат татковци и мајки во страданијата и тагите за чедата коишто лежат болни или живеат далеку, зашто самата со тага си го барала Својот Син кога како дванаесетгодишно момче остана во Ерусалим. Ти се молат прогонетите, зашто си претрпела прогони од Ирода со божествениот Младенец. Кон Тебе се издигнуваат молитвите на тие што умираат, зашто стоешеприкрстотнакојшто умираше Твојот Син. Ти се молат праведните и сите коишто сакаат да живеат благочестиво и никој од нив не би постигнал праведност, ако не те имал Тебе за молитвеница. И така, сите Те имаат за усрдна заштитница и на сите брзо им помагаш!

Не ќе бидам ли јас грешниот во затворов заборавен од Тебè Не ќе ме примиш ли мене којшто при Тебе прибегнувам под Твојот покров? Не! Бидејќи си мајка на Спасителот на загубените грешници, бидејќи нема друг Бог, освен Исуса Христа, Твојот Син, прославен во едно божество со Отецот и Светиот Дух, и нема друг поблизок ходатајник при Божјиот престол, освен Тебе, Мајко Божја! Твојата мајчинска молба може да го одоброволи Владиката, Господа. Ти сè можеш пред Него. Заради тоа јас, по Бога, во Тебе ја полагам сета своја надеж. Затоа го чувам Твојот пречист лик во затворов и ја помнам Твојата блискост до сите нажалени и затворени.

И досега Ти, Мајко Божја, кон мене си покажувала многу милости на моите прозби кон Тебе! А каков се појавувам пред Тебè Тешко на мене лошиот! Ги заборавив Твоите добрини. Но, милосрдна Богородице, прости ги моите застранувања и неразумности, не отфрлај ме сега кога се враќам при Тебе, пројави ги пак поранешните милости и прими ме во моќните Твои раце како болен – одвај жив од гревовните рани.

Приведи ја мојата грешна душа во покајание. Моите беззаконија ја надминаа мојата глава; колку пати досега го разгневив јас мојот Бог со лаги, грабежи, со пијанство, со забуни, со гнев, со бесчувствителност! Постојано грешам и во затворов со различни досадувања, непокорности и роптање против редот. И покрај сè, ниту сум пролеал солза, ниту се смирувам.

Прими ме Ти, благодатна Мајко, со Твојот Син Бог! Сподоби ме да стекнам разрешување за сите мои гревови во тајната покајание и да се причестам со светото тело и крв на Твојот Син! Помогни ми, отсега да ги замразам моите лоши страсти и силно да се борам против гревот, зашто, ако и донекаде се покајам, по малку време го правам истото и излегувам лажлив пред Бога. Испроси ми благодат, Владичице Богородице, да го минам останатото време од својот живот во покајание и моли го Онега Којшто ги милува грешницте да не ме презре мене, првиот меѓу нив. Ги гледаш моите несреќи, мојот горчлив живот во овој затвор. Помогни ми до крај да ја претрпам својата казна, теснотијата и затворските лишувања, за да не паднам во очај, да не се осудам да похулам против Божјата промисол.

О, Утехо на жалосните! Утеши го мојот татко, мојата мајка и роднините, кои ме бараат мене, зашто за нив сум како мртов. Но најповеќе, о, чедољубива Мајко, не лишувај ги од Твоето покровителство мојата жена и децата, зашто тие се невини за моите гревови… Зачувај ги здрави и богобојазливи! Дај ми на крајот да бидам ослободен и со радосни солзи да се видам со домашните! Од длабочината на својата душа викам кон Тебе: Владичице Богородице, не отфрлај ме, биди ми покровителка во сите мои потреби дење и ноќе, во здравје и болест. Отстрани ги сите мои душевни и телесни таги, зашто Ти си радост за сите нажалени. Биди кон мене милостива не само овде, туку и таму на вечната страна! Не оставај ме во денот на страшното доаѓање на мојот Господ! О, Пресвета Богородице, тогаш не заборавај ја мојата вера и надеж во Тебе и моите недостојни молитви пред Тебе, за да бидам помилуван за вечни времиња и да Ти благодарам, и да го славословам Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Амин.

4

Пред Тебе коленичам, Долготрпелив и Преблаг Господи, од сè срце Ти се молам од ова место,кај што гревот ме доведе. Но Ти си насекаде, Ти си близу до оние што Ти се молат со смирено срце и топла вера. Ти ги слушаш со благоволение молбите на сите што ја отвораат својата душа пред Тебе, Ти ги кажуваат своите болки и страдања и брзо им ја подаваш Твојата Света Десница, Десницата на милоста и човекољубието, ги утешуваш очајните и им даваш радост на несреќните. Ете и јас, несреќниот затвореник, го издигам моето срце кон Тебе и, како блудниот син кој се покајал, пак се враќам кај Тебе, во домот на мојот Отец. Те молам, небесен Оче мој, да ме примиш мене покајаниот под Твоето татковско крило. Згрешив, Оче мој, згрешив пред небото и пред Тебе и не сум достоен да се наречам син Твој. Прости ми и прими ме поради милоста во Твојот светол дом, за да не загинам во мракот на гревовноста. Кого да го побарам и кому да му се обратам во мојата сегашна мака? Кој ќе ми помогнè Јас сум осамен и немоќен. Кога Тебе Те побарувам и Ти ме посетуваш, јас не сум сам, а со мене си Ти, мојот благ Утешител и Спасител. Научи ме да ја познавам и да ја извршувам Твојата света волја и да не грешам повеќе, да не се противам на доброто и да успевам во верата. Поткрепи ме да ги поднесам сите тешкотии и да не потпаѓам под лоши ѓаволски искушенија. Олесни ги моите тешкотии.

Макар што сум лишен од слобода, дај ми душевна слобода преку верата, вистината и доброто. Ослободи ме од синџирите на злото. Ти си вистинскиот Ослободител на човекот. Твоето ослободување е најдрагоцениот дар, та кога ќе бидам пуштен на слобода, да живеам како вистински слободен човек, а не како роб на гревот и на лошите дела. Помилуј ме, Владико, и биди ми закрилник, зашто Ти ги милуваш и успокојуваш сите Твои луѓе. Амин.

5

(Неправедно осуден)

Господи, Боже мој, в затвор сум, иако сум невин. Вината ми ја измислија душмани со лажни сведоци. Господи, поради мене патат и моите најблиски. Тие се жигосани во средината. Злобници сакаат да ми го растурат бракот, а на нивните деца им забранија да се играат со моите деца. Тешко се докажува невиноста поради недовербата што се храни со предрасудите и кодошењата.

Господи, вразуми ги надлежните да не ми го доупропастат здравјето, да ја увидат мојата невиност, за што си ми Ти сведок, за да го приберам моето семејство, да ги успокојам загрижените. Знам дека душманите и на слобода не ќе ми даваат мир, но за нив грижата е Твоја. Додека сум во затворов, помогни ми да не се намали во мене љубовта кон моите непријатели кои сепак се орудие на Твојата љубов и грижа. Амин.

МОЛИТВИ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС

1

Боже велик, страшен и чуден, велик и вистинит, којшто сè правиш и преправаш, погледнуваш на земјата и таа се тресе, ги допруваш планините и тие димат, стресуваш сè на земјата од основи и столбови, ги подигнуваш и ги закрепуваш земните основи со еден замав, од Тебе сè се плаши и трепери од лицето на твојата сила, зашто неподнослив е Твојот гнев и негодување против нас грешните, а непостижлива и неискажана е милоста на твоето ветување. Сам, Господи, спомени си на Твоите штедрости и дај ни милости што се од секогаш: закрепи го созданието, утврди ја земјата при разнишувањето и утврди ја разнишаната вселена, и не нè погубувај со нашите беззаконија, ниту осудувај нè со нашите гревови во преисподната земја. Зашто Ти си наш Бог, Којшто милува и спасува, затоа Тебе Те прославуваме, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

2

Небески Цару, човекољубив, долготрпелив и многумилостив Господи, погледни од Твоето свето живеалиште, види го нашето страдание, не казнувај нè со Твојот гнев, не предавај нè при непријателскиот напад, ни во рацете на непријателот, ни во рацете на злодејците, ниту да погинеме во пропаста, за да не речат неверниците: Каде е нивниот Бог? А ние сме Твои луѓе и овци на Твоето стадо и со Твоето име се именуваме. Ти имаш својствена благост, закрили го овојград (или: село, или: манастир), имаш молителка Богородица, Која, Слово, Те родила, го имаш соборот на апостолите и множеството на маченици и преподобните, Прими ги нивните молби за нас грешните и очајни луѓе, и спаси го, незлобив Боже, Твоето наследство.

МОЛИТВА ЗА ВРЕМЕ НА БЕЗДОЖДИЕ И СУША

Господи, Боже наш, знаеме дека сме недостојни за Твоите добрини, ниту сме достојни да ги подигнеме очите и да гледаме кон небото, да застанеме пред Тебе и да ги искажеме нашите прозби, зашто какво добро направивме за да ни ги исполнуваш прозбитè Ти, поради Својата неизмерна благост, нè создаде од ништо, за да постоиме, нè удостои со Твојот лик и ни покори секое создание, а ние, коишто бевме толку облагодетени, се покажавме како непријатели, ги презревме, Благодателу, Твоите заповеди и почнавме да живееме со нечисти мисли. Не само што ја отфрливме Твојата љубов, туку и меѓусебно се однесуваме како ѕверови, се јадеме еден со друг со лихварства и со неправедни работи. Како да се удостоиме да ги примиме Твоите добрини? Зашто Ти си праведен, а ние сме неправедни; Ти љубиш, а ние непријателствуваме; Ти си добросрдечен, а ние жестокосрдни; Ти си добродетелен, а ние грабачи. што имаме заедничко со Тебе за да сме учесници на Твоите блага? Ја признаваме Твојата правда, знаеме дека заслуживме осудување, ги проповедаме Твоите благодејанија, виновни сме за илјада смртти. Сме под Твојата вистинска и седржителна рака; со Твојата силна десница лесно е да нè погубиш во еден миг. Доколку тоа зависи од нашата намера и живот, праведно е да загинеме, најправеден Судијо, но на Твојата неисповедлива благост и неискажана добрина тоа не ѝ еугодно, најчовекољубив Владико. Поради тоа осмелени од несогледивото Твое милосрдие и од Твоето незлопамтиво срце, пристапуваме при Тебе, Благодателу, ние неразумните и неблагодарните и Те молиме да не нè предаваш во раката на сушата, ниту поради нашите беззаконија не нè скрушувај со прангите и оковите на гладот. Но, поради Твојата благост, дај ѝ на замјата и на Твоето наследие, добар и доволен дожд, наполни ги пазувите на земјата со Твоите животворни води, зашто како што умира чедото на мајката која нема млеко, така умира животот и кога земјата нема вода. Но посети ја со Твојата милост со водни облаци, благораствори го воздухот, ороси ја со изобилен дожд, оживи ги цветовите, а со добри ветрови направи ги плодовите цели и полни и умножи ги со Твојата добросрдечност. Со нив си одредил да се одржува телесниот живот, а ако Ти со Твоите дождови не ни дадеш благост, земјата нема да го даде својот плод. Поради множеството Твои добрини, послушај ја молитвата на Твоите недостојни чеда. Зашто Ти си изворот на милоста, подател на добрините и затоа ние Те прославуваме Тебе, заедно со безначалниот Твој Отец и со пресветиот, благиот и животворен Твој Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА ВРЕМЕ НА ГРОМОВИ И МОЛЊИ

Еве пак, Господи, помислуваме дека Ти, човекољубив Владико, накажуваш и пак Ти се молиме да ни простиш на нас Твоите непотребни слуги кои знаат колку е големо множеството на нивните гревови, и дека Ти и повеќе ги надминуваш со својата незлопамтивост и добросрдечност. Затоа Ти се молиме: одврати го Твојот гнев од нас, и не разгневувај се постојано против нас, туку по милоста соживи нè со Твоите штедрости. Господи, Боже наш, којшто ги држиш во своја власт громот и молњата и правиш сè за спасението созданијата на Твојата рака, погледни со Своето човекољубие и избави нè од секоја тага, гнев и потреба и од застрашувањето што ни се заканува, зашто Ти, Господи, загрме од небото и ги умножи молњите и ние со вознемиривме. Смири се, добросрдечен Боже, при Тебе прибегнуваме, испрати ги врз нас Твоите богати шчедрости, и како благ и човекољубив помилуј ги Твоите слуги, да не нè огнот на Твојот гнев, ниту да нè голтне огнот на Твоите молњи и громови. Покажи го Твоето вообичаено добросрдечие, скроти го гневот, расчисти го воздухот и растури ја темнината со сончевите зраци и маглата претвори ја во виделина, зашто Ти си Бог на милоста, на штедростите и човекољубието и Тебе Те прославуваме, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

ВО ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА, НА СМРТОНОСНА БОЛЕСТ

Господи, Боже наш, погледни од Својата света висина врз нас Твоите грешни и недостојни слуги, коишто со нашите беззаконија ја разгневивме Твојата добросрдечност, не влегувај во суд со Твоите раби, сопри го Твојот праведен гнев, смиро го Твоето погубно негодување, сопри го Својот страшен меч, којшто невидливо и безмерно нè посекува, сожали ги горките и бедни Твои раби и не затворај ги во смрт нашите души, коишто во покајание и со скрушено срце припаѓаат кон Тебе, милосрдниот, милостивиот и снисходителниот наш Бог. Зашто во Твоја власт е да нè милуваш и спасуваш, Боже наш, и затоа ние Те прославуваме, Тебе, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА ВРЕМЕ НА ГЛАД

Боже на чудесата, Којшто си направил големи чуда, Си го ослободил стариот Израил преку Мојсеа од тешкото фараоново ропство, ги упати со Твојата десница и попат ги сочува неповредени на патот за ветената земја; со птици си го нахранил многубројниот народ во тврдата и сува пустина, а потоа му ја даде мааната како вода од непресушен извор; Ти направи од тврдиот камен да потечат водни извори и си ја угасанал жедта на изморените. Така и сега нахрани нè нас со Твоето вообичаено човекољубие и благост, дај ни го она што е до волно за нашата потреба и исхрана. Покажи ни ги и на нас Твоите големи и чудни дела и нахрани нè до ситост со благословот на Твојата благост,зашто за Тебе сè е можно. О, Господи, Боже наш, Којшто си нахранил илјадници луѓе со малку леб во пустината, нахрани нè и нас сега со Твоето неискажливо добросрдечие и не презирај ги молбите на Твоите грешни и недостојни слуги, за да се прослави Твоето пресвето име на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА МИР И ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ ГРАЃАНСКИ РАЗДОРИ, НЕМИРИ И БЕЗРЕДИЈА

Господи Исусе Христе, Боже наш, прости ни ги сите наши гревови и беззаконија, со коишто го раздразнивме Твоето човекољубие и ја разгневивме Твојата благост. Отстрани го од нас Твојот праведен гнев, смири ги сите раздори, немири и безредија, што се случуваат сега кај нас, умири ги крвопролитијата и меѓусебните борби и дај им мир, тишина, љубов, закрепнување искоро помирување на Твоите луѓе, коишто си ги искупил со Твојата скапоцена крв, поради славата на Твоето име и за утврдување и закрепнување на Твојата света Црква. Амин.

