Traditional Macedonian folk songs with text and music. Please click on the title to view the text and music.
ПАРАХОДОТ
Параходот веќе пристигна
Збогум либе подај рака
Не плачи мило либе,не жалај
Јас пак ќесе вратам
Очите ти насолзени
Усните ти насмеани
Не плачи мило либе,не жалај
Јас пак ќе се вратам
Ја земи си бело крпе
Избриши си црни очи
Не плажи мило либе,не жалај
Јас пак ќе се вратам
КАЛЕШ АНЃА
Ајде слушај,слушај
Калеш бре Анѓо
што тамбура свири
Тамбурата свири
Калеш бре Анѓо
Анама да станеш
На сарај да седиш
Калеш бре Анќо
Жолтици да броиш
Калеш бре Анѓо
Бисери да нижеш
Ајде слушај,слушај
Клето бре Турче
Анама не бивам
Анама не бивам
Клето бре Турче
Турски не разбирам.
СИ ЗАЉУБИВ ЕДНО МОМЕ
Си заљубив едно моме
Од малечко до големо
Дојде време да го земам
Оф аман,аман,падна моме се разболе
Јас отидов да ја видам
Ми побара понадица
Ми побара понадица оф аман,аман
Суво грозје,жолта дуња
Кога дојдов да ја земам
Сратнав моме на носило
Бело лице потемнето оф аман,аман
Црни очи затворени.
МОРЕ СОКОЛ ПИЕ
Море сокол пие
Вода на Вардарот.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.
Море ој соколе,
Ти јуначко пиле.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.
Море нели виде
Јунак да помине,
Јунак да помине,
С’девет лути рани.
Јане,Јане ле бело грло,
Јане,Јане ле кротко јагне.
Јунак да помине
С’девет лути рани,
С’девет лути рани,
Сите куршумлии.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.
А дестта рана,
Со нож прободена.
Јане,Јане ле бело грло
Јане,Јане ле кротко јагне.
НЕ СЕ БЕЛИ МАРЕ МОРИ
Не се бели Маре мори,не се црви
Не се толку Маре дотерувај
Ми се смеат Маре мори комшиите,
Комшиите Маре,еснафите
Во кого си Маре мори погледала
Секому си Маре болест дала
Кому два дни Маре мори,кому три дни ,
А на мене Маре три години
Ме направи Маре мори,суво дрво,
Суво дрво Маре,јаворово
Земи оган Мрае мори,запали ме
Запали ме Маре,изгори ме.
ДАФИНО ВИНО ЦРВЕНО
Дафино вино црвено
Момчето ти е заспало
На Кара-камен планина
На сува рида без вода
Ми поминале ајдуци
Гуњчето му го украле
Гуњчето му го украле
Во меана му го продале
Во меана му го продале
За бела лута ракија
Ај за бела лута ракија
За рујно вино црвено
Ако му го зеле гуњчето
Нека ми е живо момчето
Нека ми е живо момчео
Друго ќе гуњче најдеме.
УЧИ МЕ МАЈКО,КАРАЈ МЕ
Учи ме мајко,карај ме
Како да ја земам Љиљана
Љиљана мома убава
Љиљана бела и црвена
Љиљана ситен босилек
Љиљана цвеќе шарено
Љиљана една на мајка
Учам те сине,карам те
Повикај триста мајстори
Направи чешма шарена
Наврати вода студена
Сите селани ќе дојдат
И Љиљанини другачки
Ем,сите калеш невести
Белким Љиљана ќе дојде
Послушал Стојан мајка си
Повикал триста мајстори
Направил чешма шарена
Навратил вода студена
Сите селани дојдоа
И Љиљанини другачки
Ем, сите калеш невести
Кучка Љиљана не дојде.
ДАВАЈ МЕ МИЛА МАМО , ДАВАЈ МЕ
Давај ме мила мамо,давај ме,
За тоа мила мамо циганче.
Аман ,оф аман ,мила мамо,
Тоа циганче.
Устата му е мамо ,кутивче,
Забите му се мамо ,бисери.
Аман ,оф аман ,мила мамо,
Заби-бисери.
Куќата му е мамо ,колиба,
За мене ,мила мамо ,палата.
Аман ,оф аман ,мила мамо,
За мен’-палата.
Дење го гледам мамо ,циганче,
Ноќе го гледам мамо,галабче.
Аман ,оф аман ,мила мамо,
Ноќе-галабче.
СРЦЕ МЕ БОЛИ
Срце ме боли ќе умрам
Јандум аман од мерак за Трпана
Сите градови ги шетав
Јандум аман како тебе не најдов
Па си се вратив в Тетово
Јандум аман да си га видам Трпана
Ако ме сакаш,сакај ме јандум аман
Ако ме нејќиш кажи ми.
Ако ме нејќиш кажи ми,јандум аман
Да си го тражим чарето.
ДАЛИ ДУМАШ ЛИБЕ
Дали думаш либе,
Да ли паметуваш,
Кога бевме мило либе,
Двајце не прошетка.
