Имало една стара, га неќеле дома, снаата га нејќела. Била зима, снег многу, и снаата и рекла: “На ти кошницава да идеш у планина да ми донесеш јагоде”. Бабата рекла : “Кај ќе најдем сега јагоде, има многу снек? “”Ќе најдеш, кај ќе најдеш, земи кошницава и ќе идеш “.
И бабата таќе, га зела кошницата и тргнала у планина. Ишла, ишла, ишла и удубила у планина и видела таму негдека некој оѓин да гори, светело нешто ка оѓин, и па ишла, ишла, отишла кај огнот.
Туе имало колиба, у колибата имало, биле месеците, дванаесе месеца у колибата. и она, бабата рекла: “Добровечер ” “Добро ти бок, бабо:, што мука имаш што си дошла? ” “Е бре синко, што мука, имам една снаа многу лоша, ме испрати у планина по јагоде, а кај ќе најдем јагоде сеа, еве не е време да берем јагоде, сеа има снек “.
И станау децембар, па јануар, и рекоу: “А мори бабо, што збори народот, толку снек што нападнау? “”А бре синко, многу убо :, деца се лизгаа, со топке се гаѓаа, за децата радос “. Таќе бабата ништо лошо не рекла. и станау јуни, пред него мај : “Ела, бабо :, мие ќе ти дадемо јагоде “.
Зеле и дале јагоде нејзе, и наполниле кошничето со јагоде и је рекле : “Ај бабо :, со зравје оди си, од устата да ти излагаа све златници, сребреници, ти добра душа си имала, ај оди сеа.
Дошла дома жената, кој видела снаата јагоде носи полна кошница, кој збори паре од уста и паѓаа, жолтице, и рекла: “Ја и мајка ми ќе га пратим “.
И зела мајка е, га пратила, ишла и ги нашла нив, месеците. Ама кој почнале да га прашуа нега за зимата, она све лошо зборела, викала: “грга народот, од зимата им студи “, и ова, она, све најлошо. и тога месеците рекле : “Е ајде од устата све змие и смокоој_ да ти излагаа “. Ни јагоде и дале, ни ништо. И кој дошла дома, смокоој, змие, жабе и излагаа од устата.
И таќе, кој прае лошо, ќе најде неарно.
Virtual Macedonia
Republic of Macedonia Home Page
Here at Virtual Macedonia, we love everything about our country, Republic of Macedonia. We focus on topics relating to travel to Macedonia, Macedonian history, Macedonian Language, Macedonian Culture. Our goal is to help people learn more about the "Jewel of the Balkans- Macedonia" - See more at our About Us page.
Leave a comment || Signup for email || Facebook |
History || Culture || Travel || Politics