ОПШТА МОЛИТВА ВО ВРЕМЕ НА ВОЈНА

Семоќен Господи Боже, Господару на господарите, ние знаеме дека ни влакно не паѓа од главата без Твојата волја. Ти ги запираш војните до краиштата на земјата. Ти ги кршиш стрелите, ги ништиш копјата и во огон ги гориш борните коли. Биди ни секогаш помош, заштита и тврдина, наша тврда скала и ограда и избави нè од непријателите. Ненапуштај го Твоето наследство коешто се нарекува со името на Твојот Син Христос. Нека се возвеличи Твојата слава во висините и по сиот свет. Нека биде на земјата мир, меѓу луѓето добра волја. Не дозволувај да се разрушати опустошат црквите и училиштата, земјите и народите, кадешто обитава Твојата слава. Дарувај им на сите верни христијански власти и поданици постојан мир и согласност. Направи милоста и вистината да се сретнат, правдата и мирот да се бакнат во нашата земја, да изникне вистината од земјата, а правдата да ги надвиси небесата. Блиско е Твоето спасение до тие што се плашат од Тебе. Правдата ќе тргне пред Тебе и ќе појде на пат. Заповедај им на Твоите ангели да ја опкружат нашата мала татковина и да нè запазат нас, нашата чест и нашиот имот. Биди ни огнена стена околу нас и зашти ти нè, за да не паднеме од оружјето на непријателите, да не бидеме разграбани, разурнати и изгорени, да не бидеме подложени ние, нашиот имот и чест, на поруга и срам. Дај им храброст на нашите војници против непријателите. Вооружи ги со својата сесила, зашто со Тебе можат да ги победат. Опаши ги со сила, Боже, дај им го штитот на Твоето спасение и Твојата десница да ги поддржува. Стани ни на помош и избави нè поради Твојата милост, Господи, и дарувај ни го Твоето спасение! Амин!

МОЛИТВА ЗА БЛИСКИТЕ КОИ СЕ ВО ВОЈНА

Милостив Господи, Боже наш,сè е во Твоите раце – и животот, и смртта. Ти сè држиш и управуваш спрема Твоја блага промисла. Ти си блиску до нас и ги слушаш нашите молитви што со поклонување Ти ги принесуваме. Помогни им на нашите ближни, коишто се во војна против непријателите на нашата земја и сочувај нè од беда. Не дозволувај да ги допре злото, биди им штит и тврдина. Засили им го духот за да ги скршат тие коишто подигнаа оружје и оган сред нашиот мир и сакаат да нè покорат. Испрати ми ангел чувар којшто ќе ги одбива лошотиите. Води ги во победа со Твојата сила и во благопријатен час врати ги при нас живи и здрави. Слушни ја Господи нашава молитва и помилуј ги, и нив, и нас! Амин!

МОЛИТВА ЗА ВОЈНИК

Во мирно време

Велик Господи, Ти ни заповедаш да ги сакаме ближните и секогаш да сме спремни дури да го дадеме и својот живот за нив. Ти Самиот ги прими страшните крстни страданија и Својот живот го даде за доброто испасението на човекот. Следувајќи ја Твојата заповед и гледајќи го сјаењето на славата на Твојот спасителен подвиг и јас, иако немоќен, искрено сакам да послужам на моите ближни, кои пред сè се моите роднини. Ти се молам, поткрепи ми го срцето и волјата, за да ја сакам татковината, во којашто спрема Твоето благоволение се родив и пораснав, за да сум во состојба да ѝ служам верно и одано. Направи ме чесен и достоен бранител на нејзините граници, на нејзината правада, ред, спокојство, чест и достоинство. Службата како војник да измине во послушност на заповедите на моите претпоставени, зашто редот и свесната потчинетост се потребни за напредокот на татковината. Вдахни ми, Господи на силите, машкост, добродетелност и благоразумие, за достојно да го исполнам својот долг на љубов спрема родните браќа. Варди ме од секое нечесно и недостојно дело или ѓаволско внушение, со кои би потпаднал на времена и вечна осуда. Возвиши ме, Владико семоќен, во верата и добродетелта, та по примерот на Твоите угодници, коишто ги избра од средината на војниците, да Ти служам без отстапување, да Ти бидам одан Тебе, Началникот на небеските војски, и на тој начин најдобро да ја исполнам Твојата заповедзаљубовспрема ближните. Варди ми ја верата во срцето, закрилувај ми ја совеста со благородни желби и намери, закрилувај ми го здравјето, биди ми секогаш помошник и покровител за спасение. Амин!

Кога е во одбрана

Сесилен Господи, Твојата сила секогаш ми е потребна, зашто таа го закрепнува мојот дух и ја утврдува мојата волја. Кој може да се спротивстави на оној на кого Ти си му помошник и тврдина? Не може непријателот да стане против него, зашто Ти си му тврдина, штит и сила. Затоа Те молам усрдно, утврди ми го духот со верата во успехот на делото коешто ми претстои. Удостој ме со храброст, отстрани од мене секоја плашливост. Укрепи ме Боже, за да не рече непријателот на мојата татковина: Го победив, и да ја изгази земјата на нашите татковци, којашто Ти ни ја даде, да ги осквернави светињите Твои и да ги запусти, и така да молкне величањето на Твоето име на јазикот на нашите претци. Помогни ми, Боже, мене и на сите нас, коишто ги собрала правдата на нашиот народ, да ги истераме и победиме противниците и да го смириме нивното непријателство. Стани, силен Господи, и натерај ги во бегство сите коишто непријателствуваатпротивнаси распрсни ги со Твојата десница. Самите нека паднат возамката што за нас ја распослале за да нè уловат. Ти благоволиш спрема праведните, и Твојата милост не ја изоставашспрема оние коишто не ја сакаат неправдата и се противат на насилството. Затоа смело пристапувам кон Тебе и ја барам Твојата помош. Дај ми го штитот на Твоето спасение, запази ме безбедно да го минам овој ден, развесели го моето срце со победата и пострами ги моите непријатели. Кој е пододобен на Тебе, Господи? Ти си Бог на силите и на спасението, Ти си Тој Којшто секогашнè правиш победници. Затоа секогаш Те славиме и величаме, сеподателу Боже. Господи на силите, биди со нас! Амин!

МОЛИТВА ЗА ВРЕМЕ НА ЛОШИ МОРСКИ ВЕТРОВИ, БУРИ И БРАНОВИ

Владико, Господи, Боже наш, Којшто преку Твоето Ипостасно и безначално Слово и преку животворниот и рамнопочитуван Твој Дух Си создал сè од ништо; Ти Си го поставил песокот на границата од морето, Ти Си ги поредил планините и долините, со педа Си го измерил небото, во дланката ја држиш земјата; Ти си дал мерка, ред, граници и состав на тоа видливо и искуствено создание; Ти неискажливо ги држиш во Своја власт измените на времињата и движењата на небеските светила и според волјата ги постојаност. Сам, себлаг Цару, употреби го кон нас Твоето својствено и постојано човекољубие и благост, посети ги созданијата на Твојата рака и не лишувај нè од Својата милост и добрина, и не срушувај го Својот завет, со кој по свој лик си нè создал. Ти го даде Својот Единороден Син за нашето избавување, ни го даде и Светиот Дух по Своето неискажано ветување, Ти се молиме: прости ни ги многуте гревови по множеството на Твоите добрини. Ти, Којшто преку крстот и крвта на Твојот Син го измири нашиот род, направи ред и правилна состојба на созданието, кое се пореметило поради лоши дела и живот. Внеси ја вообичаената тишина на оваа голема длабочина и отстрани ја бурата и немирот во воздухот. Заповедај имна ветровите да дуваат тивко и пријатно. Запрети им на претераното и невообичаено дување на ветровите и на големите бранови; да запрат ветрот, бурата и немирот и да се претворат во тишина, така што оние коишто патуваат по мориња со бродови и сите кои имаат работа со големите води, пак да ги видат Твоите дела и чуда. Напарави Твојот Син да ја смири бурата како што ја смири на езерото кога беше со своите апостоли. Биди управител и помошник на Твоите слуги, упатувај ги во пристаништето на спасението, зашто само Твоето име го знаеме и, освен Тебе, друг бог не знаеме, ние секогаш ја бараме Твојата помош, заради молитвите на преблагословена Богородица, боговидните ангели и на сите светии, преку благоволението и благоста на Твојот единороден Син, со Кого си благословен, и со пресветиот, благиот и животворниот Твој Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА БОЛНИ КОН ГОСПОДА

Господи, Исусе Христе, Спасителу наш, Ти слезе на земјата од преголема љубов за да ги спасиш грешниците; Ти со Твојата милостива рака ги излекува болестите и слабостите на сите што ја побараа Твојата помош, им го врати здравјето и им подари нов живот. Премилостив наш Господи, преголемо е Твоето човекољубие. Затоа го упатувам моето срце кон Тебе и со смирение Ти се молам да ми помогнеш и да ми го вратиш здравјето. Знам, Господи, дека не секогаш сум Ти бил благодарен за тоа. Често сум Те заборавал и сум бил негрижлив за овој преголем Твој дар. Не гледај, Господи, на мојата неразумност. Умножи ја Твојата добринаинепо заслуга, ами поради милост, крени ме од постелата на страдањето и маката, а јас ќе ја прославувам Твојата чудна сила и ќе го прославувам Твојот свет закон во сите денови на мојот живот. Помогни ми да ги истрпам болките, смилувај се спрема мене немоќниот, не дозволувај моето срце да се огорчи или во мојата душа да се всели смут или бунтување. Дојди, Господи, кај мене, угаси го огнот што ме измачува, а јас ќе појдам по Тебе и ќе бидам жив сега и во вечноста. Амин.

МОЛИТВА КОН СВЕТИТЕ БЕСРЕБРЕНИЦИ КУЗМАН И ДАМЈАН

Тешко страдам од мојата болест и доаѓам кај вас, свети чудотворци и целители, Кузмане и Дамјане, зашто вие сте проповедале дека душевната болест е потешка од која и да било немоќ и дека душата боледува поради гревовите, а кога душата е болна, тогаш и телото тешко боледува. Знам дека болестите го чистат човекот од неговите гревови. Ви се молам, свети чудотворци, помолете Го Господа да ми подари опростување на моите согрешенија. Јас сум слаб и беспомошен, силите мои исчезнале од болеста и затоа молам да не паднам во очајание и да не загинам. Побрзајте да ми помогнете, свети исцелители; ветувам дека, кога ќе оздравам, ќе живеам во покајание и ќе го завршам мојот живот во мир. Ви се молам, помолете Го Господа во судниот ден да застанам неосудено пред лицето на страшниот Судија на вселената, Кој ги познава тајните на човечките души. Нему да Му е слава, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ – ИСЦЕЛИТЕЛ НА БОЛНИ

Угодниче на живиот Бог, Свети Науме Чудотворче, Ти си го исполнил законот на Бога и Спасителот наш Исуса Христа и си добил од Него живот вечен, Тебе со љубов Ти се поклонуваме и Тебе смирено Ти благодариме за премногуте Твои чудотворства, со кои си им помагал на немоќните луѓе и си го прославил името на Господа и Спасителот свој.

Верен слуго Божји, Тебе Ти се даде благодат на Светиот Дух Божји: демони да изгонуваш, болни да лекуваш, слаби да подигнуваш, натажените да ги утешуваш и на луѓето да им помогнуваш во сите неволји. Заради тоа ние, иако недостојни, Те почитуваме Тебе како духовна харфа преку која се излива и утеха небеска на ониенакои им е потребна, и восхитено Го величаме Создателот Кој Тебе, иако си човек, Ти дарувал таква Божја сила и богатство.