Нели ми велеше,
Нели се колнеше,
Јас не љубам друго либе,
Само тебе душо.
Земи си ножето ,
Распарај срцето,
Таму ќе си најдиш либе,
Две срца вљубени.
Ах,колку е мачно,
Ах,колку е мачно,
Јас да те љубам либе,
А друг да те земи.
СЕ ЗАПАЛИ ПИЛЕ ТРЕНО
Се запали пиле Трено одајчето
Одајчето пиле Трено варосано
Не ми е жал пиле Трено за одајчето
Тук ми е жал пиле Трено за чекмеџето
Внатре беа пиле Трено тапиите
Тапиите пиле Трено од ливадите.
ГО ФАТИЛЕ КЛЕТИ ТУРЦИ
Го фатиле клети Турци,
Едно моме најубаво,
Го фатиле клети Турци,клети Турци
Најубаво во селото.
Му врзале двете раце,
Двете раце наопаку,
Му врзале двете раце,двете раце
Двете раце нопаку.
Кажи,кажи лично моме
Кај се крие Гоце Делчев?
Кажи,кажи ,лично моме,малој моме,
Кај се крие Гоце Делчев?
И да умрам клети Турци,
Јас за Гоце не кажувам!
И да умрам клети Турци,клети Турци,
Јас за Гоце не кажувам.
АЈДЕ ДАЛИ ЗНАЕШ ПАМЕТИШ МИЛИЦЕ
Ајде дали знаеш паметиш Милице
Кога си бевме малечки де-еј
Кога си бевме малечки Милице
Ај кога се двајцата љубевме
Ај кога се двајцата љубевме Милице
Во чичовото градинче де-еј
Во чичовото градинче Милице
Ај кај шарените цвеќиња
Ај кај шарените цвеќиња Милице
Трендафил цвеќе цутеше де-еј
Трендафил цвеќе цутеше Милице
Ај на градите ти паѓаше
Ај на градите ти паѓаше Милице
Ти на скутот ми спиеше де-еј
Ти на скутот ми спиеше Милице
Ај тогаш ти лице целував
Ај тигаш ти лице целував Милице
Лице ти беше спокнато де-еј
Лице ти беше спокнато Милице
Ај на срце оган то гореше
Ај на срце оган ти гореше Милице
Ти мене жално ме гледаше де-еј
Ти мене жално ме гледаше Милице
Ај од очи солзи ронеше.
АБЕР ДОЈДЕ ДОНКЕ
Абер дојде Донке од кулата
Од кулата Донке од агата
Да ги збериш Донке аргатите
Аргатите Донке невестите
Ќе жнееме Донке куси јачмен
Куси јачмен Донке до колена
Они ќе јадат Донке лук и вода
Ти ќе јадеш Донке рудо јагне.
АЈДЕ МИЛКЕ ДА БЕГАМЕ
Ајде Милке да бегаме ,
Наше село Малешево
Милкано,мори моме убаво
Наше село Малешево
Од три страни сонце грее,
Од три страни сонце грее
Од четврта-месечина
Милкано,мори моме убаво
Наше село Малешево
Три пати се жетва жнее
Три пати се жетва жнее
Два пати се грозје бере
Милкано,мори моме убаво..
ДЕЈГИДИ ЛУДИ МЛАДИ ГОДИНИ
Дејгиди луди млади години,
Летнавте како сиви галаби.
Паднавте во момини дворови,
Скокнавте на момини скутови.
Барем се ерген мамо нашетав,
Низ таа влашка земја богата.
Влаинки моми мамо ,заљубив,
И кара влашки моми мамо ,невести.
АНТИЦЕ ЖАЛНА ДУШИЦЕ
Антице жална душице,
Ај што пусти к’смет си немала
И на твојата убавина,
И на твојата личотија.
Не жале Анте,не плачи,
Не рони солзи крвави,
Не жали Анте,не плачи,
Не расипуј си го лицето.
Сестра ти поголема се омажи,
А ти поголема-несвршена.
Ти момче стројник ми испрати,
Тебе ми те прве ппосакаја.
На душа ми те зедоја,
Мајка ти али татко ти.
Не жали Анте,не плачи
Не рони солзи крвави,
Не жалли Анте,не плачи,
Не расипуј си го лицето.
На стројникот што му рекоја,
Антица ни е потсвршена,
Антица ни е потсвршена,
За Димитрија Робета.
Ако ја сакаш малата,
Малата кира-Василикија.
Не жали Анте,не плачи,
Не рони солзи крвави,
Не жали Анте,не плачи,
Не расипуј си го лицето.
ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ
Послушајте патриоти,
Да ви кажам словото:
“На Ѓурѓовден бев затворен,
В црни темни зандани.
Во зандани бев затворен,
Од проклети шпиони.
Од проклетите шпиони,
Неразбрани трговци.
Немојте да ме мачите ,
Јас сум невин како цвет.
Сум се борел за слобода,
За човечки правдини.
Ах ,да знае мојта мајка,
Гробот да ми ископа.
Гробот да ми го ископа ,
Спрема јасното сонце.
И на него да напише,
Тук почива маченик.