И сега, праведниче и пријателе на ангелите, преподобен оче наш Науме, пред Тебе ничкум паѓаме и со покајание и умилно Ти се молиме: не престанувај да се молиш пред престолот на Пресветата, Едносуштна и Неразделна Троица за сиот православен род христијански, за праведните и грешните, за сите кои се на власт, за сите кои се во неволји и маки, за епископите, свештениците, ѓаконите и монасите, за основателите и приложниците на твојот свет манастир, за оние што доаѓаат и се поклонуваат на твоите свети и сечесни мошти, за сите православни кои Ти се молат, за болните и за оние што умираат со вера, за старите и младите, за девојките и мајките, за заробениците и за нивно спасение и за сиот православен наш народ. Светителу оче наш Науме, покриј ги нашите слабости и излекувај ги нашите болки со Твоите молитви.

Сега уште Ти се молиме и за слугата Божји (се кажува името), кој страда од слабост и тешка болест. Ако е врзан поради свој грев или грев на неговите родители, или грев на роднините свои, и ако поради гревго снајде оваа болест, Ти посредувај, о ангелоподобен светителу, пред престолот на Господа, Кој Те прославил да му го прости гревот и од болеста да го исцели. Ако, пак, оваа болест е по Божјо допуштение, според светата реч Божја: Кого Господ го љуби, него и Го кара, го бие секој син кого го прима, тогаш Ти умилно моли Го Семилостивиот и Сежалостивиот Бог да се смилува на овој слуга Свој и да не допушти натчовечки страдања: зашто луѓето се тело и ништожни, и ние не можеме да совладаме ниедно страдање без благодатта Божја што нè окрепува. Светителу, оче наш Науме, слушни нè брзо и исцели го слугата Божји (се кажува името) со Твоите свети молитви, за да не речат неверниците: Каде е неговиот Бог.

О, свети и преподобен оче Науме, покажи ја силата што Ти е дадена од Семоќниот Бог Господ и на овој слуга, како што си ја покажувал и досега на безброј болни и слаби и на оние кои со вера и покајание и молитви доаѓаат на Твојот чесен гроб. Исцели му ја и оздрави му ја душата и телото, изгони го и исфрли го од него пакосникот на човечките тела – ѓаволот, закрепи го неговото тело со здравје и сила, за да има во што да се подвизава и кае неговата душа и да се подготвува за Царството небеско; отерај ја од него предвремената смрт, за да му угодува на Бога со добри дела и да најде милост пред Бога на страшниот суд Божји.

Помоли се, о преславен Науме Чудотворче, за својот слуга, Господ да му ги прости сите гревови волни и неволни и да го очисти со својот Свет Дух од секаква нечистотија со Твоите свети молитви, оче Науме, за и тој да ја прослави Светата Троица, Која Тебе Те прославила, Отецот, Синот и Светиот Дух, сега и секогаш во сите векови. Амин!

МОЛИТВИ ЗА ТРПЕНИЕ КОГА СМЕ БОЛНИ

Господи, моите телесни сили се скршени. Ти се молам, помилуј ме, да не ослаби и мојот дух. Честопати телесната болест е здравје за душата, зашто кога сме болни, подобро ја сознаваме нашата душевна состојба, се учиме да трпиме и си споменуваме дека сè што е земно е измамливо и е ништожно само по себе, а над сè друго е Твојата света волја. Ти се молам, предобар Господи и небесен Оче, како што си бил со мене кога сум бил здрав и радосен, биди со мене и сега кога сум болен и тажен. Утешувај ме, крепи ме, давај ми сила за да можам да Ти угодам и да се спасам, помогни ми трпеливо да ги поднесам сите маки. Дај ми оваа болест да ме доведе до сознание дека не само кога сум здрав, туку и кога сум болен и страдам, не треба да Те нажалувам, а да Те сакам; Боже, пак Ти се молам, поткрепи ме да бидам трпелив, да живеам со Тебе и вистински да се радувам на животот и сега кога сум болен, оваа болест да ми послужи за придобивање на вечен живот. Амин.

2

Владико Седржителу, свети Цару, Којшто накажуваш, но не умртвуваш, Којшто ги поткрепуваш тие коишто паѓаат ниско, ги изведуваш пропаднатите и ги исправуваш телесните неволји на луѓето. Ти се молам, Боже наш, посети го со Твојата милост Твојот слуга (или: Твојата слугинка) (името), којшто (којашто) боледува и прости му (ѝ) ги сите намерни и ненамерни гревови. О, Господи, испрати ја од небото Својата целителна сила, допри се до неговото (нејзиното) тело и угасни го огнот, соприго страданието и секоја болест што се крие во него (неа) и биди му (ѝ) лекар на твојот слуга (слугинка), подигни го (ја) од болничката постела и исправи го (ја) цел (цела) од леглото на злостраданието и подари му (ѝ) го (ја) на Твојата света Црква да Ти благоугодува и да ја исполнува Твојата света волја. Зашто во Твоја власт е да милуваш и спасуваш, Боже наш и затоа Те прославуваме Тебе, Отецот, Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

3

Господи, сакам да оздравам. Ти ги понесе нашите болести. Земи ги сите мои сили во Својата рака и исцели ме. Ти си мир, а јас сум немирен и полн со страв. Ти ги зеде моите гревови врз себе. Дојди, и дај ми го Твојот мир. Од длабочината на мојата душа викам кон Тебе, Господи, слушни го мојот глас и помогни ми, зашто викам од неволјата и стравот. Ти се молам за Твојата близина и помош. Ти се молам да направиш чудо на моето тело и душа и да ги исцелиш. Не ги познавам Твоите мисли, не знам зошто сум болен, само сум убеден дека тоа е Твоја волја. Бев здрав и се потпирав на својата сила. Сега други се грижат за мене. Тоа е Твоја волја и би сакал тоа да го научам. Живеев меѓу здравите и не ги забележував болните. Сега гледам околу себе море страдалници, дај ми очи за сите што трпат со мене. Мислев дека мојот живот ќе продолжи без крај, но овој час ме приближува кон мојот крај. Спреми ме за часот на мојата смрт. Секогаш работав, и никогаш немав време. Сега времето ми минува бескорисно. Во сето тоа ја гледам Твојата волја. Зад себе оставив многу неред, многу кавги, многу нељубезности и суровости на срцето. Прости ми го мојот долг и дај ми време и јас на сите да им простам.

Оздрави ме, Господи, на телото и душата и дај ми пак да започнам здрав, на оваа земја или, ако е Твоја волја, во вечниот живот.

Се предавам на Твојата волја. Тебе сакам да Те најдам, Тебе да Те примам, Тебе да Ти багодарам и да Те славам секогаш. Амин.

ПОКАЈНИ МОЛИТВИ

ПСАЛМ 50

Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои. Многупати ме изми од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконието мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене. Пред Тебе Единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш праведен кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш. Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка. Но, Ти ја засака вистината во срцето и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајната премудрост Твоја. Пороси ме со исоп и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел и од снег. Дај ми да чујам радост и веселба и ќе се зарадуваат коските мои ослабнати. Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене. Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај го од мене. Врати ми ја радоста, спасувајќи ме и со Својот моќен Дух зацврсти ме. Беззакониците ќе ги научам да одат по Твоите патишта и безбожниците кон Тебе ќе се обрнуваат. Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение и јазикот мој ќе се зарадува на Твојата правда. Господи, отвори ја устата моја и таа ќе ја објави пофалбата Твоја; оти да сакаше жртва, јас ќе Ти принесев, но сепалениците не ги сакаш. Жртвата пред Бога е смирен дух; срцето понизно и смирено, Ти, Боже не го отфрлуваш. Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги ѕидовите ерусалимски. Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.

МОЛИТВИ ЗА ПОКАЈАНИЕ

(Од Покајниот канон кон Господа Исуса Христа и од Великиот канон на преподобниот Андреј Критски)

1

Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се наближува и ќе се сматиш. Освести се за да те сожали Христос Бог, Којшто е насекаде и сè исполнува.

О, тешко на мене грешниот! Повеќе од ситедруги сум за оплакување, нема во мене покајание, но подари ми, Господи, солзи за горко да ги оплакувам своите дела.

Безумен, непокајан човеку, го губиш времето во мрзеливост. Помисли на животот, сврти се кон Господа Бога и оплакувај ги горко своите дела.

Кога ќе бидат поставени престолите на страшниот суд, тогаш делата на сите луѓе ќе бидат разобличени. Горко ќе им биде на грешниците, зашто ќе бидат испратени во мака. Кога тоа го знаеш, душо моја, покај се за твоите лоши дела.

Праведниците ќе се зарадуваат, а грешниците ќе се расплачат. Тогаш никој не ќе може да ни помогне, нашите дела ќе бидат осудени. Заради тоа пред крајот покај се од своите лоши дела.

Овде патот е широк и пријатен за сладострасија, но ќе биде горко во последниот ден кога душата ќе се разделува од телото. И ти, човеку, варди се од нив, заради царството Божјо.

Зошто го одминуваш бедниот, зошто му ја ускратуваш платата на работникот, зошто не го љубиш својот брат и одиш по блудот и гордоста? Остави ги таквите работи, душо моја, и покај се заради царството Божјо.

О, безумен човеку, до кога ќе се измачуваш како пчелата и ќе собираш богатство?

Скоро тоа ќе се изгуби како прав и пепел. Барај го повеќе царството Божјо.

Спомни си, човеку, како поради гревовите си заробен од лаги, од клевети, од грабежи, од слабости и од лути ѕверови. Грешна душо моја, тоа ли го посакуваше?

Ми трепери телото, зашто со сите делови сторив грев: преку очите со поглед, преку ушите со слушање, преку јазикот со злоречие и целиот се предадов на геената. Грешна душо моја, тоа ли го посакуваш?

Кој прави такви нешта како менè Како свињата што лежи во калта, така јас му служам на гревот, но Ти, Господи, избави ме од тие гнасотии и дај ми срце да ги исполнувам Твоите заповеди.

Освести се, непокајан човеку, и побрзај при Бога, спомни си на прегрешенијата, падни пред Создателот, заплачи и офкај, а Тој како милосрден ќе ти даде ум да ја запознаеш Неговата волја.

Душо моја, зошто се збогатуваш со гревови? Зошто ја вршиш волјата на ѓаволот? На што се надеваш? Престани со тие работи и сврти се кон Бога со плач и викај: Милосрден Господи, помилуј ме мене грешниот.

Помисли си, душо моја, на горкиот час на смртта и страшниот суд, на Твојот Создател и Бог, зашто ќе те земат ангели и ќе те поведат во вечниот оган. Затоа покај се пред смртта и викај: Господи, помилуј ме мене грешниот.

Не надевај се, душо моја, на минливото богатство и на неправедно собраното, зашто не знаеш на кого сето тоа ќе му го оставиш, но викај: Христе Боже, помилуј ме мене недостојниот.

Спомни си, душо моја, на вечниот живот, на небеското царство приготвено за светиите, на постојаната темница и Божјиот гнев кон лошите и викај: Христе Боже, помилуј ме мене недостојниот.

Падни, душо моја, пред Божјата Мајка и помоли се, зашто таа е брза помошница на оние кои се каат, ќе го помоли својот Син и ќе ме помилува мене недостојниот.

Како да не плачам кога ќе си помислам на смртта; зашто го видов братот како лежи в гроб обеславен, што понатака чекам и на што да се надевам, освен: Господи, дај ми покајание пред крајот.

2

Кога размислувам, јас непокајаниот, за многуте лоши дела извршени од мене, треперам од страшниот суден ден, но се надевам на Твоето милосрдие и како Давид викам кон Тебе: Помилуј ме, Боже, според Твојата голема милост.

Единствена благословена Богородице, моите прегрешенија се многу, но јас прибегнувам при Тебе, чиста Дево и барам спасение. Посети ја мојата ослабната душа и моли го Твојот Син и наш Бог да ми додели прошка за сторените лоши дела.

Најсвета Богородице, не оставај ме на човечка закрила во текот на мојот живот, туку сама заштити ме и помилуј ме.

3

Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Еве, пристапувам јас, грешниот и преоптоварениот, пред Тебе, мојот Владика и Бог. Не смеам да погледнам кон Небото, туку само се молам и велам: Господи, дај ми ум за горко да ги оплакувам своите дела.

Откаде да започнам да ги оплакувам делата на мојот непокајан живот? Како да го започнам, Христе, моето сегашно риданиè Но, како добросрдечен, дај ми прошка на гревовите.

Ти ги исповедувам, Спасителу, сите гревови што ги направив и раните на душата и телото што ми ги направија внатрешни убиствени помисли.

Спасителу, како Бог, прости ми ги сите намерни и ненамерни, јавни и скришни, сознаени и несознаени гревови, очисти ги и спаси ме.

Пречиста Божја Мајко, погледни на мене грешниот, избави ме од примките на ѓаволот и насочи го мојот пат кон покајанието, за горко да ги оплакувам своите дела.

Кога го гледам морето на животот дека се бранува од бурите на искушенијата, јас прибегнувам кон Твоето тивко пристаниште и викам: Многумилостив Боже, избави ја мојата душа од погибел.

При Тебе пристапувам, Исусе, Ти згрешив, очисти ме и земи го од мене тешкиот гревовен товар и, како добросрдечен, дај ми солзи на умиление.

Обрати внимание кон мене, Боже, Спасителу мој, со Своето милостивно око, и прими ја мојата горешта исповед.

Немам ниту солзи, ниту покајание, ниту умилност. Сам Ти, Спасителу, како Бог дарувај ми ги.

Ете, Богородице, твојот Син вика и нè повикува на добро, а јас грешниот секогаш бегам од доброто, но ти како милостива помилуј ме за да се покајам од лошите дела.

Помислувам на страшниот ден и ги оплакувам своите лоши постапки. Како ќе му одговорам на бесмртниот Цар? Или со какво дрзновение јас блудниот ќе го погледнам Судијата? Добросрдечен Отец, единороден Сине и Свети Душе, помилуј ме.

Тогаш немој да ми ја затвориш Твојата врата, Господи, отвори ја за мене којшто се кајам.

Човекољубив Боже, којшто сакаш сите да се спасат, повикај ме како благ, прими ме мене што се кајам.

Измачен сум од стрелите на непријателот што ја испоранија мојата душа и тело. Ете викаат гнојните рани на моите страсти.

Сега сврзан со многуте пранги на гревовите и задржуван од лошите страсти и нечестивиот, прибегнувам при Тебе моето спасение и викам: Помогни ми, Дево, Мајко Божја!

Не гнаси се од мене, Спасителу, не одвраќај го лицето од мене, земи го од мене тешкиот греовен товар и, како добросрдечен, дај ми прошка за моите падови во гревовите.

Се исповедувам пред Тебе, Спасителу, Ти згрешив и Ти погрешив, но прости ми како добросрдечен.

Јас Ти згрешив, Ти згрешив, повеќе од сите, Христе, Спасителу, немој да ме презреш.

Ти си слаткиот Исус, Ти си мојот Создател, со Тебе, Спасителу, ќе се оправдам.

Пресвета Богородице, помилуј ме мене грешниот,утврдиме во добродетелта и варди ме да не ме грабне неподготвен предвремената смрт. Ти поведи ме, Дево, во Божјото царство.

Спасителу, Ти си го примил блудникот, разбојникот што се каеше – само јас оддолжив поради духовната мрзеливост и се заробив од своите лоши дела. Грешна моја душо, тоа ли го посака?

Згрешив, Господи, Ти згрешив, зашто нема друг човек којшто толку згрешил и којшто ме надминал во гревовите.

Господи, Ти викам: Помилуј ме, помилуј ме кога ќе дојдеш со Твоите ангели, за на секого да му го дадеш заслуженото, секому според делата.

Преведен и човекољубив Боже, не презирај ги Твоите дела и не оставај го Твоето создание, дури иако јас самиот сум згрешил повеќе од сите луѓе, но, како Господ на сите, Ти имаш власт да ги простуваш гревовите.

Прекрасна и брза помошнице на сите луѓе, Мајко Божја, помогни ми мене на недостојниот, зашто тоа го бара мојата грешна душа.

Блудно го поминав својот живот на земјава и душата си ја предадов на темнината, но сега Те молам, Милостив Владико, ослободи ме од ропството на непријателот и дај ми разум да ја исполнувам Твојата волја.

Ти, Божјо Слово, кога беше распнат, ги предаде Твоето тело и крв, телото за да ме обновиш,крвта за да ме измиеш, а духот го предаде, за да ме приведеш, Христе, при Твојот Отец.

Кратко е времето на мојот живот и полно е со страданија и зла, но прими ме во покајание и во разум повикај ме, за да не станам плен, ниту храна на туѓинецот. Спасителу, Самиот биди ми милосрден.

Целиот живот го минав во ноќ, зашто гревовниот мрак ми беше темница и густа магла, но Ти, Спасителу, направи ме син на денот.

Богородице Дево, варди ме од видливото и невидливото зло и прими ги, Пречиста, моите молитви и принеси ги на Твојот Син, за да ми даде ум да ја исполнувам Неговата волја.

Верувам, Господи, дека ќе дојдеш да ги судиш живите и мртвите и секој ќе застане на своето место, стари и млади, господари и кнезови, девици и свештеници, а кај ќе бидам јас? Поради тоа викам: Дај ми пред крајот покајание!

Ако ги испитам моите дела, Спасителу, гледам дека со гревовите го надминувам секој човек и дека свесно и со премисла сум грешел, а не од незнаење.

Сожали го, со жали го, Господи, Твоето создание, згрешив, прости ми, зашто само Ти единствениот Си чист по природа, а никој друг не е без нечистота.

Владико, Владико Христе, знам дека Ти си тивко пристаниште, побрзај да ме избавиш од бескрајните длабочини на гревот и очајанието.

Пречиста Богородице, прими ја мојата недостојна молитва и варди ме од предвремена смрт и пред крајот дај ми покајание.

Сега прибегнувам при вас ангели, архангели и сите небески сили, коишто стоите пред Божјиот престол, молете се на Творецот да ја избави мојата душа од вечните маки.

Сега плачам пред вас, свети патријарси, цареви, пророци, апостоли, светители и сите Христови избраници: Помогнете ми на судот да ја спасам душата од непријателската сила.

Сега кон вас ги подигнувам рацете, свети маченици, пустињаци, девственици, праведници и сите светии, коишто се молите на Господа за сиот свет, да ме помилувате на смртниот час.

Пред Тебе, мојот Судија, ги исповедав тајните на моето срце, види го моето смирение и жалост, обрати внимание кон мене и помилуј ме како добросрдечен, Боже на нашите отци.

Спасителу, помилуј ме мене грешниот, подигни го мојот ум кон обратување, прими ме мене што се кајам, смилувај се кон мене што викам: Ти згрешив, спаси ме, беззаконував, помилуј ме!

Праведен Спасителу, помилуј ме и избави ме од огнот и од стравотиите што праведно ќе ги претрпам на судот, облечи ме пред крајот со добродетели и покајание.

Судијо мој, Којшто добро ме познаваш и Којшто пак ќе дојдеш со ангелите да го судиш сиот свет, тогаш со Своето милостиво око погледни ме, сожали се и смилувај се на мене, Исусе, зашто згрешив повеќе од секој друг човек.

Божја Мајко, помогни ми мене којшто многу се надевам на Тебе, помоли го Твојот Син да ме постави мене недостојниот од десната страна кога ќе седне да ги суди живите и мртвите.

СЕКОЈДНЕВНА ИСПОВЕД НА ГРЕВОВИТЕ

На Тебе, мојот Господ и Создател, Единствениот Бог, Кого Го прославувам и на Кого му се поклонувам во Светата Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух, ги исповедам сите мои гревови што сум ги направил во деновите на мојот живот и во секој час, со дела, зборови, мисли, гледање, слушање, со сите сетива душевни и телесни, со кои Те разгневив Тебе, мојот Бог и Создател, а на моите ближни им направив неправда и зло. За сите овие гревови жалам, признавам дека сум виновен пред Тебе, мојот Бог, имам желба да се покајам, Господи, Боже мој, со солзи и смирено Ти се молам, помогни ми. По Твоето милосрдие прости ми ги прегрешенијата и ослободи ме од нив, зашто си благ и човекољубив.

МОЛИТВА ЗА ДАР НА ПРОСТУВАЊЕ

Спасителу! Научи ме да простувам од душа на сите, коишто со нешто ме повредиле. Знам дека не можам да застанам пред Тебе со чувството на омразата, која се крие во мојата душа. Огрубено е, Боже, моето срце! Во мене нема љубов. Ти се молам, научи ме да им простувам на оние коишто ме повредиле, огорчиле и нажалостиле, како што Ти Сам, Спасителу, им прости на своите непријатели, на Крстот! Амин!

МОЛИТВА ЗА СМИЛУВАЊЕ

Господи, милостив си кон сиромашните. Овај свет е куќа на болката, полн со јад, страв, беда и очај. Смилувај ни се. Смилувај се на сите коишто поднесуваат претежок живот, од коишто се бара повеќе отколку што можат, коишто ги гази судбината и коишто не наоѓаат смисла. Смилувај се на оние коишто доживеале неуспех, на збунетите, болните и инвалидите, слепите и парализираните, осамените и неважните, презрените и коишто не наишле разбирање. Смилувај се на уплашените коишто повеше не се противат на неправдата, на измачените коишто не можат да живеат од платата за својата работа, на очајните коишто бараат дрога или смрт. Смилувај се на неслободните коишто се слуги на немилосрден систем, слуги за искористување и угнетување. На војниците кои одат во војна, и на заробениците коишто ги чуваат како диви ѕверови. Смилувај се, Господи, на сите народи, смилувај се на нестрпливите и краткогледите меѓу моќните, и нестрпливите и насилниците меѓу тие коишто се злоставувани и покорени. Смилувај се на сите коишто ја бараат правдата, а не знаат друг пат освен насилството. Смилувај им се и на христијаните коишто сеуште зборуваат за Тебе, а сеуште не ја вршат Твојата волја. Господи, Којшто си милостив кон сиромашните, смилувај ни се на нас сите.

Овај наш свет е полн со насилници, злочинци и дерикожи. Смилувај им се! На кого другмуепопотребно милосрдието отколку на оние коишто мразат? Како ќе се променат, ако Ти не им се смилуваш?

Се молиме и за оние кои одрвенале, за огорчените и немилосрдните, за сите коишто шират омраза и сеат раздор, кои сакаат војна, зашто ними им користи, коишто ги искривуваат вестите и ги прикриваат злочините. Се молиме и за оние коишто живеат од лажење, плачкање и авантури, се молиме за сите бездомници и бегалци коишто ништо не ги врзува за нашите обичаи, за напуштените, коишто не се интересираат за нашето друштво. Се молиме за сите коишто ја искористуваат неволјата, на пример, за заводниците во нашите големи градови, коишто ги упропастуваат човечките созданија искористувајќи го човечкото сиромаштво во љубовта.

Ти се молиме за сите нас коишто еден на друг од ден на ден си нанесуваме болка, коишто еден другиотсе забораваме, отфрламе, осудуваме и клеветиме во мало и големо. Ти се молиме смилуј ни се на нашата нељубезност, шкртост и непопусливост. Зашто ние се осудуваме едни со други во својата непромисленост и не ја согледуваме својата бездушност.

Ти рече: Којшто ќе го отфрли својот брат крив е на огнот пеколен. Господи, криви сме, смилуј ни се.

МОЛИТВИ ПРЕД СВЕТА ПРИЧЕСТ

ВОВЕДНА МОЛИТВА

Господи, Кој си роден од Дева, не гледај ги моите беззаконија, очисти го моето срце и направи го храм на Твоето пречисто тело и на Твојата пречиста крв. Не отфрлај ме од Твоето лице, зашто Ти си многумилостив.

Слава… Како ќе се осмелам, јас недостојниот, да се причестам со Твоите свети тајни? Зашто, ако се осмелам да пристапам кон Тебе заедно со достојните, облеката ќе ме изобличи, таа не е свечена и ќе си навлечам осуда врз мојата многугрешна душа. Господи, очисти ја нечистотијата на мојата душа и како човекољубив спаси ме.

И сега… Многу се моите прегрешенија, Богородице, кон Тебе доаѓам, Чиста, за да барам спасение. Посети ја, единствена Благословена, мојата немоќна душа и моли Го Твојот Син и Бог наш да ми ги прости тешките гревови што сум ги направил.

1

(од свети Василиј Велики)

Владико, Господи, Исусе Христе, Боже наш, Извору на животот и бесмртноста, Создателу на сите видливи и невидливи творби, Ти, поради Твојата голема добрина, се облече во тело, беше распнат и погребан за нас неблагодарните и грешните и со Твојата света крв ја обнови нашата, од гревот падната, природа. Бесмртен Цару, прими го покајанието од мене грешниот, наклони го Твоето уво кон мене и чуј ги моите збориви. Згрешив, Господи, згрешив против небото и пред Тебе и не сум достоен да ја погледнам големината на Твојата слава, зашто ја разгневив Твојата благост, прекршувајќи ги Твоите повелби. Но Ти, Господи, си незлоблив, долготрпелив и многумилостив, не си ме оставил да загинам со моите беззаконија, но на секој начин го чекаш моето обраќање. Ти си рекол, Човекољупче, преку Твојот пророк: Не ја сакам смртта на грешникот, туку сакам да се покае и да биде жив. Не сакаш, Владико, да ги погубиш созданијата на Твоите раце; не ја сакаш пропаста на човекот, туку сакаш сите да се спасат и да дојдат до познавање на вистината. Затоа и јас, макар недостоен за небото и за земјата, бидејќи наполно му се потчинив на гревот, сум заробен од насладите, го осквернавив Твојот образ, но бидејќи сум Твое создание, се надевам дека ќе ме спасиш и со таа надеж пристапувам кон Тебе. Доаѓам при Тебе, зашто се надевам на Твоето милосрдие. Човекољубив Господи, прими ме како блудницата и разбојникот, како митарот и блудниот син и симни го од мене тешкиот товар на гревовите. Ти ги земаш врз себе гревовите на светот и ги лекуваш човечките слабости. Ти ги викаш изморените и оптоварените, зашто дојде во светот да ги повикаш, не праведниците, туку грешниците на покајание. Очисти ме од секаква сквернавеност на телото и на духот и научи ме да го извршувам она што е свето, а од почит кон Тебе, та примајќи дел од Твоите светитајни, со чисто сведоштво на мојата совест, да се соединам со Твоето свето тело и со Твојата крв, да Те имам во себе, да живееш во мене со Отецот и со Светиот Дух. О, Господи Исусе Христе, Боже мој, да не ми биде за осуда причестувањето со Твоите пречисти и животворни тајни; да не биде ова за болест на душата и телото, зашто недостојно се причестувам. Но дај ми дури до крајот на мојот живот неосудено да ги примам Твоите свети тајни – за соединување со Светиот Дух, за поткрепа по патот кон вечноста и за добар одговор на Твојот страшен суд, та и јас со сите Твои избраници да станам учесник на Твоите вечни блага што си ги подготвил за оние што Те љубат, Господи, и меѓу кои си прославуван во вечни векови. Амин.