Тук почива Александро,
Кара-Ѓуле Охридски.”
ВИНО ПИЈАМ , ЕМ РАКИЈА
Вино пијам ,ем ракија
Коња јавам,аџамија.
Коњ ме шета горе-доле,
Горе-доле низ тоа поле.
Ме однесе в ладна меана,
Во меана до три моми.
Прва точи,другата носи,
А третата мене ме гледа.
Па ја качив на коњчето,
Ја однесов право дома.
БРАЛА МОМА КАПИНИ
Брала мома капини,
Во попови Градини,
Брала мома капини,
Во попови градини,
Оф аман,аман,аман.
Оздол иде падарот,
И на моме говори,
Постој моме,почекај,
Да ти кажам два збора,
Оф аман,аман,аман.
Не í кажа два збора,
Тук ја фана за рака,
Не í кажа два збора,
Тук ја фана за рака,
Оф аман,аман,аман.
А бре чичко падаре,
Јас сум попова внука,
Ак’си попова внука,
А што бараш ти тука,
Оф аман,аман,аман.
АЈ ДА БЕГАМЕ , МОРИ ВАСЕ
Ај да бегаме ,мори Васе,
Ај ,да бегаме,
Ај ,да бегаме в града Солуна.
Там ќе најдеме ,мори Васе,
Там ќе најдеме,
Там ќе најдеме ,мома Спасија,
Мома Спасија ,болна легнала.
Ми повикала ,мори Васе,
Ми повикала,
Ми повикала ,до три доктора.
Први и вели ,мори Васе,
Први и вели,
Први и вели-не се лекува,
Втори и вели-од мерак лежи.
Трети и вели ,мори Васе,
Трети и вели,
Трети и вели-јас ќе ја лекувам,
Јас ќе ја лекувам и ќе ја земам.
БОГ ДА БИЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА
Бог да бие ,кој прв почна,
Кој прв почнада ми оди на печалба,
На печалба ,мило либе-Америка.
Три години ,без работа,
Без работа ,мило либе ,ем ,без пари.
Параходот веше пристигна,
Пари немам ,мило либе да се качам.
Ако сакаш да си дојдам,
Продај си го ,мило либе ,ѓерданчето.
Ако не стаса ѓерданчето ,
Продај си го елечето.
Праќај пари мило либе ,да си дојдам.
БОГ ДА ГО УБИЕ МАМО
Бог да го убие мамо,бог да го убие,
Комшичето мамо ,терзичето ,леле,
Комшичето ,мамо ,терзичето.
Тесно ми го скрои мамо ,тесно ми го скрои,
Елечето мамо ,џамаданчето ,леле,
Елечето мамо ,џамаданчето.
Оф ,аман ,оф ,љубов,
Оф ,тенка половина ,за комшичето ,леле,
Оф ,тенка половина за комшичето.
Тесно ми го скрои мамо ,поарно ми стои,
Елечето мамо ,џамаданчето ,леле,
Елечето мамо ,џамаданчето.
Оф аман ,оф ,љубов,
Оф ,тенка половина ,за комшичето ,леле,
Оф ,тенка половина ,за комшичето.
Дај ме мори мила мамо ,дај ме мила мамо,
За комшичето мамо ,за терзичето ,леле,
За комшичето мамо ,за терзичето.
Оф ,аман ,оф ,љубов,
Оф ,тенка половина ,за комшичето ,леле,
Оф ,тенка половина ,за комшичето.
АЈ ЗАСВИРЕТЕ МИ ЧАЛГИИ
Ај засвирете ми чалгии,
Една песна мераклиска,
Да се сетам на младоста,
Да се врати в срце радоста.
Свирете ми чалгии,
Свирете ми сî од срце,
празник ми е на душава,
Денес плчам за младоста.
Ај засвирете ми чалгии,
Една песна како животот,
очи ,солзи да наполнат,
душа моја да олеснат.
Свирете ми чалгии,
Свирете ми сî од срце,
Празник ми е на душава,
Денес плачам за младоста.
ЕЛЕНО ЌЕРКО
Елено ќерко ,Елено,
Ти една на мајка,
Што стоиш ќерко ,што мислиш,
Што книга пишуваш.
Пишувам мајко ,пишувам,
Во грдот Едрене,
Едрене мајко ,Едрене,
На моето либе.
Да купи мајко ,да купи,
За мене капела,
Капела ,мајко ,капела,
Од триста гроша.
Republic of Macedonia Home Page
Here at Virtual Macedonia, we love everything about our country, Republic of Macedonia. We focus on topics relating to travel to Macedonia, Macedonian history, Macedonian Language, Macedonian Culture. Our goal is to help people learn more about the "Jewel of the Balkans- Macedonia" - See more at our About Us page.
Leave a comment || Signup for email || Facebook |
History || Culture || Travel || Politics
The church is home to the richest preserved medieval fresco ensemble in the region of…
The letter A is the first letter in the Macedonian Alphabet
The Church Holy Virgin Of Pestani is one of the most visited cave churches in…
This website uses cookies.