2

(од свети Јован Златоуст)

Господи, Боже мој, знам дека не сум достоен да влезеш под покривот од домот на мојата душа, зашто целиот е пуст, паднат и нема место во мене каде глава да потслониш. Но Ти, заради нас, слезе од висините и се понижи; снижи се и сега кон моето смирение. Како што се согласи да легнеш во пештерата, во јаслите на бесловесните животни, така влези во мене, во јаслите на мојата бесловесна душа и на моето осквернато тело. Како што не сметаше дека е недостојно да влезеш и да вечераш заедно со грешници во домот на Симона Прокажени, така благоволи да влезеш и во домот на мојата смирена, губава и грешна душа. Ти не ја отфрли блудницата грешна, слична на мене, кога дојде и се допре до Тебе; така смилувај се и на мене грешниот, бидејќи доаѓам при Тебе и се допирам до Тебе. Ти не се згнаси од нејзината нечиста уста кога ги бакнуваше Твоите нозе, така не гнаси се и од мојата осквернавена уста и од мојот нечист јазик, но жарта на Твоето пресвето тело и на Твојата драгоцена крв да ми биде за осветување, просветување и за здравје на мојата смирена душа и на моето тело, за олеснување на тежината на моите многубројни согрешенија, за запазување од секакво ѓаволско искушение, за прогонување и ослободување од секаква лоша и грешна навика, за умртвување на страстите, за придобивање на Твојата света благодат и на Твоето царство. Пристапувам кон Тебе, Христе Боже, затоа што се надевам на Твојата неискажлива благост и, отстранувајќи се за подолго време од соединување со Тебе, да не бидам грабнат од духовниот свер – сатаната. Затоа Ти се молам, само Ти си свет, Владико, освети ја мојата душа, освети го телото, умот и срцето мое и сè што е во мене – обнови ме целиот. Вкорени страв пред Тебе во моето битие и помогни ми Твојата светост да не биде одземена од мене. Биди ми помошник и застапник. Насочувај го кон мир животот мој и удостој ме да застанам од Твојата десна страна, заедно со Твоите светии, по молитвите и молбите на Твојата Пречиста Мајка, на Твоите бестелесни служители и пречисти небески сили и на сите светии кои од секогаш Ти благоугодувале. Амин.

3

(од свети Симеон Метафраст)

Господи, Ти си единствен чист и нетленен.

Ти, заради нас и од неискажлива човекољубива милост, си примил човечко тело од Твојата Мајка, која Те родила натприродно преку осенувањето на Божјиот Дух и благоволението на вечниот Отец, Христе Исусе, Ти си Божја Премудрост, Ти си мир и сила; со Твоето овоплотување, откако ги прими животворните и спасителни страдања, крстот, клинците, копјето и смртта, умртви ги моите душегубни и телесни страсти.

Со погребението си го пленил царството на пеколот; преку добри помисли закопај ги моите лоши намери и уништи ги духовите на лукавството. Со Твоето тридневно и живоносно воскресение, откако го воскресна паднатиот праотец, воскресни ме и мене, паднатиот поради грев, давајќи ми начини за покајание. Со Твоето преславно вознесение го обожи телото што го прими и го удостои да седи оддесно на Отецот; удостој ме и мене, преку Светата причест со Твоите свети тајни да застанам од Твојата десна страна – кај спасените. Со слегувањето на Утешителот – Твојот Дух, откако ги направи Твоите ученици драгоцени садови, направи ме и мене достоен дом за Неговото слегување. Кога ќе дојдеш праведно да ѝ судиш на вселената, благоволи и јас да Те пречекамТебе на облаците, мојот Судија и Создател, со сите Твои светии, та бескрајно да Те славословам со Беспочетниот Твој Отец и Пресветиот, Благиот и Животворниот Твој Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

4

(од свети Јован Дамаскин)

Владико, Господи, Боже наш, Ти единствен имаш власт да им ги проштаваш гревовите на луѓето; како благ и Човекољубец, прости ми ги моите прегрешенија што сум ги направил свесно и несвесно. Удостој ме неосудено да се причестам со Твоите божествени, преславни, пречисти и животворни тајни, не за тежина, не за мака, не за придобивање на нови гревови, туку за очистување, како залог за идниот живот во Твоето царство, за крепост и помош, за одбивање на непријателските сили и за отсранување на моите безбројни согрешенија. Зашто Ти си Бог на милоста, дарежливоста и човекољубието, Тебе Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

5

(од свети Василиј Велики)

Знам, Господи, дека недостојно се причестувам со Твоето пречисто тело и со Твојата драгоцена крв, знам дека сум виновен и дека го јадам и пијам своето осудување, бидејќи не размислувам за Твоето тело и за Твојата крв, Христе и Боже мој. Се надевам на Твоето милосрдие, доаѓам при Тебе, зашто си рекол: Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, живее во Мене и Јас во него. И така, смилувај се, Господи, и не изобличувај ме мене грешниот, но направи ми по Твојата милост, Твоите свети тајни да ми бидат за исцеление, очистување и просветување, за запазување и за очистување на душата и телото, за отстранување на секакво мечтаење, лоши дела и ѓаволско влијание, што дејствува невидливо во моето тело; да ми биде Светата причест за засилување на мојата љубов кон Тебе, за поправување на мојот живот и за закрепнување и умножување на добродетелите; за совршенство, за исполнување на Твоите заповеди, за дејство на Светиот Дух во мене, за поткрепа на патот кон вечниот живот, за добар одговор на Твојот страшен суд, а не за осуда и осудување. Амин.

6

(од свети Симеон Нови Богослов)

Прими го, Христе мој, молењето од нечистата уста, од осквернавеното срце, од нечистиот јазик, од грешната душа и непрезирај ги моите зборови, а дај ми да Ти кажам сè што сакам, Христе мој. Но уште повеќе, научи ме што треба да правам и што да зборувам. Згрешив повеќе од блудницата, која, кога разбра каде си, купи миро и смело дојде при Тебе, Христе мој и Боже мој, да Ти ги помаже нозете. Ти не си ја отфрлил неа што дошла при Тебе искрено, па не отфрлај ме и не гнаси се и од мене. Слово Божјо, дај ми ги нозете да ги целивам и со потоци солзи, како со скапоцено миро, да ги помажам. Измиј ме со моите солзи и очисти ме со нив. Прости ми ги прегрешенијата. Ти знаеш дека имам многу гревови, ги гледаш моите рани, но и верата моја и желбите ги знаеш, како и воздишките ги слушаш. Не е скриена од Тебе, Боже мој, Создателу и Избавителу мој, ни солзната капка, па ниту делче од неа. Уште пред да сум направил нешто, тоа го виделе Твоите очи. Во Твојата книга се запишани уште и неизвршените дела. Погледни го моето смирение, види ја мојата мака и прости ми ги сите мои гревови, Боже на сите творенија, та со чисто срце, со растреперена мисла и со скрушена душа да се причестам со Твоите пречисти и пресвети тајни, преку кои оживува и се обожува секој кој јаде и пие со чисто срце. Ти си рекол, Владико мој: Секој што го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, живее во мене и Јас во него. Сосема е вистинско словото на мојот Владика и Бог. Ако се причестувам со божествените и боготворни дарови, не сум веќе сам, но со Тебе, Христе мој, Трисончена Светлино, што го просветуваш светот. За да не останам сам без Тебе, Животодателу, мое дишење, мој живот, радост моја и спасение на светот – пристапив кон Тебе, како што гледаш, со солзи и со скрушена душа, молејќи се да ме избавиш од моите гревови, за да се причестам неосудено со Твоите животворни и пречисти тајни, та да живееш, како што си рекол, со мене несреќниот, и соблазнителот да не ме најде без Твојата благодат, па безмилосно да ме зграпчи и, откако ќе ме соблазни, да ме оддалечи од Твоите боготворни зборови. Ете зошто паѓам пред Тебе и топло Ти се молам. Како што си го примил блудниот син и блудницата, милосрден Господи, прими ме и мене блудниот и нечистиот. Доаѓам сега при Тебе со смирена душа, Спасителу, и знам дека никој друг не Ти згрешил како јас. Но и ова го знам, дека ни големината, ниту множеството на гревовите не го надвишуваат Твоето бескрајно човекољубие. Ти со Твојата милост ги чистиш и ги осветлуваш и ги правиш учесници на светлината сите што искрено се кајат и ги придружуваш кон Твоето Божество. И, што е чудно за ангелите и човечките умови, многупати им зборуваш како на блиски пријатели. Ова ме осмелува, ме окрилува, Христе мој; охрабрен од Твоите богати добрини кон нас, со радост и со трепет се допирам до огнот и, макар што сум трева, чудно, не изгорувам, но бидувам оросуван како некогаш капината што гореше и не изгоруваше. И сега, со благодарна мисла, со благодарно срце, со потполна благодарност на душата и на телото мое, се поклонувам, Те величам и Те славословам, Боже мој, зашто си благословен сега и во вечни векови. Амин.

7

(од свети Јован Златоуст)

Боже, олесни, отпушти и прости ми ги прегрешенијата што ги направив пред Тебе со зборови, со дело, со помисла, волно и неволно, свесно или несвесно – сè прости ми, зашто си благ и човекољубив. И, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка, на бестелесните Твои служители и свети сили и на сите светии, кои од вечност Ти угодиле, удостој ме да ги примам Твоето пречисто тело и Твојата драгоцена крв, за исцеление на душата и на телото и за о чистување на моите лоши помисли, зашто Твое е царството, и силата, и славата, со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

8

(од свети Јован Златоуст)

Господи Исусе Христе, не сум достоен да влезеш под покривот на мојата душа, но Ти, како човекољубив, сакаш да живееш во мене и јас смело пристанувам. Заповедај да ги отворам вратите што си ги направил со човекољубието, на Тебе својствено, да влезеш во мене и да ја просветиш мојата помрачена душа и мисла. Верувам дека ќе го направиш тоа, зашто Ти не ја отфрли блудницата што дојде при Тебе со солзи; не го изостави разбојникот што го познал Твоето царство, но сите дојдени при Тебе со покајание си ги приброил кон Твоите пријатели. Само Ти единствен си благословен, сега и во вечни векови. Амин.

9

(од свети Јован Златоуст)

Господи Исусе Христе, Боже мој, олесни, отпушти,очисти и прости ми ги, мене грешниот и недостоен Твој слуга, согрешенијата и гревовите што ги направив од младост до денешниот ден и час, што згре шив свесно и несвесно, со зборови, дела и мисли и со сите мои сетила. По молитвите на Твојата Пречиста Мајка и секогаш Дева Марија, Која е моја надеж, застапница и спасение, удостој ме да се причестам без осуда со пречистите, бесмртни, животворни и страшни Твои тајни, за прошка на гревовите и за вечен живот; осветување, просветување, сила, исцеление и здравје на душата и на телото, за ослободување од лоши мисли и помисли, ноќни занеси, под влијание на темните и лукавите духови. Зашто Твое е царството, силата и славата, честа и поклонувањето со Отецот и со Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

10

Верувам, Господи, и исповедувам дека си Ти навистина Христос, Син на живиот Бог, Кој дојде во светов да ги спаси грешниците, од кои сум прв јас. Уште верувам дека ова е Твоето пречисто тело и Твојата скапоцена крв. Ти се молам: помилуј ме и прости ми ги прегрешенијата, волни и неволни, извршени со збор или со дело, свесно или несвесно и удостој ме без осуда да се причестам со Твоите пречисти тајни за прошка на гревовите и за вечен живот.

Ете, пристапувам кон божествената причест. Создателу, да не ме изгориш сопричестувањето. Ти си оган што ги изгорува недостојните. Очисти ме од секаква нечистотија.

Сине Божји, прими ме денес за учесник на Твојата тајна вечера. Нема да ја откријам тајната на Твоите непријатели, ниту ќе Ти дадам бакнеж како Јуда, ами како разбојникот Те исповедам: спомни си за мене, Господи, кога ќе дојдеш во Твоето царство.

Кога ја гледаш благотворната крв, плаши се, човеку! Таа е оган што ги изгорува недостојните. Божественото тело ме обожува и ме храни, го обожува мојот дух, чудно го храни мојот ум.

Владико, Човекољупче, Господи Исусе Христе, Боже мој, оваа светиња да не ми биде за осудување, зашто сум недостоен, тукуза очистување на душата и телото и залог за идниот живот во царството Твое.

За мене е блаженство да се соединувам со Бога и да се надевам на Него дека Тој ќе ме спаси.

ТРОПАРИ

1

Си ме привлекол, Христе, со својата љубов и си ме преобразил со Твоето желание. Изгори ги моите гревови со Твојот духовен оган и удостој ме да се наситам од насладата што е во Тебе, та со радост да ги величам, Благи, Твоите две пришествија.

2

Како ќе влезам јас недостојниот во Твоите свети живеалишта? Зашто, ако се осмелам да влезам заедно со другите, мојата облека ќе ме издаде, бидејќи не е свадбена; ќе ме врзат и ќе ме исфрлат ангелите. Господи, очисти ја нечистотијата на мојата душа и спаси ме како човекољубец.

МОЛИТВИ ПО СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

Слава Ти, Боже! Слава Ти, Боже! Слава Ти, Боже!

1

Ти благодарам, Господи, Боже мој, што не ме отфрли мене грешниот, туку ме удостои да станам учесник во Твојата светиња. Ти благодарам што ме удостои, мене недостојниот, да се причестам со Твоите пречисти и небески дарови. Владико Човекољупче, Ти умре за нас и воскресна; Ти си ни ги дарувал овие страшни и животворни тајни за доброто и за осветувањето на нашите души и тела да бидат и за мене за исцеление на душата и на телото, за прогонување на секое зло, за просветување на моите духовни очи, за мир на моите душевни сили, за вера што не посрамува, за нелицемерна љубов, за исполнување со мудрост, за зачувување на Твоите заповеди, за умножување на Твојата божествена благодат и за придобивање на Твоето царство. Зачуван преку нив во Твојата светост, секогаш да си спомнувам за Твојата добрина и да не живеам веќе за себе, туку за Тебе, нашиот Владика и Благодетел. И така, кога ќе го напуштам овој живот, да влезам во вечниот мир, кајшто не престанува гласот на оние што празнуваат и бескрајната радост на оние што ја гледаат неискажливата убавина на Твоето лице. Ти си навистина желбата и радоста на сите кои Те сакаат, Христе Боже мој, Тебе Те прославуваат сите созданија во вечни векови. Амин.

2

(од свети Василиј Велики)

Владико Христе Боже, Цару на вековите и Создателу на сè, Ти благодарам за сите добрини што си ми ги дал и за причестување со Твоите пречисти и животворни тајни. Ти се молам, Благи Човекољупче, запази ме под Твојот покрив и во сенката на Твоите крилја. Дарувај ме сè до последниот час со чиста совест достојно да се причестувам со Твоите светињи за прошка на гревовите и за вечен живот. Ти си Лебот на животот, Изворот на осветувањето, Дарителот на сите добрини, Тебе Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

3

(од свети Симеон Метафраст)

Ти, Создателу, доброволно ми го даде Твоето тело за храна. Тоа е оган што ги изгорува недостојните; Ти се молам да не ме изгориш, туку навлези во сите делови на моето тело, во утробата и во срцето. Изгори ги трњето на сите мои прегрешенија, очисти ми ја душата, помислите – освети ги, закрепни го моето тело, просвети ми ги петте сетила, целиот обземи ме од Твојот страв. Чувај ме секогаш, брани ме од секакво душегубно дело и слово. Очисти ме, измиј ме, украси ме, вразуми ме и просвети ме. Направи ме свое живеалиште и живеалиште само на Духот; да не бидам веќе живеалиште на гревот. По причестувањето, да бегаат од мене како од оган сите гревови и сите страсти како од Твојот дом. Да ми бидат пред Тебе молитвени застапници сите светии, бестелесните ангели, Твојот Претеча, премудрите апостоли, особено Твојата Пречиста Мајка. Милосрден Христе мој, прими ги нивните молитви и направи ме служител на светлината и син Твој, Благи, Ти си единствено осветување и светлина на нашите души, Ти си наш Бог и Владика, Тебе Ти прилега секаква слава во вечни векови. Амин.

4

Твоето свето тело, Господи Исусе Христе, Боже мој, да ми биде за вечен живот, а Твојата скапоцена крв – за опростување на гревовите. Оваа света причест да ми биде за радост – здравје и веселба. Во денот на Твоето страшно пришествие, удостој ме мене грешниот да застанам од Твојата деснастрана, по молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии. Амин.

5

(Кон Пресвета Богородица)

Пресвета Владичице, Богородице, Ти си светлина на мојата замрачена душа, Ти си надеж, покрив, засолниште, утеха и радост моја. Ти благодарам што ме удостои мене недостојниот да се причестам со пречистото тело и драгоцената крв на твојот Син, Ти, Која си ја родила вистинската светлина, просвети ги духовните очи на моето срце; Ти која си Го родила изворот на бесмртноста, оживотвори ме мене, умртвениот од гревови. Ти си милозлива Мајка на милостивиот Бог, помилуј ме, дај умиление и скрушеност на моето срце, смири ги моите мисли, повикај ме кога сум расеан. Удостој ме до последниот час неосудено да го примам осветувањето со пречистите тајни за исцеление на душата и телото. Дај ми солзи на покајание и исповед, за да Те воспевам и прославувам во сите дни на мојот живот. Ти си благословувана и прославувана во сите векови. Амин.

АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

К о н д а к I, Глас 8

Тебе, Богородице, поборнице – војвотко, ние Твоите слуги, откако се избавивме од зло, Ти пееме победна и благодарствена песна. Ти имаш непобедлива сила, ослободи нè од секакви опасности, за да Ти пееме: Радувај се, Невесто неневесна.

I С т а т и ј а

И к о с 1

Ангелот претставител беше испратен од небото да ѝ рече на Богородица: Радувај се! И гледајќи дека Ти, Господе, истовремено со овој бестелесен глас, се овоплотуваш, стоеше вчудоневиден и ѝ велеше вака:

Радувај се, од Тебе ќе изгрее радоста; радувај се, преку Тебе ќе исчезне клетвата!

Радувај се, преку Тебе се врати паднатиот Адам; радувај се, преку Тебе Ева се избави од солзи!

Радувај се, височино, тешко достижлива за човечката мисла; радувај се, длабочино, во која и со ангелски очи тешко се проникнува!

Радувај се, зашто си царски престол; радувај се, зашто Го носиш Оној што носи сè!

Радувај се ѕвездо што Го навестуваш сонцето; радувај се, утробо на божественото овоплотување!

Радувај се, преку Тебе се обновува созданието; радувај се, преку Тебе се поклонуваме на Творецот!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к II

Светата, гледајќи се чиста, смело му вели на Гаврила: Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: А л и л у ј а!

И к о с II

Сакајќи да го разбере недостижното за разумот, Дева извика кон Божјиот слуга: Кажи ми како е можно да се роди син од чиста утроба? А тој со страв се сврте и вели вака:

Радувај се, тајнице на неискажливата светлина; радувај се, тивка веро на оние што се молат!

Радувај се, Ти си почеток на Христовите чуда; радувај се, Ти си основа на Неговите вистини!

Радувај се, лествицо небеска, по која Бог слезе; радувај се, Ти си мост по кој поминуваат луѓето од земјата на небото!

Радувај се, чудо преславно за ангелите, радувај се, Ти си најстрашен пораз на демоните!

Радувај се, зашто неискажливо ја роди светлината; радувај се, зашто никому не кажа како стана тоа! Радувај се, зашто го надминуваш знаењето на премудрите; радувај се, Ти го озаруваш умот на верните!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к III

Силата на Севишниот ја осени Безбрачната за да зачне и нејзината доброплодна утроба ја покажа како плодна нива за сите што сакаат да пожнеат спасение и да пеат вака: А л и л у ј а!

И к о с 3

Откако Го прими во својата утроба Бога, Дева бргу отиде кај Елисавета, чиј младенец, штом го позна нејзиниот поздрав, се радуваше и со играње, како со песни, викаше кон Богородица:

Радувај се, вејче, од неувенлива гранка; радувај се, Ти си плод бесмртен!

Радувај се,ТигородиЧовекољубецот; радувај се, Ти го роди Сејачот на нашиот живот!

Радувај се, ниво изобилна и плодородна; радувај се, трпезо на изобилно очистување!

Радувај се, Ти правиш да цути рајот на убавините; радувај се, зашто Ти го подготвуваш пристаништето за душите!

Радувај се, пријатно молитвено кандило; радувај се, чистителко на целиот свет!

Радувај се, Божјо благоволение кон смртните; радувај се, смелост на смртните кон Бога!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к IV

Имајќи во себе бура од помисли на сомневања, чистиот Јосиф се намурти кога Те гледаше Тебе безбрачната и си мислеше, Пречиста, дека си згрешила. Но, кога разбра дека си зачнала од Светиот Дух, рече: А л и л у ј а!

II С т а т и ј а

И к о с 4

Откако пастирите ги слушнаа ангелите како го воспеваат Христовото доаѓање во тело, потрчаа кај Него како при пастир, Го видоа како Пречисто Јагне, отхрането во утробата на Марија, запеаја и извикаа:

Радувај се, Мајко на Јагнето и Пастирот; радувај се трло на духовните овци!

Радувај се, Заштитнице од невидливите непријатели; радувај се, преку Тебе се отворија рајските врати!

Радувај се, небеските се радуваат заедно со земните; радувај се, земните ликуваат заедно со небеските!

Радувај се немолчешка уста на апостолите; радувај се непобедна смелост на мачениците!

Радувај се, Ти си тврда поткрепа на верата; радувај се, светло познание на благодатта!

Радувај се, преку Тебе адот беше оголен; радувај се, преку Тебе се облековме во слава!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к V

Откако ја видоа богоиспратената ѕвезда, мудреците одеа по нејзините лачи, и, имајќи ја за свој светилник, со неа го бараа силниот небески Цар, а кога пристигнаа при Недостижниот,се израдуваа и Мупееа: А л и л у ј а!

И к о с 5

Синовите халдејски го видоа во рацете на Дева Оној што со рака ги создал луѓето. Иако во вид на слуга, во Него Го познаа Господа, побрзаа со дарови да Му послужат и да ѝ пеат на Богородица:

Радувај се, Мајко на Ѕвездата што не заоѓа; радувај се, зоро на Божјиот ден!

Радувај се, Ти го изгаси огнот на страстите; радувај се, Ти ги просветуваш тајниците на Света Троица!

Радувај се, Ти му ја одзеде власта на нечовечкиот мачител; радувај се, Ти го покажа Човекољубецот, Господ Христос!

Радувај се, Ти избавуваш од варварско идолослужение, радувај се, Ти ни помагаш да се ослободиме од лоши дела!

Радувај се, Ти го прекрати поклонувањето на огнот; радувај се, Ти нè ослободуваш од пламенот на страстите!

Радувај се, Ти ги учиш верните на целомудрие; радувај се, ти си радост за сите народи!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к VI

Мудреците станаа богоносни проповедници, се вратија во Вавилон и го исполнија претскажаното за Тебе; им проповедаа на сите дека си Ти Христос и го оставија Ирода како празнословец, кој не знае да пее: А л и л у ј а!

И к о с 6

Спасителу, во Египет ја покажа светлината на вистината и ја изгони лагата на темнината; идолите паднаа, не можејќи да ја истрпат Твојата сила, а оние што се спасија, извикаа кон Богородица:

Радувај се, Ти ги поправаш луѓето; радувај се, Ти ги соборуваш бесовите!

Радувај се, Ти си ја победила силата на заблудата; радувај се, Ти си ја изобличила идолската измама!

Радувај се, море што го потопи духовниот фараон; радувај се, карпо, што ги напои жедните за живот!

Радувај се, огнен столбу, Ти ги водиш оние штосе во темнина; радувај се, Ти си свет покров, поширок од облак!

Радувај се, Ти си храна што ја замени маната; радувај се, служителко на светата радост!

Радувај се, ветена земјо, радувај се, од Тебе тече мед и млеко!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к VII

Кога наближуваше денот Симеон да се пресели од овој лажен век, Те дадоа нему в раце како детенце, но тој Тебе Те позна и како совршен Бог се чудеше на Твојата неискажлива премудрост ти пееше: Алилуја!

III С т а т и ј а

И к о с 7

Кога се јави Создателот, нам, на создадените од Него, ни го покажа своето ново создание. Тој изникна од бессемена утроба и ја зачува невина како што беше, та гледајќи го чудото, да извикаме и да запееме:

Радувај се, нетленен цвету; радувај се, Ти си венец на воздржувањето!

Радувај се, светол образ на воскресението; радувај се, Ти го откриваш ангелскиот живот!

Радувај се, Ти си плодноносно дрво на светлината; радувај се, од Тебе се хранат верните; радувај се, разлистено добросенчесто дрво, под Тебе мнозина се потслослонуваат!

Радувај се, Ти си Го носела во утробата Избавителот на пленетите; радувај се, Ти си го родила Учителот на заблудените!

Радувај се, Ти Го молеше праведниот Судија; радувај се, преку Тебе им се проштаваат гревовите на мнозина!

Радувај се, облека на лишените од смелост; радувај се, љубов што победува секаква лоша желба!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к VIII

Откако го видовме чудното раѓање, да се оддалечиме од овој свет, да го издигнеме нашиот ум кон небото, зашто вишниот Бог се јави на земјата како смирен човек, за да гипривлечеконсебеониештому пеат:

А л и л у ј а!

И к о с 8

Неискажливото Слово потполно беше на земјата, без и најмалку да отстапи од небото, зашто раѓањето од Дева Богородица не беше промена на место, ами Божја милост, затоа да ѝ запееме на Богородица:

Радувај се, Приемнице на неопфатливиот Бог; радувај се, Ти си врата на пречистата тајна!

Радувај се, за Тебе неверните слушаат со сомневање; радувај се, тврда пофалбо на верните!

Радувај се, пресвета колеснице на Оној што седи на херувимите; радувај се, преславно живеалиште на Оној што седи на серафимите!

Радувај се, Ти си ги собрала заедно спротивностите; радувај се, Ти си ги соединила девството и раѓањето!

Радувај се, преку Тебе се прости престапот; радувај се, преку Тебе се создаде рајот!

Радувај се, Ти си клуч на Христовото царство; радувај се, Ти си надеж на вечните блага!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к IX

Сите ангели се зачудија од великото дело на Твоето овоплотување, зашто во недостапниот Бог гледаа човек достапен, Којживеесонасиод сите слушаа:

А л и л у ј а!

И к о с 9

Красноречивите беседници ги гледаме како безгласни риби штом станува збор за Тебе, Богородице; тие не можат да објаснат како си Дева кога си родила. Ние сме восхитени пред тајната и со вера извикуваме:

Радувај се, живеалиште на Божјата премудрост; радувај се, ризницо на Неговата промена!

Радувај се, Ти ги покажуваш мудреците како немудри; радувај се, Ти ги изобличуваш за неразумност итрите мајстори на словото!

Радувај се, зашто обезумеаужасните испитувачи; радувај се, зашто овенаа баснотворците!

Радувај се, Ти ги растури итрите сплетки на атињаните; радувај се, Ти ги исполнуваш мрежите на рибарите!

Радувај се, ти извлекуваш од длабочината на незнаењето; радувај се, Ти просвеуваш мнозина со знаење!

Радувај се, Ти си кораб за оние што сакаат да се спасат; радувај се, Ти си пристаниште за оние што пловат во животот!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к Х

Создателот на сè, сакајќи да го спаси светот, доброволно дојде во него, бидејќи Бог се јави заради нас како човек. Затоа, откако го повика подобното преку подобно, како Бог слуша: А л и л у ј а!

IV С т а т и ј а

И к о с 10

Богородице Дево, Ти си закрила за девиците и за сите што доаѓаат кај Тебе; Творецот на небото и на земјата Те направи така, Пречиста, кога се всели во Твојата утроба. Тој ги научи сите да Ти пеат:

Радувај се, столбе на девството; радувај се, Ти си врата на спасението!

Радувај се, началнице на духовниот растеж; радувај се, подателко на божествената благост!

Радувај се, Ти си ги обновила зачнатите во грев; радувај се, Ти си ги вразумила духовно расејаните!

Радувај се, Ти го гониш разложителот на умовите; радувај се, Ти си Го родила сејачот на чистотата!

Радувај се, Ти си дом на бессемено невестинство, радувај се, Ти ги соединуваш верните со Господа!

Радувај се, Ти си добра хранителка на девојките; радувај се невесто – украсителко на светите души!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к XI

Бесилна е секоја песна што сака да ги опфати сите Твои добрини, зашто, небески Цару, си свет; и да Ти принесеме песни рамни по број на морската песок, не правиме ништо достојно за сè што си ни дала, затоа извикуваме: А л и л у ј а.

Икос 11

Света Дева ја гледаме како запалена свеќа, која им се јави на оние што беа во темнината. Откако го запали духовниот оган, Таа ги води сите кон божествено познание и го просветува умот со небески зраци. Затоа ѝ пееме:

Радувај се, Ти си лач на духовното сонце; радувај се, светло на светлината што не зајдува.

Радувај се, светкавице што ги просветуваш душите; радувај се, Ти си гром што ги плаши непријателите!

Радувај се, од Тебе изгрева многусветлата просвета; радувај се, од Тебе извира многуводната река!

Радувај се, Ти живо ја претставуваш бањата; радувај се, Ти ја отстрануваш гревовната сквернота!

Радувај се, Ти ја миеш совеста; радувај се, чашо, со која се црпе радост!

Радувај се, Ти си миризба на Христовото благоухание; радувај се, Ти си живот на таинственото веселие!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к XII

Оној што ги простува долговите на сите луѓе, сакајќи да даде милост за старите долгови, Самиот дојде кај оние што се беа оддалечиле од Неговата благодат, го скина списокот на гревовите и од сите слушна:

А л и л у ј а!

И к о с 12

Богородице, го воспеваме Твоето раѓање, Те прославуваме како духовен храм, зашто Господ, Кој држи сè во својата рака, се виде во Твојата утроба, и ги освети,и ги научи сите да пеат:

Радувај се, Ти си скинија на БогаСлово; радувај се, Ти си поголема од Светињата на светињите!

Радувај се, Ти си ковчег позлатен од Духот; радувај се, Ти си неисцрпна ризница на животот!

Радувај се, Ти си скапоцен венец на благочестивите; радувај се, Ти си пречиста пофалба на благовејните свештеници!

Радувај се, Ти си цврст столб на Црквата; радувај се, Ти си неразрушлив бадем на државата!

Радувај се, преку Тебе се издигаат знамињата на победи; радувај се, преку Тебе паѓаат непријателите!

Радувај се, Ти си исцелние на моето срце; радувај се, Ти си спасение на мојата душа!

Радувај се, Невесто неневесна!

К о н д а к XIII

О, многувоспевана Мајко, Ти си Го родила најсветото Слово меѓу сите светии! Прими ги овие наши молби, избави нè од секаква напаст и ослободи нè од идните маки нас кои ти пееме: А л и л у ј а!

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Неосквернавена, неизвалкана, чиста, пречиста Дево, Богоневесто, Владичице, преку Твоето преславно раѓање си го соединила Бога Слово со луѓето и си ја собрала отфрлената природа на нашиот род со жителите на небото. Ти си надеж на очајните, Ти си помош на борците, Ти си готова закрила на оние што доаѓаат кај Тебе, Ти си заштитница на сите христијани. Не гнаси се од мене грешниот и нечистиот, кој со срамни помисли, зборови и постапки се направив сосема незгоден и, поради лекомислие, свесно станав роб на животните наслади. Но, бидејќи си Мајка на човекољубивиот Бог, човекољубивосмилувај се на мене грешниот и блудниот и прими ја мојата молитва што ти ја принесувам со нечиста уста. Послужи се со Твојата мајчинска слобода и помоли Го Твојот Син, и наш Владика, и Господ да го отвори за мене човекољубивото срце на својата благост, без да гледа на безбројните мои грешења, да ме обрати кон покајание и да ме направи добар исполнител на Своите заповеди. Ти си милостива, доброљубива, биди секогаш со мене. Во сегашниот живот биди топла застапница и помошница, прогонувај ги непријателските напади и води ме кон спасение. Во часотна мојата смрт, зачувај ја мојата душа и отстрани ги далеку од неа мрачните виденија на лошите духови. А во страшниот ден на Судот, избави ме од вечната мака и направи ме наследник на неискажливата слава на Твојот Син и Бог наш, која да ја примам, Владичице моја, преку Твоето посредништво и застапништво, по благодатта и човекољубието на Твојот единороден Син, Господ, и Бог, и Спасител наш Исус Христос. Нему Му прилега слава, чест и поклонување, со благиот и животворен Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА

Кога одиме на спиење, Владико, дај ни одмор на телото и на душата и зачувај нè од мрачен гревовен сон и од секакво ноќно искушение. Скроти ги поривите на страстите, згази ги вжештените стрели на лукавиот, примамливо насочени кон нас. Сталожи ги нашите телесни возбуди и смири секаква грешна мисла за земното и телесното. Дарувај ни, Боже, добар ум, добри мисли, трезвено срце, лесен сон и ослободи нè од секакво ѓаволско мечтаење. Крени нè во времето на молитва утврдени во Твоите заповеди, добро да ги паметиме Твоите судбини. Дарувај ни да Те славословиме цела ноќ и да го воспеваме, благословуваме и прославуваме Твоето чесно и велико име на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Преславна Приснодево, Мајко на Христа Бога, принеси му ја нашата молитва на Твојот Син и наш Бог, за преку Тебе да ги спаси нашите души.

Надеж ми е Отецот, засолниште – Синот, а покров ми е Светиот Дух, Троице Света, слава Ти.

Целата моја надеж ја полагам во Тебе, Мајко Божја, заштити ме под Твојот покров.

Владико многумилостив, Господе Исусе Христе, Боже наш, по молитвите на пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, преку силата на чесниот и животворен крст, преку застапништвото на чесните небески сили, на чесниот, славен пророк, претеча и крстител Јован, на светите славни и добропобедни маченици, на преподобните и богоносни отци наши, на светите праведни богоотци Јоаким и Ана и на сите светии, направи ја благопријатна нашата молитва, дарувај ни прошка на нашите прегрешенија, отстрани од нас секаков непријател и противник, смири го животот наш, Господе, помилуј нè нас и Твојот свет, и спаси ги нашите души зашто си благ и човекољубив.

БЛАГОДАРНИ МОЛИТВИ ЗА СЕКОЈ БОЖЈИ ДАР

1

Господи Исусе Христе, Боже наш, Боже на секое милосрдие и добрини! Твојата милост е безгранична а човекољубието неизмерно. Со благовение и љубов, како недостојни слуги, смирено Ти принесуваме благодарност, Тебе добросрдечниот, за добрините што ни ги правиш. Те славиме, Те воспеваме и Те величиме како наш Господ, Владика и добротвор и, коленичејќи пред Тебе, Ти благодарам за Твоето безмерно и неискажливо милосрдие. Смирено Ти се молам милосрден Господи, како што сега благоволи да ги исполниш молбите на нас Тоитераби,такаи понатака сподоби нè да ги добиваме сите Твои дарови, да преуспеваме во љубовта кон Тебе, кон ближните и кон секоја добродетел. Избавувај ја, милостив Боже, Твојата света Црква од секое зло, и откако ќе ни даруваш мир и спокој, удостој нè да Ти принесуваме благодарност, Тебе, на Твојот беспочетен Отец и на пресветиот, балагиот и живототворен Твој Дух – Бога прославуван во едно суштество, секогаш да зборувам за твоите големи добрини и да те воспеваме. Слава Ти Тебе, наш благодателу, во век и веков! Амин!

2

Ние, Твоите недостојни слуги, Господи, откако незаслужено примивме милости и дарови од Тебе, се преисполнивме со благодарност за Твоите добрини спрема нас. Затоа, Владико, притекнуваме кон Тебе и Ти ја принесуваме нашата благодарност од срце. Кога Те прославуваме, ние Те фалиме, Ти благодариме и ја величиме Твојата доброта и со љубов Ти викаме: Слава Ти, Семилостив Благодателу и Спасителу Боже наш во век и веков! Амин!

3

Оче семоќен и предвечен Боже, од Кого доаѓа секој дар и секое благо! Ти благодарам за сите Твои дарови, коишто изобилно си ги излил врз мене грешниот и недостоен Твој слуга, и усрдно Ти се молам: Како што сега ја послуша мојата молитва и го покажа Твоето човекољубие, така и секогаш исполнувај ми ги моите добри желби и јавувај ми ја Твојата богата милост. Зашто Ти си милосрден и човекољубив Бог, и затоа слава Ти оддаваме, Тебе, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!

4

Господи Боже, Создателу на луѓето, Те љубиме поради Твојата слава и Твоето милосрдие. Страв ни е што сме толку мали, а Ти си толку голем. Без помош сме, но Ти си јак. Ја гледаме пред себе си опасноста и смртта, но Ти си животот. Ти сакаш да ни го дадешсè она што си Ти Самиот, толку колку што може да прими нашето срце. Затоа не сме мали, зашто сме Твои созданија и Твои деца. Живеаме без страв, зашто во Тебе е нашата сила. Вечни сме, зашто Ти ни даваш вечност. Велик си, а нам ни даваш да бидеме соучесници на Твојата величина.

Господи, Боже, Ти се поклонуваме на Твојата љубов. Не поради тоа што си силен за да нè сотреш, туку затоа што си прекрасен за да можеме да исчезнаме пред Тебе, ниту што си толку блескав што ни ги заслепуваш очите, туку затоа што Твојата љубов е толку голема што нè просветува и ослободува.

Достоен си, Господи, на Својата чест и моќ. Ти си светло, затоа ние светло ќе гледаме. Ти си сила, затоа и ние ќе имаме сила. Ти си верност, затоа нема да исчезнаме туку ќе останаме.

Ти си љубов, затоа ќе можеме да даруваме љубов. Ти од вечноста си пред нас, затоа нема да лутаме, туку ќе го про пронаоѓаме својот пат. Те љубиме, Господи Боже. На Твојата љубов се поклонуваме.

МОЛИТВА ЗА МИР ВО СВЕТОТ

Човекољубив Господи, Боже на љубовта и мирот, простри ја над нас Твојата моќна закрила. Не допуштај раздорите и гневот да ги разделат народите и направи да заживеат во мир во светот благословен од Тебе. Зашто Ти ни заповеда да се љубиме еден со друг. Смири ги тагите, налеј балсам врз раните, пресуши ги горчливите солзи на вдовиците, а сирачињата окрили ги со вера и сила! Осветли ги срцата на луѓето со светлината и љубовта. Згасни ги непријателствата и раздорите и отстрани ги причините за секое разногласие, расправии и војни. Испрати го низ светлите небески двери сончевиот мир и тој во сојуз со љубовта нека завладее на земјава. Не дозволувај гневот да го помрачува умот на Твоите слуги, вдахни им разум, за да не ги растуриваат своите сили за взаемно истребување, туку за мирен и надѕидителен труд и прославување на Тебе, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин!

ТРОПАРИ НА ПОГОЛЕМИТЕ ПРАЗНИЦИ

РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

(Мала Богородица – 8/21 септември)

Глас четврти: Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зашто од Тебе изгреа Сонцето на правадата – Христос, Бог наш; уривајќи ја клетвата, ни даде благослов; уништувајќи ја смртта, ни дарува живот вечен.

ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ КРСТ

(Крстовден – 14/27 септември)

Глас први: Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство. Дарувај им победа над непријателите на сите наши православни христијани и со крстот Свој заштити го Твоето наследство.

ПРЕПОДОБНА МАЈКА ПАРАСКЕВА

(Света Петка – 14/27 октомври)

Глас четврти: Го засака пустинскиот и тих живот и ревносно тргна по Христа, твојот жених. Неговиот благ јарем, во својата младост примајќи го, со крсниот знак храбро се вооружи против духовниот непријател. Со испоснички подвизи, со постот и молитвите, и со солзните капки си го изгаснала жарот на страстите,достојнославна Параскево. И сега во небеските дворови со мудрите девојки, стоејќи пред Христа, моли се за нас кои го почитуваме Твојот свет спомен.

СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ДИМИТРИЈ

(Митровден – 26 октомври/8 ноември)

Глас трети: Како голем херој во бедите Те најде вселената, страдалнику, победувајќи ги незнабошците. Па, како што ја скрши Лиевата гордост, а го поттикна на смел подвиг Нестора, така, Свети Димитрие, на Христа Бога моли се, да ни дарува голема милост.

СВЕТИТЕ БЕСРЕБРЕНИЦИ КУЗМАН И ДАМЈАН

(Свети Врачи – 1/14 ноември)

Глас осми: Свети бесребреници и чудотворци, Козмане и Дамјане, нашите слабости посетете ги, дарови добивте, дарови давајте ни.

СОБОР НА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ

(Свети Архангел – 8/21 ноември)

Глас четврти: Водачи на небеските војски, ние, недостојните, Ве молиме секогаш, со Вашите молитви да нè заштитите под покривот на крилјата на Вашата бестелесна слава, чувајќи нè нас што усрдно паѓаме и воскликнуваме: Од беди избавете нè како чиноначалници на небеските сили!

СВЕТИ МАЧЕНИК МИНА

( 11/24 ноември)

Глас четврти: Како собеседник на бестелесните и содружник на страдалците, преку верата собрани Те славиме, Мино, испроси мир на светот и голема милост за нашите души.

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

(Пречиста – 21 ноември/4 декември)

Глас четврти: Денес е почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите го предвестува. Нејзе и ние велегласно ѝ извикуваме: Радувај се, исполнување на промислата на Создателот!

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

(25 ноември/8 декември)

Глас четврти: Со зборови си ги упатил народите во верата Божија; со делата си се издигнал, преблажене, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат верно кон Тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме Твојот божествен спомен, Клименте.

СВЕТА ВАРВАРА

(25 ноември/17 декември)

Глас осми: Света Варвара да ја почитуваме, зашто ѓаволските мрежи, Сечесната, ги искина и како птица од нив се ослободи со помошта и оружјето на Крстот.

СВЕТИ НИКОЛА

(6/19 декември)

Глас четврти: Вистината на сè како правило на верата, образец на кротоста и учител на воздржливоста Те покажа на стадото Твое; заради тоа си го придобил со смирението – возвишеното, а со сиромаштвото – богатството; оче свјаштеноначалниче Никола, моли го Христа Бога да ги спаси нашите души.

СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ

(23 декември/ 5 јануари и 20 јуни/3 јули)

Глас четврти: Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот; живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизаваш и безбојното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас со Твоите молитви избави нè од искушенија.

СВЕТИ СПИРИДОН ЧУДОТВОРЕЦ

(12/25 декември)

Глас први: Богоносен Спиридоне, оче наш, си се покажал како бранител и чудотворец на Првиот собор. Ти од гроб мртовец си извикал и змија во злато си претворил, и кога си пеел молитви, сослужители ангели си имал, пресвети. Слава на Оној што Ти дал сила, слава на Оној што Те овенчал, слава на Оној што преку Тебе на сите им дава исцеление.

РОЖДЕСТВО НА НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Глас четврти: Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлина на знаењето; во неа, пак, оние што им служеа на ѕвездите од ѕвездата се учеа Тебе да Ти се поклонуваат, Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините, Господи, слава Ти.

Кондак, глас трети: Дева денес Го раѓа Оној што постоел од секогаш и земјата на Недостапниот пештера му принесува. Ангелите со пастирите Го прославуваат, а мудреците со ѕвездата патуваат, зашто заради нас се роди Дете младо, Превечниот Бог.

СВЕТИ ПРВОМАЧЕНИК И АРХИЃАКОН СТЕФАН

(27 декември/9 јануари)

Глас четврти: Првомаченику Христов и апостолу, содобар подвиг си се подвизавал и си го изобличил безбоштвото на мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога Му се молеше, извикувајќи: Господи, не замај им го ова за грев!

НОВА ГОДИНА – ОБРЕЗАНИЕ НА ГОСПОДА ИСУСА

(Василица – 1/14 јануари)

Глас први: Ти што седиш во висините на огнозрачен престол со Беспочетниот Отец и Божествениот Твој Дух, си благоволил да се родиш на земјата од Девојка, недопрена од маж, Твоја Мајка, Исусе. Поради тоа, си бил и обрезан како човек осмодневен. Слава на Твојатасеблагаодлука;слава наТвојата грижа; слава на Твојата милост, единствен Човекољупче.

СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ

(Василица – 1/14 јануари)

Глас први: Твојата проповед се рашири по целата земја; таа го прими Твоето слово, со кое божествено учеше; си ја објаснил суштината на сè што постои; човечките обичаи си ги украсил, небеска светлино, оче преподобен, моли го Христа Бога да ги спаси нашите души.

СВЕТО БОГОЈАВЛЕНИЕ

(Водоци – 6/19 јануари)

Глас први: Кога во Јордан се крштеваше, Господи, се потврди поклонувањето на Света Троица: гласот на Оца сведочеше за Тебе и Те нарече Свој сакан Син; и Духот, во вид на гулаб, ја потврди вистината на Тоа сведоштво. Се јави, Христе Боже, и го просвети светот, слава Ти.

СВЕТИ ПРОРОК ПРЕТЕЧА И КРСТИТЕЛ ЈОВАН

(7/20 јануари)

Глас втори: Претечо, споменот за праведникот е во пофалбите, а Тебе Ти е достатно сведоштвото на Господа. Навистина си се покажал најславен меѓу пророците, зашто си се удостоил во брановите да го крстиш Проповеданиот. Страдајќи за вистината, и на оние во адот со радост им го објави Бога, Кој се јави во тело, земајќи го гревот на светот и нам давајќи ни голема милост.

СВЕТИ АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ

(18/13 јануари)

Глас трети: Свештеноначалнику Атанасиј, Ти си бил тврдина на Православието и со божествените догмати си ја утврдил Црквата. Си проповедал дека Синот е едносуштен со Отца и си го посрамил Арија. Оче преподобни, моли го Христа Бога да ни дарува голема милост.

СВЕТИ ТРИ СВЕТИТЕЛИ

(30 јануари/12 февруари)

Глас први: Три најголеми светители на трисолнечното Божество ја просветија вселената со лачите на божествените догмати. Овие медоточни реки на премудроста сите созданија со водите на богопознанието ги напоија. Василиј Велики и Григориј Богослов, со славниот Јован – златоговорливиот јазик, сите ние собраните ги љубиме, поклонувајќи им се, со песни ги почитуваме. Зашто тие за нас на Светата Троица секогаш се молат.

СРЕТЕНИЕ ГОСПОДОВО

(2/15 февруари)

Глас први: Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од Тебе изгреа Сонцето на правдата – Христос нашиот Бог, Кој ги просвети оние што беа во мракот. Весели се и ти, старче праведен, зашто си Го примил во прегратките Ослободителот на нашите души, Кој ни дарува воскресение.

СВЕТИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ХАРАЛАМПИЈ

(10/23 февруари)

Глас четврти: Господи, Твојот маченик Харалампиј во своето страдание примил негнилежен венец од Тебе, нашиот Бог; имајќи ја Твојата сила, ги победи мачителите, а ја скрши и немоќната смелост на демоните. По молитвите негови, спаси Ги нашите души.

СВЕТИ МАЧЕНИК ГЕОРГИЈ КРАТОВСКИ

(11/24 февруари)

Глас четврти: Од рана возраст со света желба на Господа си Му се предал, со сета душа Христа Единиот си Го засакал и Него, Кој е вистинскиот Бог во Троица почитуван, пред нечестивите Турци си Го проповедал. Со венец маченички си се украсил, славен, и кон небеските жители си се придружил. Премудри Георгиј, моли го Христа Бога да ја чува татковината Твоја и да ги спаси православните и градот, кои секогаш ги прославуваат Твоите подвизи.

СВЕТИ ЧЕТИРИЕСЕТ МАЧЕНИЦИ

(9/22 март)

Глас први: Со страдањата на светите, кои за Тебе пострадаа, биди умолен, Господи, и сите наши болести, Ти се молиме, исцели ги, Човекољупче.

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ

(Благовец – 25 март/7 април)

Гласчетврти: Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува син на Дева и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богородица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!

СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ

(Ѓурѓовден – 23 април/ 6 мај)

Глас четврти: Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомачени­ку Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.

СВЕТИ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАРКО

(25 април / 8 мај)

Глас трети: Откако се научи кај врховниот Петар, си бил апостол Христов и како сонце си засветлил на сите страни, блажен, бидувајќи украс на Александрија. Преку Тебе Египет се ослободи од измамите, како светол столб црковен со твоето евахгелско учење сите ги просвети. Затоа Твојот празник го почитуваме и радосно ликуваме, богогласен Марко, моли Го од Тебе проповеданиот Бог дани даде прошка на гревовите на нашите души.

СВЕТИ РАМНОАПОСТОЛНИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, УЧИТЕЛИ СЛОВЕНСКИ

(11/24 мај)

Глас четврти: Богомудри Кириле и Методиј, еднакви по дух со апостолите и учители на словенските земји, Владиката на сите молете Го словенските народи да ги утврди во Православието и едномисле­носта, да го смири светот и да ги спаси нашите души.

СВЕТИ РАМНОАПОСТОЛНИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА

(21 мај / 3 јуни)

Глас осми: Господи, откако го виде на небото знакот на Твојот Крст, слично на Павле, не од луѓе беше повикан Твојот апостол меѓу царевите, престолниот град во Твои раце го предаде, па, по молитвите на Богородица, секогаш чувај го во мир, единствен Човекољупче.

СВЕТИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ЕРАЗМО ОХРИДСКИ

(2/5 јуни)

Глас четврти: Мудар, Твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички. Пролевајќи ја крвта своја маченичка, си се удостоил со вечна награда и стоејќи пред Светата Троица, се молиш за нас, кои Те прославуваме.

РОЖДЕСТВО НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

(24 јуни / 7 јули)

Глас четврти: Пророку и претечо на Христовото доаѓање, ние, што со љубов Те почитуваме, не знаеме како подостојно да Те прославиме. Со Твоето славно и чесно раѓање се разреши неплодноста на родилката и безгласноста на татко ти, а на светот му се проповеда овоплотувањето на Синот Божји.

СВЕТИ АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ

(Петровден – 29 јуни / 12 јули)

Глас четврти: Првопрестолен меѓу апостолите и учители на вселената, молете Го Владетелот на сите да ѝ даде мир на вселената, а на нашите души – голема милост.

СВЕТИ ПРОРОК ИЛИЈА

(Илинден – 20 јули / 2 август)

Глас четврти: Ангел во тело, столб на пророците, втор претечанаХристовото доаѓање, Илијаславен, откако одозгора му испрати благодат на Елисеј, овој болести прогонуваше и прокажени очистуваше. Затоа на оние што го почитуваат им дава исцеление.

СВЕТИ СЕДМОЧИСЛЕНИЦИ

(27 јули / 9 август)

Глас први: Со пофалбени венци да ги овенчаме славните Седмочисленици, кои како светила блеснаа и Триединиот Бог ни го благовестеа: Кирила со Методија, Климента, Наума со Сава и Горазда со Ангеларија. Цврсти столбови на Црквата и боговдахновени заштитници на нашиот збор; прогонувајќи го бесовското незнабожечко учење од нас, на Христа Бога молете се да ја утврди нашата Црква и да им дарува на нашите души мир и голема милост.

СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ПАНТЕЛЕЈМОН

(27 јули / 9 август)

Глас трети: Страдалнику свети и лекару Пантелејмоне, моли Го милостивит Бог да ни дарува прошка на гревовите на нашите души.

СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ НА ГОСПОДА ХРИСТА

(6/19 август)

Глас седми: Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици славата Твоја, колку што можеа ( даја видат). По молитвите на Богородица и нас грешните да нè осветли Твојата вечна светлина. Слава Тебе, Дарителу на светли­ната.

УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

(Голема Богородица – 15/28 август)

Глас први: Богородице, и во раѓањето си го сочувала девството, а по своето успение не си го оставила светот, туку си се преселила во живот. Мајко на Животот, и со твоите молитви ги избавуваш од смртта нашите души.

СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ

(16/19 август)

Глас први: Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел во тело и чудотворец.Откакопрекупост,бдениеи молитва прими небески дарови, Ти ги лекуваш болните и душите на оние што со вера Ти пристапуваат. Слава на Оној што Ти дал сила; слава на Оној што Те овенчал; слава на Оној што преку Тебе сите ги лекува.

СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ТЕОДОР

(Првата сабота од Велигденскиот пост)

Глас втори: Голем бранител на верата, во изворот на пламенот, како во мирна вода да е, светиот маченик Теодор се радуваше. Изгорен од огнот, како сладок леб ѝ се принесе на Троица. По неговите молитви, Христе Боже, спаси ги нашите души.

ЛАЗАРЕВА САБОТА

(Свети Лазар)

Глас први: Христе Боже, за да нè увериш во општото воскресение, пред Твоите страдања, го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, носејќи како децата знаци на победата, Ти викаме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што иде во името Господово!

ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО

(Велигден)

Христос воскресе из мертвих, смертију смерт поправ, и суштим во гробјех живот даровав.

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи и на тие во гробовите живот им даде.

ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО

(Спасовден)

Глас четврти: Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Син Божји, Избавителот на светот.

СВЕТА ПЕДЕСЕТНИЦА

(Духовден)

Глас осми: Благословен си, Христе Боже наш, Ти ги направи премудри риболовците, испраќајќи им го Светиот Дух; преку нив ја улови вселената, Човекољупче, слава Ти.

Virtual Macedonia

Virtual Macedonia

Republic of Macedonia Home Page

Here at Virtual Macedonia, we love everything about our country, Republic of Macedonia. We focus on topics relating to travel to Macedonia, Macedonian history, Macedonian Language, Macedonian Culture. Our goal is to help people learn more about the "Jewel of the Balkans- Macedonia" - See more at our About Us page.

Leave a comment || Signup for email || Facebook |Twitter
History || Culture || Travel || Politics

Subscribe to VM via Email

Enter your email address to subscribe to Virtual Macedonia and receive notifications of new posts by email.

Explore Macedonia

Pin It on Pinterest

Share This

Help others LEARN about MACEDONIA!

Share this post with your friends!